Среда, 09 Ноември 2016   
Каде сме, каде застанавме?

Gordana-Dimovska
Гордана Димовска

Многупати пишував на важни теми за македонските национални обележја, јазикот, името, за патриотизмот, ја искажав гордоста со македонската мудра нација (моја статија) со нашите претци кои оставија силен белег во македонската историја. И ако не беше нивна борба и жртва не ќе бевме и ние денес толку горди на своето потекло и не ќе се нарекувавме МАКЕДОНЦИ. Но освен гордоста со минатото, ние денес имаме и одговорност да ги браниме сите тие достигнувања, да го браниме идеалот на нашите борци во сите периоди од постоењето на Македонија. Но како? Во статијата “Иселенци пратеници“ објавена во Македонска нација на 27 април 2011 ја истакнав важноста ние иселениците да добиеме право на глас во Р. Македонија, да се воспостават цврсти, стабилни мостови на соработка со татковината. Па така со донесувањето на Законот за право на глас на Иселениците се доби отворен простор и можност тие мостови да почнат да се градат и зацврстуваат. Но спрема досегашните искуства и резултати, се чини дека не стасавме многу далеку. Начинот на гласање, начинот на добивање пасоши, комплексната процедура, запазување на роковите за пријавување, незадоволство од изборот на кандидати за пратеници се огромна пречка која стои на патот и не дозволува доградување на тој посакуван цврст мост дијаспора – татковина.

Каде да ги бараме грешките и кого да го обвинуваме ако секој од нас. Кога човек го напушта родното огниште со себе понесува една заштитна обвивка, тоа е се она со што го задоила мајката земја. Иселеникот со себе си носи веќе изграден идентитет, си носи своја историја, јазик, вера, култура, начин на размислување. Кога започнуваш нов живот во нова земја, таа обвивка добива нови облици, нови димензии и од таму треба да тргнат нови начини на нејзино правилно, достојно “носење“ и презентирање во најдобро светло.

Австралија е мултикултурна земја со повеќе од 200 националности, земја која вложува многу за одржување на хармонија меѓу разните култури. Македонците имаат формирано културно уметнички друштва за одржување на македонскиот фолкор, песна и оро, социјални друштва, учителски здруженија, литературни друштва. Тоа е показател дека македонскиот дух пулсира и се пренесува на секој континент. Но дали презентирањето на фолклорот, храната (преку фестивалите на храната), учење на македонскиот јазик во некои училишта а деца се помалку, отворањето на ресторани со имиња и слики на македонски градови е единствено нешто кое го можеме и со што треба да ја зајакнуваме и адаптираме нашата македонска обвивка во иселеништво? Да постоиш а да не чекориш во правилна насока е исто како да си се изгубил во времето и просторот. Потребно е силно македонско лоби составено од сите македонски патриоти, претставници на здруженија кое ќе работи и спроведува идеи, презема иницијативи за суштествени прашања како на пример, реалната бројка на Македонци во Австралија, следење на прогресивни идеи на македонските патриоти од сите генерации и нивно забележување, начини да се зголемува бројот на македонски паралелки во училиштата каде се изучува македонскиот јазик, да се работи на материјал кој преку занимливости и факти накратко ќе ги поучува сите во Австралија за тоа кои се Македонците, фондови за македонски културни центри, пензионерски домови, одржување на редовни форуми од разни области, припремање на народот да гласа на парламентарните избори во Македонија, и кога се прави попис на населението во Австралија.

А каде сме кога треба да извадиме македонски пасош, каде сме кога треба да гласаме?? Зошто сме толку малку на пописот во Австралија, зошто во училиштата има се помалку деца кои го изучуваат македонскиот јазик, каде се Македонците кога се одржуваат Саеми на книга, каде сме во австралискиот парламент или јавните австралиски гласила? Да се изразува загриженост за состојбата во Македонија и незадоволтво од водењето во државата е лесно, но како да помогнеме да биде подобро? Зошто каде е најпотребно сме најмалку?

Како иселеници сме постојано критикувани дека недоволно придонесуваме за родната земја и покрај бројките за девизен прилив во Македонија, тогаш каде грешиме? Дали треба државата да го спречи иселувањето, да ги задржи младите кадри во земјата, да направи план за враќање на иселениците!! Но дотогаш дури да се научиме, треба да сме потолерантни едни кон други, да ги сфатиме грешките, да не сме толку строги кон работи кои не можат да се сменат преку ноќ или само затоа што ние така посакуваме.

На крајот ќе се навратам на дел од она што го кажав на 27 април 2011 во статијата “Иселеници пратеници“ во Македонска Нација:

“На овој начин сите заложби на активисти во иселеништвото, дали во група или самостојно ќе добијат нова димензија и ќе претставуваат мотив повеќе за натамошна интензивна работа во сите области од општествено политичкиот живот на Македонија. Истовремено, со вбројувањето на македонското иселеништво во гласачкиот список, етнографската слика на Македонија како важно подрачје во Европа би била пореална.

Географската оддалеченост нема да претставува повеќе пречка за ‘отфрлање‘ на иселеничките идеи, предлози и заложби кои ќе бидат од заеднички интерес и ќе претставуваат почеток на нешто што недостигаше и нешто кое не постоеше. Уште една потврда за потребата од зацврстување на мостовите на соработка помеѓу татковината и иселениците, уште една потврда за вистинско зближување на сите полиња и вклучување на што поголем број иселеници во општествено-политичкиот живот на Македонија. На големо би се допринело за напредокото на Македонија, но и за лична, духовна среќа на секој Македонец било каде да се наоѓа во светот.

Правото на глас на иселениците е огромна придобивка за секој што и мисли добро на својата родна земја, за секој што се грижи за напредокот и зачувањето на ова парче земја која не смееме да дозволиме да ни го уништат, продадат или обезличат по никоја цена.

Да ја зацврстиме еднаш таа наша македонска обвивка и да изградиме цврст мост на соработка. Каде се Македонците, таму е и Македонија, таму е и борбата за Македонија на сите полиња. Да се пронајдеме и да продолжиме заедно, посилно и координирано со цел и јасна мисија. Македонија е наша заедничка мајка.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.