Среда, 26 Октомври 2016   
Кои се следните чекори на СЈО и СДСМ?!

kostadin-kepricovski-22
Костадин Керпичоски

Докажавме дека СЈО се впушти во политичка пропаганда, во помош како десна рака на СДСМ а се разбира финансиите како и секогаш ги обезбедува СОРОС фондацијата во Македонија.

Се прашувате кои се следните чекори на СЈО?

Па еве, на почеток да биде јасно дека СЈО и нивните обвинители ќе покренат обвиненија кои не се засновани на докази против функционери и истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток јас мислам дека помпезно на пресс конференција ќе биде најавено обвинение против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Никола Груевски.

Потоа филмот ќе продолжи така помпезно со обвиненија против новинари и колумнисти кои го критикуваат СОРОС, СДСМ и нивната политика.

Нема да куртулат ни истакнатите членови на ВМРО-ДПМНЕ, се спремаат неосновани обвиненија против нив!

Од медиумите дознав дека неосновани обвиненија ќе бидат покренати за случајот “Мерцедес” во кој е набавен автомобил за потребите на владата и министерството за внатрешни работи.

Исто така ќе биде покренато обвинение против актуелниот министер за здравство Никола Тодоров.

Претпоставувам нема да куртули ниту Драган Павловиќ Латас за тоа што со зборови го патосира Зоран Заев пред очите на јавноста во неговото гостување на Сител телевизија.

Уште позастрашувачки е што се спрема обвинение за изградбата на автопатот кај Демир Капија.

Значи уште еднаш, неосновани обвиненија против функционери, истакнати членови и новинари блиски до ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Тука може испуштивме некој случај или некое пред време планирано обвинение против некого за некој може и измислен случај но времето е пред нас па ќе го видиме и тоа.

Да, некои од вас ќе помислат дека тие неосновани обвиненија ќе паднат на суд НО тоа не е целта на СДСМ и СЈО, целта е во период кој претстои се до изборите закажани за 11-ти Декември да се проба да се оцрни ВМРО како партија и нивните функционери и на тој начин рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ да опаѓа а на СДСМ да расти континуирано па така да пробаат да ја ублажат победата на следните избори на ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту СЈО , ниту пак странските служби, ниту пак нивните истакнати улични пијуни неможат да ја спасат СДСМ од пораз на овие избори и од пропаст, од престанок на постоење на СДСМ како политичка партија на Македонската Сцена.

Едно е јасно, 11-ти Декември е денот!

Силата е во рацете на народот, на мирен начин, на фер и демократски избори да си го каже својот одговор за кој до сега немаше прилика да се искаже!

Време е за избори за крај на политичката криза, избори за нов почеток на нашата држава и за испраќање на силна порака како внатре така и надвор од Македонија, одговор адресиран до повеќе адреси!!

Силна Македонска порака!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.