|
|
Победа на Трамп и одговара на Македонија?! |
Незнам колку вие почитувани пратите меѓу народна политика и колку ве интересира тоа што се случува надвор од границите на Република Македонија но јас и тоа како сум заинтересиран и тоа не поради мене лично или поради нив ами поради иднината на Македонија. Дека треба да не интересира и да ни биде грижа за она што се случува во светот ни покажа и докажа и вечно опозициската СДСМ, вмешувањето на странскиот фактор и странските слуужби кои континуирано веќе две до три години пробуваат да ја рушат Македонската држава. Дали сум сигурен? Па да кога политиката е да се “удри” на црквата, економијата и идентитетот! Добро , муабетот ми е за трката помеѓу Трамп и Клинтон кој од нив двајца ќе го наследи Обама. Иако почитуваниот даде безрезервна поддршка на Клинтон како негов наследник јас сум повеќе за победа на Клинтон. Не е тајна всушност е јавна тајна дека Трамп влезе со поддршка за Македонија и Македонците додека пак Клинтон како фамилија наназад десет години нанесува штета на опшеството со своите недела кон човештвото. Ја пратев втората јавна дебата во живо помеѓу двајцата кандидати, среќен сум бидеќи мислам дека Трамп ја прегази Клинтон, буквално, со факти и докази. Она што мене ме загрижува е евентуална победа на Клинтон, жената чија фамилија соработува со СОРОС и Џорџ СОРОС, жената чии сопруг е обвинет за сексуално малтретирање, жената која прави милиони преку ноќ и се богати на грбот на напатениот народ. Всушност повеќе ме загрижува мене негирањето на Македонија од страна на Клинтон од колку нејзината политика и победа во САД. Еве, не им се мешам иако тие се зачин во секоја манџа приготвена во Македонија, само велам дека Трам е човекот со кого Македонија конечно ќе дочека “бел ден”. Ако направиме компарација, Клинтон ти е како Зоран, нејзината партија како СДСМ само што никој не си може со Македонската опозиција во порази и со “бисери” на лидерот на опозицијата! Доколку победи Клинтон, тоа е победа на тероризмот, галите и манипулациите или во превод на Македонски победа на СДСМ, нешто што и теоретски е невозможно да се случи! Апелирам до вас да следите меѓу народна политика, и тоа како е важна за нас, за нашата држава и нашата иднина. Помалку од месец дена до изборите, остана упте малку време, се надевам дека ќе се радуваме напобедата на Трамп! “Странски служби”, “Странци”, “Медијатори”, “Олеснувачи”...
|