|
|
Кога си Македонец тоа е безусловно! |
Оној кој ја сака искрено својата земја, оној кој ја чувствува судбината на својот народ, оној кој знае да се идентификува по националност и цврсто да застане и да каже со гордост, ДА ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ- тој е Македонец и сиромав и богат, тој е Македонец на сите меридијани, тој е Македонец во секој момент и во секоја капка крв која тече во неговите вени, тој е Македонец и по своите предци и по своето поколение. Генот и националната свест не се на берза, па да тргуваме со нив. Говорејќи го својот јазик, раскажувајќи и сведочејќи за Македонското време и историја, пеејќи ги песните на Македонски јазик, верувајќи во Бога, е придонес за оваа земја, за Македонија. Треба да бидете на политичка функција? Треба да работите за владата? Зарем е тоа услов да се придонесува за Македонија? Треба ли да ви платат за да бидете Македонец. Господе? Оваа земја ги има своите чеда, кои се повикани на својата Македонска мисија, да создаваат и оставаат печат. Колку Македонци го оставија печатот за Македонија во своето време за да сведочи низ вековите и да корне од душа со повик да се сочува традицијата, Македонската култура, Македонскиот идентитет. Селата ни се опустошени, некој бил доволно вреден и ни ги испразнил Македонските села и куќи, пропагандата за ,,неработење„ и ,,возот браќа тргнува„- возот кој ни ги расселуваше по белиот свет – се распадна. Сега е Македонското време кога никој неможе да ни ја сопре силата која надоаѓа како аманет да сочуваме се што е наше. Ние сме создавани со векови, постоиме и сме дадени од Бога, да не има светот како парче земја, и како народ со голем дух и љубов. Затоа браќа и сестри по земја родилка, не парчете се, оваа земја е столбот а, ние силата и моќта која треба да сочува и да гради и создава. Зарем им требаше на браќата Миладиновци услов да ја направат кирилицата и да описменуваат, зарем им требаше на Илинденците да им се кажува како се бара слобода за Македонија, зарем им требаше на амбасадорите по песна Васка, Сариевски, Тоше да освојуваат со Македонска песна, зарем им треба на спортистите кои ги бранат боите на Македонија услов? Зарем на една старица и е потребен мотив и услов да им раскажува на своите внуци за Македонија и Македонските Јунаци? Или на Митрополитот Кирил, требаше ,,некој„ да му каже како да ја сочува Македонската Православна Црква? Да се биде Македонец е безусловно!!! Ние сме како прастара книга, која ја дуваат силни ветришта и сакаат да и ги испревртат страниците, но некој толку силно ја составил и напишал, што тоа секогаш е безуспешно, тоа е духот Македонски кој постои и ги пара ноздрите на секој минувач низ оваа земја. ... Затоа да сочуваме и да создаваме. Бидејќи тоа ни е во гените и во крвта Македонска.
|