|
|
СДСМ пред нов пораз на парламентарните избори |
Најновата анкета на Институтот „Павел Шатев“ покажа дека расположението на народот не се сменило и дека ВМРО ДПМНЕ има убедлива предност пред опозициската СДСМ. Вкупно 40,4 проценти сметаат дека ВМРО ДПМНЕ ќе победи на престојните парламентарни избори, додека за СДСМ се само 15,6 проценти. Опозициската СДСМ е свесна за вољата на народот па затоа, нивното водство е спремно да го трампа сопствениот македонски народ за албанскиот. Не случајно нивниот лидер игра на картата за двојазичност на целата територија на земјата. Анкетата на Институтот Павел Шатев е одраз не само на лошата политика во минатото, туку и на негативната кампања која раководството на СДСМ долго време ја води. Втурнувањето на земјата во политчка и безбедносна криза, како и навредите кои опозицијата ги упатуваше со години кон сопствениот народ од типот глупав, стока, прост, неписмен и слично, сега резултираат со недоверба кон СДСМ и раководството предводено од лидерот Зоран Заев. Впрочем македонскиот народ нити е глупав, ниту заборава. Едноставно тој не може да заборави на отпуштањата од работа, на мизаријата во која ги држеше раководството на СДСМ додека беа на власт, на нивните неисполнети ветувања, но и на навредите кои таа ги упатува кон сопствениот народ. Народот не верува на партија која го доведе во прашање името и идентитетот на Македонецот. Но, затоа народот верува во раководството на ВМРО ДПМНЕ кое откако дојде на власт во 2006 година па до денес даде конкретни резултати и драстично ја смали невработеноста. Тој верува во раководството на ВМРО ДПМНЕ кое Македонија ја препороди и стана вистинска брана која го штити идентитетот и името на Македонецот. Впрочем, за разлика од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ е партија која одамна ја напушти негативната кампања и сите предизборни ветувања во најголем дел ги исполни. Проектите кои ги промовираше и реализираше владеачката партија дадоа резултати, Се подобри економската состојба во земјата, се инвестира и се гради на сите страни, се вработува. Народот во Македонија го гледа, го чуствува и го цени тоа. Тој не сака да се врати во минатото, во кое СДСМ не понуди ништо друго освен нестабилност на земјата, сиромаштија за најголем дел од населението и енормно збогатување на еден мал одбран слој на црвената елита. Истовремено, народот во Македонија не гледа нешто ново кај социјалдемократите, било тоа да е нова програма, нови проекти кои уште повеќе би го подобриле нивниот живот. Тој не гледа способно раководство и нема доверба дека и тоа минимално што го ветуваат може да го оствари. Напротив гледа партија која за да дојде на власт созадава политичка и безбедносна криза. Отука потекнуваат минималниот рејтинг на СДСМ и огромните разлики во речиси сите релевантни анкети во корист на ВМРО ДПМНЕ. Свесни за расположението на народот, само за да се дојде на власт, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заигра на опасна карта и доколку продолжи со политиката на ветување за воведување на албанскиот јазик на целата територија, која води до федерализација на земјата и нејзина поделба, директно работи против државните интереси. Разгорувањето на меѓуетничките тензии, лесно може да провоцира сериозна војна која може да го зафата целиот регион. Токму, ваквата политика ги загрижува и македонските граѓани и етничките албанци кои го претпочитаат мирот и стабилноста на земјата. Тие не сакаат да се вратат во мрачното време и затоа народот ќе гласа против деструктивната политика на социјалдемократите. Рејтинзите на двете најголеми македонски партии речиси се исти веќе подолг временски париод. Тие укажуваат дека СДСМ се наоѓа пред нов пораз на парламентарните избори закажани за 11 декември 2016 година. Тоа го тера раководството на СДСМ на драстични методи кои би ги довеле на власт. Доколку тоа не е можно, тогаш или нема да ги признаат изборните резултати или повторно да ги избегнат. Во сето ова СДСМ има поддршка од СЈО, невладиниот сектор платен од Сорос и дел од меѓународната заедница кои заедно работат на рушење на македонските институции. Целта е да го затворат македонското прашање со уништување на македонската држава. Сепак, доколку меѓународните мешетари дозволат да се одржат избори и истите ги признаат, СДСМ ќе биде збришан од политичката сцена. Тоа го покажуваат анкетите во кои во континуитет ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски имаат драстично поголем рејтинг отколку СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев. |