Среда, 02 Ноември 2016   
Народот му верува на ВМРО ДПМНЕ

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

СДСМ со својата политика по секоја цена да дојде на власт ја отвори пандорината кутија. Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави пред албанските младинци во Чаир решенија кои ќе доведат до нов Рамковен договор и до бинационална држава.

Свесен дека не може да ги придобие Македонците за престојните предвремени парламентарни избори, лидерот на СДСМ, Зоран Заев направи повеќе чекори за да се доближи до албанското гласачко тело. Меѓудругото, освен што разговарал за федерализацијата на земјата со албанската дијаспора, тој подолго време ветува двојазичност на целата територија на Македонија.

Ваквиот обид за лов на албански гласови кој може да ги поремети сметките албанските партии, предизвика реакции на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Со остра реторика дека ДУИ нема сојузници кај Македонците и дека единствен сојузник на партијата е албанскиот народ, тој му порача на Заев дека СДСМ нема што да бара кај албанскиот народ. Но, истовремено Али Ахмети навести дека ќе бара воведување на двојазичност на целата територија и дека нема да влезат во победничката влада доколку не добијат гаранција за тоа.

Острата реторика на Ахмети која има за цел да го сочува сопственото гласачко тело, го отвара прашањето за идно коалицирање со сегашниот коалиционен партнер ВМРО ДПМНЕ, која е противник на проширувањата  на обврските дадени со Рамковниот договор, федерализацијата и двојазичност на целата територија.

Всушност, СДСМ ја отвори пандорината кутија која може да има катастрофални последици за македонскиот народ и држава, особено ако се знае дека соседите не го признаваат името, идентитетот, јазикот, црквата.

Лидерот на СДСМ  во борбата за власт слободно ги стави на распродажба  еднаш веќе стекнатите права на македонскиот народ здобиени со реки крв на бројните познати и непознати македонски борци во текот на повеќевековната револуционерна борба. Тој според дадените изјави е спремен да ги прифати сите барања не само на албанските партии за федарилизација, туку и на соседите за промена на името и идентиетот.

Албанците, како и другите етнички заедници во Македонија, имаат права кои се над сите европски и светски стандарди. Но, со потикнувањето да бараат уште поголеми права и промена на Рамковниот договор, како што тоа го прави СДСМ, можат да ја вратат земјата во времето на 2001 и настаните во Куманово во мај 2015 година, во кој загинаа осумина припадници на безбедносните сили,  

По настаните во Куманово, кога лидерот на СДСМ, немаше ништо против да се слика во Куманово со оние кои му дадоа поддршка на криминално-терористичката група, покажаа дека тој нема ништо против обидот земјата да се дестабилизира и повторно да се леат потоци на крв на македонските бранители.

Очогледно визијата и програмата на Заев за освојување на власта се темели на генерирање конфликтно општество и создавање на широка коалициона влада. Меѓутоа, албанскиот и македонскиот народ се стекнаа со искуство и можат да ги препознаат потикнувачите. Тие сега не сакаат да им се повтори истото, додека за тоа време челниците на СДСМ се одмараат во вили или крстари со јахти по Егејското море.

Македонскиот народ ќе си го каже својот збоор на изборите на 11 декември, а рејтинзите говорат дека тој повеќе им верува на ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски, кои се способно да ја затворат пандорината кутија.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.