Четврток, 10 Ноември 2016   
Никола Груевски

Meri-Georgievska
Д-р Мери Георгиевска

Живееме во свет на екстремни промени. Промената е побрза отколку што очекувавме сите ние, вклучително и науката.

Живееме во свет на плусови и минуси, на мажи и жени, на топло и ладно, на црно и бело, на лага и вистина, свет на револуции и будење. Свет во кој жените стануваат мажи, а мажите жени. Свет во кој за жал, на семејството (децата) како вредност ќе недостасува темел, база, пример за татко.

Во овој свет на поларитети, во 20-от век, нас нè учеа дека дека ќе преживеат само најсилните и најотпорните на промените според откритијата на Чарлс Дарвин дека природата е базирана врз моделот на компетиција и конфликт. Погрешно. Науката на Дарвин е стара одвај 160 години, а цивилизацијата за која археолозите поседуваат артефакти е стара 5000 години.

Што се 160 години од учењето на Дарвин во споредба на 5000 годишна цивилизација (Античка Сумарија- Асирија) (Јужна Месопотамија), или според најновите артефакти 12.000 години стара цивилизација, за која има веќе откритија во однос на цивилизациски дострели на тлото помеѓу денешна Турција и Сирија, и тоа во ерата пред самиот крај на леденото доба.

Замислете уште тогаш постоеле архитекти, математичари, и тоа била дефинитивно и ултимативно технолошки развиена цивилизација.

Живееме во свет на циклични промени, кои се случуваат на секои 5000 години. Се поставуваат прашањата: Како да ги прифатиме? Како да се справиме со промените, а при тоа да бидеме „политички коректни“?
Како нашата држава Македонија опстанува и дури успеа да застане со две нозе високо исправена на уште повисоките позиции на најпрестижните рејтинзи во доменот на економијата, кој во новиот свет на уште поновиот менаџмент на политиката ќе се укаже најдалекусежен и најважен дел од неа. Политика со силен темел во економијата, наместо напразно водење политика без никаков скелет, структура и визија.

Македонија опстанува благодарение на визијата на Никола Груевски.
Она што на опозицијата во Македонија и недостасува како на пустината што и недостасува вода е Никола Груевски. Она што го има Македонија во моментов и изминатите 10 години, најдоброто во Македонија во моментов и во иднина, секако за нејзиното добро е Никола Грувски и неговата политика. Човекот кој одамна е зачекорен во „новото нормално“, кој чекори на новата „тектонска плоча“, за кое што многу малку светски сили можат да се пофалат со нивните лидери вакви какви што се, чест на исклучоци. Економијата им се распаѓа, федерациите им се распаѓаат, ја губат довербата на нивните граѓани, што е класичен пример на крај за нечие владеење, итн.
Хилари или Трамп, Трамп или Хилари, Хилари или Клинтон. Се надевам американците ќе покажат прогресивност на мисла (иако колумнава ќе излезе откако ќе биде познат резултатот на изборите во САД) и ќе го оценат вистинскиот момент кога треба да зачекорат на „новата плоча“, „новото нормално“ и ќе гласаат за Трамп и се разбира ќе гласаат без страв од „новото нормално“. За доброто на нивната Америка, која беше наша најголема верба и надеж, пример за успешност- некогашниот пример за сила.

Но, кој и да победи, верувајте, нема да има време да се занимава со нас малите земји. Тоа време помина. Сега ќе опстанат само оние држави, чија економија и самоодржливост ќе бидат поставени на здрав темел.

Сенката на промените ја гледаме сите. Сега сите ги чувствуваме промените.
Поминавме многу. Ние овде поминавме долга транзиција. Изгубивме цели децении живот во матно. Ја оставивме младоста. Поминавме и минуваме климатски промени кои всушност и научно се само циклични промени, слични на оние од пред 5000 г., кои од 1987 година станаа политички проблем, без особена причина.  Преживеавме и економски промени-рецесијата и конфликтот базиран на теоријата на најсилниот!

Животот во 20-от век беше базиран на постулатите- компетиција и конфликт, кои се укажаа сосем погрешни. „Новото нормално“ е новиот постулат на новата цивилизација, кон која ние, Македонија, предводена од Никола Груевски забрзано чекориме. И слободно може да си дозволиме да се гордееме со тоа темпо на чекорење.
Бевме цели две години и сме под окупација на опозицијата, која нејзиниот распад го рефлектира како неуспех на владеачката ВМРО ДПМНЕ, не гледајќи во раската на нивното сопствено око. А раската им е голема. И како наближуваат изборите болките им се сè поголеми и поголеми.

Светот денес е под окупација на „новото нормално“, чиј постулат е кооперација, а кој се базира на креирање на одржливи и хармонични системи. Тоа во Македонија одамна го предвиде и оствари Никола Груевски со неговиот експертски тим.

Да, бевме под вештачки инсценирана криза. Но, се додека постои криза, па макар и комуњарско изведена, подла, субверзивна, опсесивна компулсивна за власт криза, тоа значи дека постои модус за целосно совладување на истата. И ете како што сите гледаме, излегуваме и од оваа криза како победници, односно победува идеалот на ВМРО ДПМНЕ. Победува Македонскиот народ. Победува Македонија. На 11-ти Декември победува Македонија.

Тешко е да се концептуализира новата реалност како овде, така и во Светот. Никола Груевски како човек и лидер е оптимист, но воедно и реалистичен. Тој одамна ја исфрли старата парадигма која е креирана врз база на сепарација односно дисконекција. Во 20-от век нè учеа дека сме дисконектирани едни од други, дека сме дисконектирани од телата, дисконектирани од Бога, дисконектирани од светот. Денес и најортодоксните научници кои се плашеа да се произнесат по овие прашања, бидејќи требаше да се само-демантираат, признаваат дека ние, луѓето и тоа како сме конектирани едни со други, конетирани сме со телата, со умот, со емоциите, со чувствата, со духовното. Никола Груевски влезе меѓу народот. Се конектира со народот. Неговиут ум зарони во океанот на секојдневието на македонецот и неговиот суштински проблем. Се обиде од дното на неговата душа да го разоткрие проблемот на обичниот македонец и го реши и ќе го решава сè повеќе и повеќе.
Ако тој ги продолжеше грешките на неговите претходници и останеше во светот на старите асумпции, НЕМАШЕ да живееме во свет на кооперација. Инстинктот кој тој го поседува, познава и со кој владее беше и ќе биде и во иднина заснован врз прашањата: НЕ, што да добијам од мојата заедница? Туку- Што да направам, да споделам со мојата заедница и како да придонесам? Што можам да понудам на институцијата, организацијата од било кој вид, за средината во која егзистирам?

Никола Груевски веќе 10 години ја максимизира инструменталната вредност на нашата Македонија. Од опљачкана руина изгради држава. Сите негови ветени идеи во изминатите кампањи како и во секојдневието, час во час, ден из ден ги имплементира преку развој и хајлајт на социјалната и економската вредност.
Лидер се станува само ако државата стане бренд валоризиран од заедницата. Денес и пилињата во Македонија знаат дека нашата држава е и тоа како валоризирана од заедницата- македонскиот народ и граѓаните на Македонија и предводена од човек-бренд- истовремено визионер.
Никола Груевски искреира хотлајн помеѓу неговите имплементирани ветувања и народот.
Тој е матриксот на Македонија. Од него треба да учат младите, кои целат да се бават со политика. Политиката базирана на умеењето и угледот мора да биде кохерентна, без исклучок. Па сите вие кои се стремите кон „новото нормално“, учете од него. Учете дека успехот се заснова не само во идеите и нивното имплементирање, туку во угледот. Не само во квантитетот туку во квалитетот. Блупринтот на Никола Груевски е љубовта кон Македонија, неговиот углед и етиката.

Никола Груевски е човекот кој не само што ја понесе Македонија во „новото нормално“, туку и ја спроведе новата парадигма за враќање на угледот на Република Македонија во пошироката светска политичка заедница.

Иако постојано живееме немилосрдно озрачени од рентгенот на странските служби кои неуморно „помагаат“ преку дестабилизираните и изветвени македонски политичари во заминување, подложни на рушвет, и неуморни од поривот да ја видат Македонија поделена, Македонија ќе опстане. Посилна од секогаш!
Одамна помина времето на слепата верба во лидери без евиденција, во наконтени лидери , во лидери со микрофон во рака, без да умеат да кажат два збора без да читаат од тефтерчето.
Доаѓа времето на лидери како Никола Груевски.
На 11-ти Декември ќе се врати војводата на бел коњ!
Да живее ВМРО ДПМНЕ !

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.