|
|
Афера и заговор! |
Тие пријатели имаат недостик на мозочен капацитет. Немаат соодветен(никаков) кадар, немаат професионалци во својата или било која област ама затоа пак имаа лажови со тапија и извонредни контакти со подземјето како во Македонија така и надвор од Република Македонија. Со име и презиме нема потреба, не е еден, илјада и еден се, едниот зборува за другиот, меѓу себе се оговараат, креираат нови теории на заговор испишуваат нови црни сценарија за државава! Како викаат, карма е брат, па наместо на државата им се врати во партијата, како и да е, таму нека им е! Всушност поенатава е друга, работава е што тие немаат ништо а сепак имаат луѓе кои навистина се експерти за мртви лица, за оние кои починале, дури верувале или не, овие знаат повеќе од починатите ама само и само од како ќепочинат! Значи, во превод, чекаат некој да си замине од овој свет и да неможе да им одговори и потоа почнуваат со зборување, пишување, објавување биографии, докажување, обвинување и оцрнување на таа личност. Потенцирам, само и само од како лицето ќе си замине од овој свет, во спротивно може да им врати некој нешто па да се усрамат! Последниот пример со Јордан Мијалков за кој зборува осуденик со веќеизлежана затворска казна е вистински пример за ова што јас до сега ви го збрував. Човекот е вујко на Никола Груевски, починат е пред повеќе од 25 години, неможе ништо да им врати барем не од тука на земјата и сега тие за него знаат повеќе и од тој самиот за себе. А каде е кредибилитетот да зборува таа личност за некого со голем рејтинг и углед после толку години од како го нема меѓу живите?! Луѓе, кармата постои, ви се врати во вашата партија пред распад СДС антимакедонска.... Не, јас сакам само да ви кажам , има бог и голем е бог! Што знам,јас барем мислам дека со такви ликово како Слободан Цобе и со ликови од подземјето ништо нема да направите а особено не да добиете извршна власт во една држава или да ја срушите истата! Со вашите закани кон секој и сите?! Па со тоа може да замолкните еден или двајца ама не и 500 000 гласачи, браќа и сестри Македонци кои неизмерно и безрезервно веќе десет години ја даваат својата поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија! Уф, ќе заборавев, овој Стојан(стариот) бил експерт и писател па така кога некој ќе умре веднаш Стојан за него вади книга, биографија и автобиографија и докажува на читателите како тој го надмудрил и надиграл, го решил во два потези а тие дефинитивно никогаши не се виделе! Всушност на ваков начин, со очајнички обиди СДСМ се обидува да се приближи до владеачката партија а несфаќа дека само губи и губи. Незнам како не им е јасно дека црната кампања онаа плукашката не им носи резултат. Ги разбирам некои, ама не ги разбирам тие околу него, или тие главните во СДСМ или пак тие консултантите кои им земаат пари за продавање на магла, нив не ги разбирам! Всушност , можеби е попари и окуби како што рекле постарите .... На крај, СДСМ е организација која е најмоќна за креирање на теории на заговор и воспоставување контакт на лица со други лица од подземјето, политичари и криминалци и политизација на институциите!
|