|
|
Собранието се распушти, нови избори на 11 декември!? |
Во понеделникот, на 17 октомври 2016 година, пратениците на Собранието на Република Македонија со 110 гласови за, и ниту еден против или воздржан, донесе одлука за распуштање на Парламентот, со што се создадола услови за одржување на предвремени парламентари избори по барање на Заев и СДСМ на 11 декември. Донесувањето на оваа одлука во пресрет на Денот на македонската револуционерна борба – 23 октомври, најавува жестока преметка во која опозицијата ќе биде збришана од политичката сцена. Владеачката ВМРО ДПМНЕ, претходно на партиски собир, ја најави силно кампањата која има за цел директно да ги пренесе своите идеи и планови за подобар живот до секој граѓанин и до секое семејство. Пред огрмниот број присутни во салата „Борис Трајковски“ беше најавена досега најобемната програма фокусирана на нови инвестиции и многу нови работни места, како и проекти во повеќе области од образованието, здраството, социјалата, пензиите и др. ВМРО ДПМНЕ има план и како и досега за се што има ветено и исполнето, така и сега почнува со нов циклус за реализација на новата програма. Народот им верува. А како да не им верува, кога самите можеа да се уверат во досегашните позитивни резултати на владеачката партија, на крупните чекори со кои македонското општество тргна напред, но и на деструктивните обиди на опозицијата за дестабилизација на државата во изминатите две години. Очајните обиди на опозицијата преку дестабилизација на земјата да влезат во власта говорат дека кризата кај социјалдемократите е многу поголема од она што е и познато на јавноста. Вообичаено, вината за слабите резултати и рејтинзи во изминатите години, СДСМ ги бараше во нелегитимни избори, во владеачката партија и медиумите, како и во сопствениот „глуп“ народ кој не знае да избере. Но никогаш раководството на СДСМ вината не ја побара во своето јато, иако и самото членство веќе не им верува. Всушност, вината лежи во смата партија, бидејќи многи истакнати социјалдемократи кои ја сакаат својата партија и земја, беа избркани од партијата, а наследниците предводени од Зоран Заев го крчмеа името како на земјата така и на партијата. Ако некогаш и постоело некакво реноме на СДСМ, денес тоа е сосема уништено. Денешното раководство на СДСМ иако му ветува многу на народот, нема ниту визија, ниту програма како да ја води земјата. Тоа произлегува од таму што во изминатите години, лидерот Зоран Заев не успеа ниту да го врати единството во партијата, ниту рејтингот. Членството се растури, а старо-новите кадри желни за власт не се способни да понудат ништо ново на политичката сцена. Единствено што можеа да направат беше да сплетат нрежа од интриги, нечесни игри и тргување со државните интереси. Декларативната љубов без вистински дела која во изминатите години ја нуди СДСМ, не поминува кај народот. Одамна народот го почуствува тоа и многу одамна научи да ја оддели лагата од вистината. Тој ги препознава големите лидери како Никола Груевски кои го водат народот, за разлика од малите лидери кои само го заведуваат. Затоа таканаречените бомби на Зоран Заев немаа никакво дејство врз народот. Едноставно македонскиот народ не дозволи политичката криза која ја наметна опозицијата предводена од малиот лидер да премине во нешто поголемо и покрваво, но и да ја направи земјата во темен вилает на Балканот. СДСМ е свесна за своите слабости, но и за слабостите на невледаиниот сектор, каде често организациите се фамилијарни и иако се гласни и се перални на пари, не се моќни да мобилизираат многу народ. Исто така, тие се свесни дека и меѓународниот фактор полека се дистанцира од нив кога гледа дека и покрај толку вложен напор и средства, македонскиот народ не наседнува. Едноставно, меѓународниот фактор не сака да развива подлабоки односи со партиските челници на СДСМ кои ја немаат подржката на својот народ. Исто така, на раководството на СДСМ му е познато дека дури и со многу посилна поддршка надворешна и внатрешна ќе ги изгуби овие парламентарните избори. Меѓутоа, тие немаа друг избор освен да се согласат да излезат на избори на 11 декември. Сепак, ќе направат се за да тие не се случат или доколку се одржат да ги оспорат. Нивната цел е преку континуирана политичка криза да создадат услови барем нивните елитни членови иако не се избрани од народот да бидат дел од Владата само за да цицаат од власта, зошто партиското виме е празно. Меѓутоа, досегашното искуство од нивно присуство во т.н. технички влади, покажа дека кадрите од опозицијата ќе создаваат опструкции во институциите, со тенденциите за воведување на двојзичност и федерализација на земјата, што не смее да се дозволи. Всушност, на превремените парламентарни избори закажани на 11 декември потребен е заеднички одговор на владеачката партија и народот, за да ВМРО ДПМНЕ добие доволно пратеници, со кои ќе може да се спротивстави на мрачните сценарија на опозицијата. Собранието се распушти, а нови избори се закажани за 11 декември. Сега е дојдено време кога македонскиот народ треба да стави крај на политичката криза во која опозицијата ја втурна земјата. Сега е време е да се стави крај на деструктивните сценарија кои ги разработуваше опозицијата. Сега е време кога македонскиот народ треба масовно да излезе на избори и ваквата опозиција која работи против нивните интереси со својот глас еднаш за секогаш да ја отстрани од политичката сцена. |