Среда, 12 Октомври 2016   
ДА ЖИВЕЕМЕ ЗАЕДНО КАКО ПРОЛЕТТА

branko-sotirovski

Автор: Бранко Сотировски
www.zetamacedonia.com

Вистината е една, од оваа вистина се започнува. Оваа вистина е вера во единствениот Бог Сонце ИЛИ, Мајката Мадон - Господарка и синот по татко Илион по мајка Македон - Господар Господ на Земјата.

Вистината е една, а таа е светото или светлото тројство содржано од Бог, Мадон и Македон.

„Нашето ПОСТОЕЊЕ во овој свет не е производ на некаква слепа случајна еволутивна сила, туку на љубовен животодавен ПОЧЕТОК.“ (Отец Ивица Тодоров)

Тој почеток Македонците од искона го чествуваат на ден XXII-ри декември, денот на ЛОМ, прекршување на денот (времетраењето на ноќта се намалува, денот се зголемува), и XXII-ри март, (рамниот ден со ноќта), денот на пролетта. Тој почеток го нарекуваат „Божја Мајка“ или Мајка на Богот. Мајката божја никогаш не е родена и никогаш нема да умре. Составена е од светло и темно, (светлината е темна, темнината е светла). Мајката го раѓа Божјиот поглед, кој се вселува во усните на мајката Елена, која ја раѓа вселена и тоа со сите сонца во неа, како едно божество, а околу секое сонце раѓа по една Земја Мадон -Господарка.

Сонцето наречено ИЛИ е нашиот татко, кој во себе го содржи СЛОВОТО. Словото е дух божји Илион - Македон, кој се наоѓа во вкупната нежива и жива материја во универзумот. Нашиот Бог Сонце ништо не создава. Tој како татко ја оплодува Земјата Мадон - Господарка, која ја раѓа вкупната жива природа наречена ИС-ИСУС со синот божји Македон во неа.

Синот божји новороденото бебе ИС, на ден XXII-ри март е младо момче наречено ЗЕТ. Зет Македон е едиствен кој го прима словото Татково - божјо, од врвовите на планините под права најкуса линија, за слава на својот Татко ИЛИ, мајката Мадон и синовите божји Македонците. Тоа предземање на словото од својот татко наречено е ПРАВОСЛАВИЕ. Оттука е почетокот на нашето постоење, денот кога Зетот го прима словото или УМОТ божји.

Тоа е суштината на нашето постоење, на народот Македонски, а тоа е сооднос помеѓу таткото, мајката и синот. Тој сооднос е ЖИВОТ, ЉУБОВ и ЖРТВА. Бог е болка за живот, љубов и жртва.

Суштината на нашето постоење се овие три светости, што претставуваат словото божјо. Ние треба да ги сочуваме од сопствените одродени браќа, групирани во посебни племенски заедници, кои се најголеми противници на својот Татко Сонце ИЛИ, Мајката Мадон – Господарка и народот Македонски.

Одродените Македонци посакуваат да го предземат словото божјо од Зетот но неуспешно. Вкупното божјо знаење, како слово божјо, Зетот го пренел на својот род Македонци, по словото наречени СЛОВЕНИ. Потоа целото божјо знаење го сокрил во вид на геометриска слика, цртеж на карпа или цртеж во вселената.

Бог Сонце е видлив, неговото слово е тајно. Единствен народ кој го знае словото божјо и секојдневно го прима се Македонците наречени ВЕЛЕНИ со значење фалени и СЛОВЕНИ.

sozdavnjeto-na-makedonskata-civilizacija
Шемата е предземена од книгата „Зета Македониа” од Бранко Сотировски на страна 23

Во народот македонски ќе се појават самопрогласени „Зетовци“ владетели, за остварување на  ситни интереси. Ќе се појават и нивни поддржуачи, кои ќе внесат меѓу Македонците, верување во погрешен зет, кој ќе шири само страв од нешто што го нема. Тие се одрекуваат од Бог Сонце ИЛИ, се одрекуваат од сопствениот род ЛАВРОД, се прогласуваат за лажен-самосоздаден „народ“. Нивна единствена цел е уништување се што е македонско и уништување на сопствениот корен. Македонците со одбрани поединци ќе се борат за докажување на единствената вистина. Вистина за постанокот на светот, јазикот, писмото, науката и верата македонска, како корен или основа на сите јазици, писма, и религии во светот…

Поради комплексноста на темата, за подетални информации во врска со податоците, термините и поимите во овој текст, може да се информирате на страната www.zetamacedonia.com или да ја прочитате книгата „Зета Македониа” од Бранко Сотировски. Книгата може да се нарача кај авторот, по меил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и по телефон бр. +389 78 264 106.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.