|
|
Салата Борис Трајковски била мала!! |
Незнаев луѓе, мала да ти била за да ги собери сите членови, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и Македонци! На отворено? Доста често поставувано прашање, сум за ДА, само што овој пат временските услови не го дозволуваа тоа а и нели следуваат големи собири/митинзи па има време и за такво нешто како она кога бевме повеќе од 100 000 собрани нели? Критики, колку ти душа сака. СОРОС ги пуштил во погон нивните татајкури и веќе печатат се што е невистина, половина вистина или измислица, битно дезинформации да стигаат како ексклузивни вести до сите граѓани на Република Македонија! Она што е побитно е дека сите ние кои бевме присутни таму бевме на добра воља, никој на никого не направи притисок, никој на никого ништо не наредил! Да се разбереме, јас неможев да дочекам да дојде тој ден, денот кога на ваков начин ќе им се даде одговор на сите и ќе се испрати јасна порака како внатре така и надвор од нашата држава. Некој се прашува зошто пораката да стигне надвор? Не верувам дека има таков, сега веќе секој знае кој креира политика и кој вештачки создава политички и економски кризи како и војни во малите и послаби држави. Она што е уште поважно е дека ние токму од тоа место и од таа сала испративме јасна порака до сите, порака која гласи: Македонија таква каква што е сега, држава која е самостојна, независна и суверена Република, НЕ за двојазичност и територијална победла! Ние им дадовме дознаење на сите а народот на 11-ти Декември по кој знае кој пат ќе им даде црвен картон на опозициската СДСМ и нивната врхушка! Повторувам, со лаги, манипулации, малверзации и црни и мрачни сценарија за својата сопствена држава не се доаѓа на власт, барем не тука во Македонија! П.С. Бевме околу 40 000 граѓани и тоа онака лабаво па салата беше претесна за да не собери сите на едно место! Многу сме, да земам за право и да кажам, цела Македонија е ВМРОВСКА! Да живее организацијата! Да живее Република Македонија! |