|
|
Победа за животот,односно победа за спас на сопствената кожа |
Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп Најгодемата опозициона партија СДСМ на чело со аболицираниот лидер Зоран Заев, алијас Бошко Буха, на еден помпезен начин со многу еуфорични слогани за победа на претстојните вонредни парламентарни избори го одржа својот тематски конгрес на партијата под мотото "План за Македонија" Првите зборови на аболицираниот лидер Зоран Заев, алијас Бошко Буха беа дека на 11 декември оваа година Македонија нема да слави победа на СДСМ, нема да го слави падот на режимот бидејќи тој е веќе паднат, граѓаните истиот го турнаа. На 11 декември ќе го славиме животот. Тоа е во ред најголемиот опозиционен лидер пред своите членови пред новите изборни соочувања против актуелната владејачка гарнитура на чело со ВМРО ДПМНЕ и нејзинкот ревносен лидер Никола Груевски која една деценија 9 пати едно по друго ја чувствува сласта на победата да најави дека конечнс режимот во нашата земја ќе падне и на таргетираниот датум 11 декември 2016 година ќе го славиме животот. Зоки уште на самиот почеток правиш со спортски жаргон кажано кардинална грешка во чекори. Зоки зошто на конгресот го повика твојот мецена и воедно партиски другар Бранко Црвенковски? 3наеме дека тој ти е другар и со медицински речник кажано тој ти е лева и десна преткомора. Но, Зоки точно во времето на владеењето на мецената Бранко Црвенковски македонскиот електорат на своја кожа го почувствува најголемата мафиоашкоо - расипничка политика во 25 годишното опстојување на Република Македонија како самостојна држава. Под палката на Црвенковскипри крајот на 90-тите години од минатиот век се случи најголемиот грабеж каде на баскрупулозен начин се изврши најголемиот "арамилук" со продажбата по багателни дампинг цени на тогашните претпријатија со општествен капитал. Како кула од карти пропадна пирамидалната штедилница ТАТ од Битола каде пропаднаа милконски заштедени сум во тогаши марки на голем број на македонски граѓани. Ветениот октопод од страна на Црвенковски се уште нема свој крај. Најголемата лага на Црвенковски беше на митинзите за тогашните редовни - парламентарни избори во сега далечната 2002 година. Во оваа прилика само да Ве потсетам дека Црвенкоски нагласуваше: "На 15-ти септември овој народ ќе ја земе судбината во свои раце”. Црвенковски ветуваше вработување на барем еден член од секое семејство. Не поминираа преку 600 судии во сите Судови во Република Македонија. Сума сумарум 4- губитнички потези на мецената Б.Ц. Зоки која е твојата победа за живот? Дали тоа ќе биде победа да се ослободиш од сите твои кривични дела за кои треба да одговараш пред судските органи во вепублика Македонија. Да одиме таксативно по ред. Во 2008 година аферата наречена струмички "Глобал" со проверка на милионска сума на евра. Награда за тебе беше аболицијата к.оја ти ја даде тогашниот Претседател на Република Македонија, Г-динот Бранко Црвенковски. Второто дело е твоето кукавичко и шлионско делување каде со снимени телефонски разговори со локални и функционери од извршната власт сакаше во буквална смисла на зборот со помош на меѓународно медијаторство на зелена маса да дојдеш преку ноќ на власт. Зоки Македонија е демократска земја и единствено само за избори може да се дојде на власт. Добро е да се има силна опозиција која ќе биде секогаш коректив на власта и со една добро обработена програма на избори да го убеди македонскиот електорат да го даде гласот токму за Вас и Вашата партија во целина. Трето Ваше кривично дело е барање на поткуп од 200.000 евра на локален бизнисмен за легализација на државно земјиште. Зоки актуелната владејачка гарнитура секоја година ја зѓолемува најниската плата. Се вложува во инфра структурни проекти. Најмногу се вложува во патната инфраструктура. Во сите градови се отвораат слободни економски зони каде катадневно влегува свеж странски капитал. Се вложуваат финансиски средства во здравството и образованието. Со финансиска инфузија на Владата се овозможува вработување на млади лица до 29 годишна возраст да отворат свој бизнис. Пензионерите ќе добијат покачување од 5% на своите пензии започнувајќи од ноемвриската пензија. На крајот Зоки немој да зборуваш за некоја победа на животот. Тоа, 3оки не пали кај македонскиот електорат кој истиот бара чесни политичари со издржана програма. Македонија на трнливиот пат до ЕУ и НАТО не сака да ја водат криминалци со тешки кривични дела. Тоа време Зоки помина и нема враќање назад. Единствен заклучок од твојот последен говор на тематскиот конгрес на партијата е победа за спас на сопствената кожа. |