|
|
Дијаспората во Австралија е спремна за избори |
Нема апсолутно никаква дилема за дијаспората во Австралија да гласа за предвидените избори на 11 декември 2016, доколку ги има. Нема дилема ни тоа кој ќе победи. Дури и врапчињата знаат. Кој како сеел сега или порано, така ќе си жнее. Проблемот на ВМРО ДПМНЕ не е дали ќе победи туку колку убедливо ќе победи. Но најголем проблем е што само до околу 1000 Македонци имаат право да гласаат. Условите и уцените што се наметнати од Македонија преку СДСМ и другите никакви фактор партии се виновни за тоа. Само со најнови и биометриски пасоши и извод од родените по калап на опозицијата може и ако е потребно да гласаат и да се пријават до 11 Ноември. Можам да ве однесам само во Рокдаил во Сиднеј преку ден и ќе ве запознам тој ден со најмалку 5000 Македонци од 10 часот наутро до 12 попладне. Иако е импозантна бројката и калкулацијата колку Македонци има во Австралија,преку пола милион со гаранција, за жал нека ни биде казна онаа смешна официјална бројка. Најмногу се казнети Македонците од Егејскиот дел, кои извод на родени или документи за пасош е научна фантазија и моја проценка е дека со нив собрани бројката е реална до 750 000. Во мојот приватен разговор со Амбасадорот Веле Трпевски, како и поткрепата од конзулката Бети Коруновска, се е спремно да започне овој голем настан за Австралските Македонци. Дури и храбро се кренаа против првите сопки и контраши и некои портали кои за бедна ситна пара шират лаги. Лично и перонално го познавам Амбасадорот Веле кој премногу дава од себе и своето време за успех и просперитет на Македонија, па така неговата објава на Интернет за собраните средства беше почеток на затнување на устите на оние манипулатори, кои живеат за интриги и калкулации. Истото се однесува и за Бети, која е на ниво како што треба, иако само телефонски сме контактирале. За крај, мој предлог и совет до ВМРО ДПМНЕ е да размислат 10 пати кого ќе го стават преставник. Од она што слушам, не сум ама воопшто задоволен и ќе направат грешка како со двајцата предходни. Дојде време само искрени и добри карактери да бидат преставници на народот. Исто така и каде ќе се гласа, на кои места. Амбасадите како Канбера и Мелбурн автоматски ги кани Македонците од Сиднеј, Перт, Аделајд, Њукасл, Вулонгонг, Бризбен да гласаат само во Канбера и Мелбурн и редно е да се размисли колку е погодно да се гласа во црквите, иако разделени поради Ватиканистите ... можеби се најпогодни како тест со споредно гласање без пасоши, само со Австралиски документи, само да го видиме реалниот број на Македонци. А бројката е таа што кажува кои сме, колку сме и од каде сме. Се знае - ОД МАКЕДОНИЈА !!! Â |