Среда, 26 Октомври 2016   
Нема место за оние кои ја рушат државата!

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Во последниот квартал на 2016 година Балканот станува уште еднаш „европска арена“ која ќе го привлекува вниманието на Западот и Русија. Елитите кои посакуваат нова војна на Балканот го потпалуваат бурето со барут, а преставниците на меѓународната заедница со своето однесување наместо да ги спречат допринесуваат тоа да се експлодира што е можно поскоро.

Политички кризи, зголемени етнички тензии и меѓусебни недоразбирања се забележуваат во речиси сите поранешни југословенски републики и покраини: Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово и Македонија. Посебно по спорниот референдумот во Република Српска, зголемени се тензиите меѓу етничките заедници во таа земја. Тие можат да бидат причина за излегување на Србите од федерацицијата, воен конфликт, но и домино ефект - прекројување на границите на Балканот по етнички принцип.

Во 2008 година,  поранешен агент на ЦИА Стив Маер, јавно ги изнесе проекциите за границите на Балканот, во кои беше предвидена ревизија и на македонската граница. Сето тоа уште тогаш предизвика огромно интересирање од грчката страна, зошто тоа може да има сериозни импликации и врз територијалниот интегритет на јужниот сосед.

Она што денес се случува на Балканот, бегалската и мигрантската криза, етничките тензии, непризнавањето на копнените и поморските границите, проектот Голема Албанија, сериозно ги загрижува балканските држави. Тие вршат сериозни подготовки за одбрана на тероторијалнот интегритет и суверенитет, а Грција дури упати индиректни закани кон Албанија и Македонија.

Грчкиот претседател Прокопис Павлополос во два наврати од Воден и Солун упати порака до Македонија, но и до сите соседи. Од Солун тој ќе каже: „Се обврзувам дека ќе направам сѐ што е во моја надлежност за одбрана, како на територијалниот интегритет така и на грчкиот карактер на нашата Македонија, врз основа на историјата, меѓународното и европското право во целост.“

Претседателот Павлополос, и не само тој од грчка страна, преставувајќи ја својата земја како жртва на која и се краде културното наследство, не се ни осврнува дека Грција е таа која го крши меѓународното и европското право со непочитување на одлуката на Меѓународниот суд на правдата. Но затоа пак, отворено се заканува со агресија кога вели дека Грција воено и економски е посилна од своите соседи.

Ако се има во предвид односот и на нашите други соседи кон македонското прашање, како и настаните во 2001 и 2015 година, кога имаше отворена агресија од север, од земја која е под протекторат на меѓународната заедница, тоа значи дека Македонија сеуште се наоѓа пред сериозни закани по нејзиниот територијален интегритет.

Во период кога ЕУ е пред распаѓање и Македонија се наоѓа на линија на огнот на конфронтацијата меѓу Западот и Русија, состојбите на Балканот потикнати од надвор, можат секој момент да ескалираат. Во едно такво опкружување и закани, наместо Македонија да ги зајакнува своите безбедносни капацитети, таа е втурната од опозицијата во политичка криза која сериозно го нарушува безбедносниот систем.

Продолжувајќи ја политиката на својот претходник, лидерот на СДСМ Зоран Заев, со своето недржавничко однесување не само што директно го загрози безбедносниот систем на земјата, туку заговара федерализација која неминовно води во правец кој ќе ја доведе во прашање унитарноста и поделба на земјата по етнички граници исцртани со територијалната поделба.

Вакво нешто, држава како Македонија, која се наоѓа во центарот на торбулентниот Балкан и која е со лимитирани капацитети не смее да си го дозволи. Всушност Атина, Софија, Белград, Приштина и Тирана, кои прават се своите вековни идеи да ги остварат, како искусни ловци го следат секој чекор на ранетата жртва за да ја докусурат.

Единствена пречка за ваквите амбиции преставува владеачката партија ВМРО ДПМНЕ, која со своите кадри во изминатиот период создаде институции способни да се справат со сите предизвици кои ги носи ова време. Тие ја зајакнаа економијата, го зголемија инвестициите, вработувањето, како и безбедносните капацитети, нешто што им смета и на опозицијата и на надворешните непријатели. Токму против неа, надворешните непријатели го насочија своето делување со помош на опозицијата, невладиниот сектор и другите придружни интрументи.

Како поинаку може да се толкува однесувањето на нивната продолжена рака СЈО во и пред Министерството за внатрешни работи, потоа нивното барање на снимки од следење на криминално-терористичката кумановска група, како и создавање раздор во безбедносните сили. На кого и за кого опозицијата и СЈО го разбиваат безбедносниот систем на Македонија?

Во институција како што Министерството за внатрешни работи која треба да ги гарантира мирот и безбедноста во државата, опозицијата предизвика конфликтна состојба. Пред зградата на Управата за безбедност и контраразузнавање, припадници на единицата „Алфа“ без да се знае од кого, беа распоредени за време на претресот на Специјалното обвинителство, што создаде  тензичната атмосфера, која лесно можеше да прелее на улиците!?

Легитимна е борбата да се дојде на власт, но не по секоја цена, не по цена на Украинизација и човечки животи, не по цена на идентитетот, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, како што тоа во последните две години го прави опозицијата предводена од СДСМ.

Поради односот на опозицијата, Македонија е поделена како никогаш досега. Овие внатрешни поделби се одразуваат врз државните интереси и врз квалитетот на животот на луѓето во земјата. Наместо Македонија да гази си силни чекори напред и создава подобра иднина, таа губи драгоцено време во справувањето со проблемите кои ги создава опозицијата.

Македонскиот народ во текот на својата револуционерна борба за создавање на слободна и независна македонска држава даде огромен број животи. Во нејзините темели се вградени коските на бројни познати и непознати борци, цветот на македонскиот народ. Нивниот аманет го следи македонскиот народ и тој нема да дозволи некој  денес да ја уништи неговата држава. Народот многу добро знае кој е кој, што направи ВМРО ДПМНЕ и што СДСМ додека биле на власт или како опозиција. Тој својот збор ќе го даде на 11 декември, на предвремените парламентарни избори. Тогаш тој ќе пресуди во каква држава сака да живее, а верувајте кај него нема да има место за оние кои ја рушат државата, за оние кои сакаат војни и кои преку крвта на младите сакаат да се дограбат до власта!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.