|
|
Повик од Александар Донски за создавање „Совет на македонските интернет борци“ |
Македонскиот историчар Александар Донски повикува на формирање „Совет на македонските интернет борци“ врз доброволна основа, чија задача ќе биде да ги испраќа линковите од серијата „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ на што е можно поголем број е-маил адреси на странски (но и домашни) субјекти во светот. Линкот од секоја епизода (со соодветен пропратен текст) би се испратил на голем број странски субјекти (историчари, универзитети, историски друштва, политичари, медиуми и новинари и сл.) со повик да ја гледаат епизодата. Доколку некој од членовите на Советот не сака да го испраќа линкот од својата домашна адреса, може да отвори посебна адреса од Yahoo, Gmail и сл. Донски вели дека ова е добра прилика, оние што сакаат да помогнат во ширењето на македонската историска вистина пред светот, да направат нешто ВИСТИНСКИ КОРИСНО, наместо да си го трошат времето во препраќања едни на други на разни пароли, мапи од обединета Македонија и сл... Инаку Донски вели дека располага со над 1.700 е-маил адреси од странски (но и домашни субјекти) на кои пред 5-6 години (исто со група ентузијасти) беа испраќани материјали со историска содржина. Притоа тој објаснува со што друго би се ангажирале членовите на овој Совет. Систематско обезбедување на што поголема база е-маил адреси за организирано ширење на македонската историска вистина. На пример, во САД има педесет држави. Во зависност од бројот на членови на Советот секој ќе биде задолжен за по една или повеќе држави. Преку интернет ќе треба да обезбеди список на сите универзитети и историски друштва во тие држави, на сите сенатори и конгресмени, како и позначајни медиуми. Потоа ќе се испраќа линкот со епизодите на сите нив и ќе се регистрираат евентуалните добиени одговори. Истото ќе се направи и со Велика Британија, Канада и Австралија, т.е. со сите држави од англиското говорно подрачје, но и со Израел, каде исто така секој зборува англиски. На странските универзитети, освен на професорите по историја, линкот ќе се испраќа и на студенти и други субјекти (доколку се набават нивни е-маил адреси). Линкот од епизодите ќе се испраќа и на политичари и медиуми во Грција, вкучително и претседателот на оваа држава. Сите овие активности не се временски ограничени и не треба брзање. Секој што сака да се вклучи во оваа патриотска активност, нека испрати порака на е-маил адресата на Александар Донски, која гласи: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Кратка биографија на Александар Донски може да се види на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU Првата епизода од серијата „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНСКИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ може да се погледне овде: https://www.youtube.com/watch?v=lGE44Fn3yEI М.Н.
|