|
|
Капитални проекти во Прилеп |
Во последно време во Градот под Марковите кули во буквална смисла на зборот се случува инфраструктурна ренесанса за подобар и посреќен живот на доминицилното население. Започна изградбата на капиталниот проект од исклучително значење не само за граѓаните на Прилеп, него и за жителите на целиот Пелагониски регион. Тоа е новиот експресен пат Градско - Прилеп во должина од 35 км. Вредноста на овој капитален објект е 80 милиони евра. Друг проект е повторната изградба на опожарените конаци на манастирскиот комплекс Трескавец. Со средства од државата е изграден патот до Манастирот. Она што особено е значајно е тоа што дел од овој проект е и реставрација на црквата "Успение на Пресвета Богородица", која е Споменик на Културата од највисок ранг. Во оваа прилика да напоменеме дека етапно се гради Црковниот храм ”Св. Петка“, во најголемата Урбана населба Точила. Осветени се параклисите Св.Пантелејмон кој е лоциран во кругот на ЈЗУ Општа болница "Борка Талески“ ,Св.Константин и Елена во Типската маселба и во близина на спортската сала “МакедониЈа“, осветен е параклисот посветен на Св. Наум Охридски. Пред извесно време во најголемата прилепска ромска населба Тризла беше пуштена во употреба Џамијата каде на дело се покажува како се почитува мулти конфесионалниот карактер во Градот Херој Прилеп. Во Тирз Алинци се отворија 2 нови фабрики, и тоа: Гентерм -произведува електрични уреди за регулирање на термалната енергија во автомобилите. Моментално работата ја обавуваат 647 вработени, а до крајот на тековнава година бројката на вработени се очекува да достигне до 800 вработени. Изградбата на фабриката Акомпласт е при крај и за многу брзо време треба да прими 50 нови вработувања. Во оваа прилика треба да се нагласи покрај овие инвестиции за намалување на невработеноста во Прилеп придонесуваат големиот број на мали и средни фирми кои се отворени во Индустриските зони во Прилеп како и мерките за вработување кои ги нуди Владата на Република Македонија. Во Прилеп неколку децении наназад работат успешно производствени капацитети кои високо котираат со своите производи како на домашниот така и на странскиот пазар. Да одиме по ред. Секој обичен прилепски земјоделец успешно го произведува жолтото злато тутунот каде со стимулација од Извршната власт во субвеционо стимулирање од едно евро за 1кг. предаден тутун овозможува да ги подмири на време режиските трошоци. Во прилепскиот Тутунски Комбинат влезе реномираната Американска фирма од тутунскиот бизнис “Филип Морис“. Со тоа , прилепскиот монопол застана на здрави нозе од една и сигурна отплата на жолтото злато од тутунските кооперанти од друга страна. Со грчки капитал прилепскиот Мермерен Комбинат постигнува завидни резултати во своето работење. ПИ Витаминка со своите производи високо котира на домашниот и странскиот пазар. Прилепската пиварница 9 децении успешно опстојува со своите производи на домашниот и странскиот пазар. За брзо време се очекува загубарот Еурокомпозит кој произведува воена опрема да го реши горливото прашање, а тоа е да се најде купувач кој по долги години чекање овој гигант конечно да застане на здрави нозе. Конфекциските фирми: Тритекс, Комфи Ангел, Васидора, Кули и други мали и средни фирми вработуваат голем број на прилепчани. Исто така, Де-Ни Мебел, Марфил, Елит кафе, Дониа, Печатница 11 Октомври, Печатница Аце Тони, Печатница Гинис, и други придонесуваат и даваат една добра клима во поглед на намалувањето на невработеноста во Градот под Маркови те кули. Започната е целосна реконструкција на Ј3УОпшта Болница “Борка Талески“. Се реконструираат болнички соби, санитарни јазли, и операциони сали. Со сопст вени средства и средства од Министерството за здравство се набавуваат нови медицински апарати за сите одделенија. Реализицијата на проекти од областа на спортот и спортската инфраструктура им овозможува на сите граѓани особено на младата популација да спортува, рекреира и воедно води здрав живот. Изградени се 4 спортски сали, и тоа три во СОУ и тоа во СОУ“Ѓорче Петров“ , СОУ Ристе Ристески Ричко и во СОУ ,Кузман Јосифоски – Питу“ и една во ООУ “Добре Јованоски“. Изграден е фудбалски стадион со вештачка трева. Се гради тениско игралиште во Гимназијата Мирче Ацев. Изграден е спортски комплекс во рамките на Могилата на непобедените. Со средства од Агенцијата за млади и спорт е изграден фудбалски стадион во населеното место Тополчани, а се реконструира и фудбалското игралиште во с. Алинци. Во тек се градежните активности за реконструкција на Градскиот стадион “Гоце Делчев“. Спортските објекти покрај учениците ги користат и голем број на спортски клубови од една како и граѓаните на Прилеп и населените места од друга страна. Јавните претпријатија кои се под капата на Локалната самоуправа мошне солидно ги обавуваат своите обврски предвидени во своите програми за работа. ЈКП “Водовод“ и канализација со финансиска поддршка од германската КФ банка изврши промена на водоводната мрежа. Исто така, на одредени места прави промена на атмосферската и на кализационата мрежа. Најголемиот капитален проект на ЈКП“Водовод и канализација“ е изградбата на Пречистителна станица. Со Средствата се обезбедени од ЕБОР. ЈКП“Комуналец“ во сите урбани заедниви во градот прави партерно и холти културно уредување на парковските површини. Во употреба се пуштени новиот современ Царински терминал и Градската капела, а во изградба е фабриката, за рециклиран отпад. ЈКП “Пазари" изврши целосна реконструкција на далеку прочуениот прилепски пазар. ЈП ПУП успешно се справува со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Направени се 4 кружни тека со нормално одвивање на сообраќајот две и пол години успешно финкционира Градскиот превоз. Локалната самоуправа работи со добивка за разлика од СДСМ-овската гарнитура која на промената на власта во 2005 година покажа енормна финансиска загуба изразена во милионски евра. На крајот да напоменеме дека Прилеп е лидер во државата во поглед на легализација на диво изградени градби.
|