|
|
Граѓаните ќе одлучуваат меѓу оние со лажни ветувања и оние кои имаат принципи |
На 4 ноември 2004 година САД ја призна Република Македонија под уставно име. Десет години потоа, во септември 2014 година, непосредно пред доаѓањето во Македонија, новоименувааниот амбасадор на САД во Македонија Џес Л. Бејли пред Комитетот за надворешна политика во Вашингтон неочекувано изнесе став со кој го негираше постоењето на македонскиот народ. Во Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД, амбасадорот Бејли, како што тогаш е пренесено, бил прашан од сенаторот од редовите на демократите Крис Марфи: „Дали имате сознанија за некои неодамнешни загрижувачки прашања поврзани со етничките притисоци во врска со македонското етничко помирување што е клучен елемент на долгорочен регионален мир на Балканот? Имате словјанско мнозинство и албанското малцинство и извештаи за растечки тензии, но, исто така, се споменува и Охридскиот договор." На ова Бејли одговорил дека Рамковниот договор за мир го означил крајот на граѓанскиот конфликт и придонел за активно учество на албанското малцинство во владеењето со земјата, но и дека „во структурата на македонското општество покрај Славјани и Албанци, се и Турци, Роми и други“. Но никаде не го спомнал македонскиот народ! Уште недојден во Македонија тој тогаш го навреди македонскиот народ, поради што веднаш Министерството за надворешни работи на Македонија го повика заменик амбасадорот на САД во земјата и му упати вербална нота поради несоодветното именување на М;акедонците. Во тој момент тоа беше шок и новина за негирање на македонскиот народ од страна на САД, покрај постоечкото од страна на Грција, Бугарија и ЕУ. Само за потсетување, тогашниот амбасадор на ЕУ во Скопје, Аиво Орав пред Комитетот за надворешни работи во повеќе наврати употреби термин Славјани Славјано-Македонци. Домашните експерти во тие моменти не веруваа дека се работи за незнаење, бидејќи Бејли беше дипломат во Турција, па многу добро ги познавал условите на Балканот. Набргу тоа ќе се потврди и амбасадорите на САД и ЕУ ќе се најдат во центарот на настаните во Македонија. Неколку месеци потоа, по доаѓањето на Бејли во Скопје, во февруари 2015 година лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е подготвен да го смени името, под заштита на чадорот ја фрли првата бомба со која го обвини раководството на актиелната власт за прислушкување на над 20.000 граѓани. Следуваа и други бомби, па мајските настани во Куманово, Пржинските договори, техничка влада, Специјално јавно обвинителство, договор за предвремени избори кој поради неуспехот на обоената и шарена револуција, се пролонгира за 11 декември 2016 година. Тоа е типична специјална војна која имаше за цел да ги дискредитира водечките личности на владеачката ВМРО ДПМНЕ и да ги парализира институциите и капацитетите на земјата за справување со надворешните и внатрешните закани. Всушност, ако се види погоре посоченото сите преземени акции, вклучувајќи и насочувањето на бегалците и мигрантите по таканаречената балканска рута, беа во контекст да се ослабе земјата, што најпосле ќе доведе до промена на владеачката структура со личности кои се спремни да прифатат промена на името и идентитетот на македонскиот народ. Сепак, виталноста која ја покажа македонскиот народ и неговата држава ги изненади сите кои беа инволвирани во спроведувањето на ова сценарио. Искален низ вековите, народот кој поминал многу искушенија едноставно не дозволи некој да си игра со нивната иднина. Со негова поддршка владеачката ВМРО ДПМНЕ создаде здрава бизнис клима што од друга страна привлече бројни странски инвестиции. Според Луц Ромејер, менаџер во инвестициската банка Ландесбанк Берлин, Македонија покажа дека е земја со политички превирања сепак може да продаде еврообврзница и да привлече инвеститори". Во услови кога анкетите покажуваат висок рејтинг на ВМРО ДПМНЕ и сигурен успех на предвремените парламентарни избори, менаџерите на политичката криза во земјата ќе се обидат да создадат амбиент кој ќе доведе до такви изборни резултати од кои мора да произлезе влада на широка коалиција, спремна за остапки во врска со името. На тоа посочуваат не само активностите во земјата туку и пораките од соседството. Грчкиот претседател без да биде со ништо предизвикан веќе во неколку наврати од Солун и Воден, ќе порача дека Македонија е грчка. Меѓутоа, никој нема право да го спори идентитетот на било која група и на било кое население. Така и Грција не може да му го одземе правото на Македонците на сопствениот идентитет, јазик, култура и културно наследство. Треба некој многу добро да објасни зошто на Македонците му се негираат правото на овој термин. Сепак, на предвремените избори на 11 декември не одлучува ни Бејли, ни ЕУ, ни Атина, Софија и Тирана, туку одлучуваат македонските граѓани во земјата и дијаспората, кои треба масовно да гласаат и да кажат во каква земја сакаат да живеат. На овие избори тие одлучуваат за Македонија или против аманетот на своите претци. САД е стратешки партнер на Македонија и неговата администрација 12 години по признавањето под уставно име на земјата треба да ги помогне, а не да дозволува игри спротивни на интересите на Македонците. Во тој контекст, во интерес на македонскиот народ, лидерот на ВМРО ДПМНЕ го вели следното: „граѓаните знаат дека ние нашиот збор го остваруваме и дека може да ни веруваат. Заедно ќе направиме многу повеќе. Нашата борба за напредок во секое поле продолжува. На овие избори граѓаните ќе одлучуваат помеѓу оние кои даваат лажни и нереални ветувања, кои шират манипулации, деструкција и секој ден се натпреваруваат во тоа која поголема лага и невистина ќе ја објават, и нам кому граѓаните може да ни веруваат, кои имаме програма, цел и принципи до кои се држиме.“
|