Среда, 26 Октомври 2016   
Роковите течат, дијаспората почна да се пријавува за гласање за претстојните избори

mane jakovleski 1

Манојил (Мане) Јаковлески

„ДИК ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, да се пријават за гласање за претстојните предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија. Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб-страницата на комисијата“ -  соопштуваат од ДИК.

Според Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со 24.10.2016 г. до 14 часот, вкупно 540 граѓани на Решублика Македонија кои се на привремена работа или престој во странство ја искористиле можноста за пријавување преку електронската апликација на веб страницата на ДИК за гласање за претстојните предвремени избори. Како што соопшти ДИК, вкупно 217 пријави се прифатени, 19 се одбиени, а 304 пријави се во фаза на обработка.

Роковите течат, а Државната изборна комисија ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство да се пријават за гласање за претстојните избори. Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.sec.mk.

Пријавувањето во Дипломатско ­конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство, односно во конзуларните канцеларии, ќе трае до 11 ноември 2016 година, а во истите гласањето ќе се одржи на 10 декември (сабота) 2016 година, согласно со сметањето на времето во соодветната земја.

Се очекува дека за изборите на 11 декември околу 20.000 гласачи од дијаспората ќе се пријават за гласање. На последните парламентарни избори во 2014 година, најголема излезност имаше во Европа каде гласаа 8.614 гласачи, потоа во Северна Америка 1.845 и во Австралија каде гласа 982 гласачи. Што значи дека во просек во дијаспората излегуваат нешто повеќе од половината од пријавените.

Во пресрет на овие избори постоеја инцијативи од опозицијата да им се одземе правото на македонските иселеници да гласаат на овие парламентарните избори во Република Македонија. Нешто што не е беше прифатливо и значеше непочитување кон оние кои имаат континуиран и огромен придонес за Република Македонија. Всушност дијаспората која е клучен партнер на Република Македонија за унапредување на државата во сите полиња, особено надворешната политика и економијата, некој сакаше да ја исклучи.

Сепак, тоа не се случи. Но, со последните измени на Изборниот законик, пратениците од дијаспората ќе се избираат по пропорционален модел во една изборна единица. Потребниот минимум гласови за да биде избран пратеник од дијаспората е 6.400. Тоа значи дека дијаспората може да има максимум тројца пратеници.

Дијаспората отсекогаш внимателно ги следела настаните во татковината и секогаш кога било најпотребно таа го знаела правиот избор, а тоа е татковината пред се`. Таа не ги сака оние кои се спремни да виткаат кичма и затоа подршката ја даваат на оние кои со гордост го носат македонското име.

Сега е време на сплотување на Македонците во дијаспората и масовно излегување на изборите за да се заштитат интересите на македонскиот народ и македонската држава.

Само единствени Македонците можат да ја изберат опцијата која може да каже НЕ за промена на името и идентитетот, НЕ за дестабилизација на земјата, туку за мир и просперитет на Македонија. Сега е време да се зададе вистинскиот удар на оние кои Македонија ја гледаат поделена и федерализирана, со сменето име и идентитет. Сега е време да се одбере вистинската опција. Време е да се каже доста на уцените.

На 11 декември македонските иселеници можат да кажат НЕ на оние кои работат на разнебитувањето на земјата - промена на името и федерализација на земјата, на оние кои ја втурнаа земјата во политичка криза само за да дојдат на власт без иџбори. На 11 – ти декември својот допринос тие можат да го дадат со уште помасовно, поединствено и похрабро изјаснување на изборите за оние кои се вистински чувари на македонската држава, за оние кои работат на нејзиниот просперитет. Со тоа ќе потврдат уште еднаш дека Македонија им е пред се` и дека за иднината на Македонија одлучуваат и тие, македонската дијаспора.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.