Среда, 19 Октомври 2016   
Стари фаци за пратеници

rubinco Јованоски
Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Пред неколку денови во нашата земја дојде Јоханес Хан - Евокомесарот за проширување каде во разговор со 4-те лидери на најголемите политички партии од македонскоот и албанскиот политички естаблишмент (Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи) се поставија контурите за одржување на вонредните парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември оваа година.

Со тоа, се затвори маневарскиот простор од избегнувањето на изборите на аболицираниот лидер на плавите момчиња Зоран Заев, алијас Бошко Буха или уште т.н. Зоки фантомчето. Зоки се обиде и успеа со помош на Меѓународниот фактор на 2 пати да ги пролонгира изборите (24- април и 5 јуни).

Се констатира со вкрстената и теренска проверка дека нема фантомски гласачи. Се формира ад-хок телото за следење и контрола на медиумите.

Сега останува зајчето со спортски жаргон кажано да ја формира листата од 20 потенцијални пратеници во сите 6 Изборни единици.

Многу интересно ќе биде дали Зоран Заев, алијас Бошко Буха ќе биде предводник на опозиционата листа во 6-та изборна единица каде поголемиот број на гласачкото тело се од албанскиот политички камупс. Познато е дека во оваа Изборна единица секогаш силите си ги одмеруваат лидерите на албанскит политички партии.

Во своите настапи зајчето алудираше дека треба постепено албанскиот јазик да се употребува во целата земја и еден вид да биде втор официјален јазик. На неколку телевизиски дебати самиот Заев нагласуваше дека плавите момчиња имаат шанси да освојат повеќе албански гласови од сите албански политички партии во нашата земја.

Во наредните денови треба да очекуваме и понуда на Заев за заеднички настап на вонредните парламентарни избори со вонпарламентарните албански партии.

Во оваа прилика можам да нагласам дека како прилепчанец дека почнаа да се спомнуваат и личностите кои ќе бидат номинирани од страна на прилеп ската опозиција, и тоа: На прво место се актуелните пратеници во Републичкото собрание и тоа Кординаторот на пратеничката група на СДСМ, Г-динот Горан Сугарески и приватниот бизнисмен и универзитетски професор, нарцисоидната личност Хари Локвенец. Во оптек се пуштаат имињата на екс лустраторот Благоја Гешоски, актуелниот прв прилепски социдалдемократ Сашо Велески-Веле со, некогашниот прв човек на СДСМ во Прилеп и актуелен советник во Прилепскиот Градски совет, ортопедот Илија Јованоски, некогашниот кандидат за градоначалник и универзитетски професор Тони Петрески. Исто така за кандидат за пратеник се спомнува и нецивилизираниот адвокат Жарко Стеваноски, предводникот на здружението Протестирам каде истиот со јајца и мрсна боја направи голема штета на новата Општинска зграда во Прилеп. 

Во оваа прилика Социјалдемократската потенцијално прилепска пратеничка комбинаторика никако не се вклопува со екс Градоначалникот, докторот Сашко Пирганоски кој во неговиот период (2000-2005) година кога беше татко на Градот под Марковите кули со своето финансиско цунами во општинската каса направи со медицински жаргон кажано психијатриска обработка на своето партиско членство.

Господа ова се политички истрошени личности и добро познати кај прилепската јавност со нивните губитнички потези. За победа треба нови личности кои се чесни и немаат "лузни" во своето работење. Во спротивно на вонредните парламентарни избори ќе добитете нова изборна шлаканица и тоа 1о-та по  ред. Исто како студентска 10-ка. Студентот ако добие оценка 10 се констатира дека успешно ја научил лекцијата. Во конкретниот случај за Вас ќе биде 10-ти едно по друго пораз било да се работи за локални, парламентарни или претседателски избори.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.