|
|
Македонската кула нечестивиот СДСМ сака да ја урне!? |
Јазикот на мнозинството во една земја се користи да можеме да се разбереме, да помогнеме, да изградиме подобра иднина за сите, подобра иднина за нашите деца. Во нашата земја го користиме македонскиот јазик за да можеме да се разбереме со сограѓаните; Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Евреи, Срби, Бошњаци. Се додека говориме на јазик на кој се разбираме земјата ќе оди напред, а кога сите ќе почнат да говорат само на сопствениот јазик, тогаш никој никого нема да го разбере и се ќе се распадне како кула од карти. Вавилонската кула во основа е предание од Стариот Завет, книгата Битие. Според него, некаде околу 2000 година пр. н. е., потомците на Ное, кои неколку генерации по големиот потоп, сеуште зборуваа еден ист јазик и кои се доселиле од исток, дојдоа во земјата на Senar (Вавилон). Таму одлучија да изградат град со кула "чиј врв ќе биде довоно висок да стигнат до небото, за да создадат име и никој повеќе да не ги раселува. Меѓутоа, почнала да царува завист, љубомора. Бог го гледал нивното срамно однесување, нивната ароганција и занемарување на религијата, се наљутил и ја срушил кулата. Го измешал нивниот јазик за да не можат да се разберат еден со друг што зборуваат и ги расфрлал низ целиот свет, така што тие не можеле да се вратат и да продолжат со изградбата на градот. Македонците се библиски народ кој потекнуваат од Јапет. По речиси два милениуми поделеност и макотрпен и тежок пат кон слободата, најголем дел започнаа повторно да зборуваат на ист јазик и почнаа одново да ја градат својата Вавилонска кула, за да никој повеќе да не им го земе името и да не ги раселува. Сепак, поучени од историското искуство, тие внимателно го правеа тоа, без ароганција и со почитување на Бога, ја градеа својата земја. Предводени од ВМРО ДПМНЕ ги исправаа грешките од минатото, особено направени по осамостојувањето од страна на Социјалдемократите. Додека во деведесетитие години на минатиот век се затвараа фабрики и работниците остануваа на улица, како резултат на лошата егоистична политика на социјалдемократите, денес повторно се отвараат старите капацитети и се отвараат нови. Луѓето се враќаат на работа и од 2006 година, кога ВМРО ДПМНЕ доаѓа на власт, од 36 % невработеност, денес таа изнесува само 24 проценти. Се очекува, доколку биде се како што треба, односно доколку имаме стабилни политички и економски односи во државата, невработеноста уште повеќе да се намали и да падне на рекордните 22 проценти. Статистиката покажува дека највисоки стапки на невработеност во земјата се регистрирани за време на владеењето на СДСМ во 2003, 2004 и 2005 година, кога стапката на невработеност достигнуваше и над 36 %. Намалувањето на невработеноста за цели 12 % е резултат на одличните политики на владеачката ВМРО ДПМНЕ во последните десет години, но и на заедничкиот јазик кој го имаше со обичниот народ, јазик кој го разбираат сите – подобра иднина за сите и за нашите деца, без разлика на етничка, верска, полова и друга припадност. Ваквата политика ја направија Македонија вистинско градилиште, а економската политика на владеачката ВМРО ДПМНЕ и новите инвестиции овозможија отворање на 160.000 нови работни места. За ова време, истовремено почна да се издига македонската кула која стана вистински бедем за името и идентитетот на македонскиот народ. Меѓународниот суд на правдата во Хаг, го кажа своето во врска со употребата на името. Овозможувањето на пристоен живот на населението и одбраната на името и идентитетот на македонскиот народ, допринесе ВМРО ДПМНЕ да се задржи на власт во континуитет нешто повеќе од деценија, што од друга страна предизвика завист, љубомора и ароганција кај опозицијата. Таа, реши самата да ја урне македонска кула, вистинскиот бедем не само на македонскиот народ, туку и на другите етнички заедници, кои во земјата имаат поголеми права од било кој нивен припадник во било која друга земја, каде наводно владее демократија. Но, овој пат лидерот на СДСМ, Зоран Заев реши за свој и туѓ интерес да изигрува Бог во земјата и да промовира проекти со кои сака да воведе двојазичност на целата територија. Всушност сака да го измеша јазикот, да ја урне скромната македонска кула и да го подели и расели народотот од оваа територија. За да ја потврди својата намера, најголемата опозициска партија СДСМ, во последно време и соопштенијата ги објавува и на албански јазик. Сепак, тоа не е воља на Бога, туку воља на нечестивиот, воља на Сорос и други моќници кои сакаат да креираат нов свет. Тие преку платеници, како што невладините експозитури и опозицијата сакаат Македонците да се откажат од своето име и идентитет, да ја урнат македонската држава, а нејзиниот автохтон православен народ да го интегрираат со Албанците. Но, не само Македонците, туку и цела Европа, што се прави преку бегалско-мигрантската криза. Меѓутоа, македонскиот народ, како и други европски народи, не се спремни да бидат интегрирани во својата земја. Македонците опстанале со векови, па ќе го поминат и овој период на нечестивиот. А за тоа ќе се изјаснат на предвремените избори во декември, кога опозиција ќе биде збришана од политичката сцена.
|