|
|
СДСМ нема кредибилитет да зборува за здравството! |
Руинирани простории во јавното здравство, никаква апаратура и опрема а да не зборуваме за современа и современи методи, редици и колони и “мито”-материална корист за зачувување на редот или прескокнување на истиот во болниците, така некако изгледаше сликата во здравството пред добри десет години кога СДСМ беше на власт! Некои се секаваат и нема потреба да ги потсетуваме, некои не, особено можеби не помладите кои барем тогаш немале потреба да ги посетуваат локалните болници и секогаш да е така, НО тука сме за да потсетиме и да не се заборави. Од каде да почнам а да не одземам многу време, да немам текст со илјадници страни а да кажам се што е направено во овој период од како со здравствениот систем во Република Македонија раководат кадрите на ВМРО-ДПМНЕ или актуелно сега министерот за здравство Никола Тодоров. Се сеќавате на гужвите кои денес се минато благодарение на проектот “мој термин” воведен токму од владата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ?! Да ве потсетам за молбите за обична слика на Мамограф кој благодарение на инвестициите во последниве десет години денес го имаме во речиси секоја болница во секој град?! Имам податок дека 70% од јавните здравствени установи се веќе реновирани а останатите 30% се веќе во фаза на реализација каде се подобруваат инфраструктурните услови за работа на здравствените лица и со тоа и услугата на пациентите! Се сеќавате ли вие драги мои на само една инвестиција во здравството во времето кога владееше СДСМ и нивните кадри? Јас само паметам дека без полн џеб никој не те гледаше тогаш, па макар и да е болка за умирачка! Неизбежно е ексклузивно за вас да се спомени и новата програма и инвестиција која ни ја вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Никола Груевски, каде после победата, во здравството ќе се инвестираат 33 милиони евра или ќе се обезбедат 3 700 нови медицински апарати за секоја јавна здавствена установа во секој град во Република Македонија!! За поздравување е оваа одлука и тоа што тоа е веќе испланирано во програмата на ВМРО-ДПМНЕ како и се обезбедени финансиите за истиот мега проект! И на крај, замислете луѓето кои никогаш не стапнале во јавното здравство, во просториите на болниците, оние кои секогаш се лекуваат приватно и надвор од границите на Република Македонија, денес зборуваат за подобрување на здравството а не ја знаат ни фактичката состојба, ветуваат брда и долини, и веќе исполнети проекти од досегашната власт! Токму тие луѓе, немаат никаков кредибилитет да зборуваат за ништо а најмалку за здравството и системот во Република Македонија, тие почитувани на себе не си веруваат а не пак ние граѓаните да им веруваме! Токму затоа, за овие досегашни и идни проекти во здравството но и во секоја свера од животот јас и вие ќе го дадеме гласот за ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот г-дин Никола Груевски! Гласам за подобро утре НО во Македонија!
|