Среда, 09 Ноември 2016   
Во манастирот „Св. Спас“ – Зрзе биле венчани Волкашин и неговиот син Крале Марко!?

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Зрзенскиот манастир „Свето Преображение Хрустово“ е средновековен православен манастир крај селото Зрзе. Манастирот се наоѓа на 34 км. северозападно од од градот Прилеп, на 1000 м. надморска височина, во подножјето на планинскиот масив Даутица. Тој е укрепен манстир и збег поради што е познат уште како „Свети Спас“. Според преданието се раскажува дека во тој манастир бил венчан Волкашин и неговиот син Крал Марко. По смртта на крал Марко во 1395 г. на манастирот му биле одземени бројните имоти и привилегии. Денес тој е дел од Преспанско-пелагониската епархија и седиште на секратарот на Светиот архиерејски синод на на МПЦ ОА епископ Климент Хераклејски.

Во својата книга .„Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), авторот Георги Трајчев за манастир Св. Спас, за кој пропагандите (грчката, српската и бугарската) на почетокот на минатиот век водеа огорчени борби, ќе го напише следното:

„Манастирот св. Спас се наоѓа недалеку од село Зрзе, одалечен 2 км., таму каде прилепските оградни планински разграноци се среќаваат со Поречките. Патот од Прилеп за манастирот трае околу 5 часа по западната насока и минува низ село Варош и целото продолжение на Прилепско поле, во насока кон Кичево. Целиот пат е речиси равен – коларски. Самиот манастир е расположен по стрмната карстна карпа „Баба“. Гледајќи од манастирот кон Прилепско поле и целата ширина на прилепската околија, дава една пријатна гледка за окото. А одалеку гледан манастирот, исто така изгледа величанствено, заедно со Волкашиновата кула и во соседството Крали Марковото кале.

Манастирот е заграден со високи ѕидови, а во постаро време бил цела тврдина. Во него се влегува низ стара и голема порта, со живопис во горниот крај доста зачуван. Манастирските згради ја опкружуваат црквата. Самата црква не изгледа на црква. Таа е зидана од камен и тула, а покриена со плочи. Волкашиновата кула е составен дел од самата црква и изгледа дека некогаш имало тука голема и убава црква. Денешната црква е разделена на неколку одделениа долги 20, а шороки 12 м. Сите делови се живописани и тоа не истовремено. Во средниот дел има живопис од 1599 г. Другите одделенија се доградени и живописани подоцна...

Во нартексот тој натпис изгледа вака: „ +Изволением оца и поспешением сина и Стаго доуха - писае се сии божеставнии храм - Ва лето .... (1593) настојател еромонах - Игумен Дамаскин - ктитор поп Димитар - Од село Брабаре и попадија - Калина и син му Георгија Негрев .....

На десната страна од главниот влез има друг натпис: “Да се знает кога се писат припрат, -Настој поп Негре од село Зрзе, - Јоан Митранов и Пеја и Митре - Костадин и ....“

Трет натпис се гледа пак во тремот од 1636 година, каде се говори за зографисувањето. Најмалото одделение е средниот дел од храмот. Тука десно, кај певците, има два стари дрвени стола. На ѕидот се ликовите на св. Константин и Елена и до нив белешка “ ... Севастрократа ...

Ктитори... от - Град Прилеп Георгија Палеп Влкота пратит ... (1740)“ – (Д-р Василиевич, ибид)

Се забележуваат и други натписи. Така на иконата на св. Богородица се забележува годината 1533 (? - н.з.), кога е насликана. Исто така од внатре на влезната врата има нечитлив натпис. Во манастирскиот двор има чешма, со изобилна планинска вода и над се забалежува овој натпис:

“+ 1842 (март). Во село Зрзе за манстир св. Спас настојник бил игумен поп Христе поп Трајков, а епитроп бил Стевко Стериев и Стојко фурнаџија, мајстор Насто од Царевик и мајстор Мојсо и Христе Томчо од село Плетвар; мајстор Христе од Стамболци од село Долнени за спомен амин“ (ибид).

Историјата на манастирот е доста темна. Во село Зрзе има многу стари цркви, кои можеби биле манастирски скитови. „Судејќи по разните подписи, архитектура, живопис, треба тие цркви да се однесуваат кон славјанското владеење со тој крај... Според преданието се раскажува дека во тој манастир бил венчан Волкашин и неговиот син Крале Марко.

Во манастирската околина има урнатини од стари градби и се нарекуваат „Манастирско калиште“. Според преданието тоа „Калиште“ имало порака со манастирот за заштита и затварање. Се претпоставува дека „Калиштето“ е постаро од манастирот и дека тука престојувале кралот Волкашин и Крале Марко. Тврдината (Калиштето) постоела до пред 150 години (почетокот на (XIX век), кога била разрушена од султанот, бидејќи служела како прибежиште на прочуениот албански бунтовник Матлија, кој ја вознемирувал државата.

Воопшто Зрзе и околината изгледа во старо време (византиско и римско време) била некоја голема населба, која имала големо трговско значење, за што сведочат многу урнатини, стари основи, патишта, ќупови, столбови и разни други садови.

Зрзевскиот манастир, според разни писмени извори, посоченини од разни времиња, треба да суштествувал постојано за време на турското робство, со исклучок на почетокот на XIX век, кога арнаутските инвазии го опустошија Палагонискиот крај.

... Некогаш манастирот имал големи имоти, но Турците и арнаутите го разграбале. Денес манастирот има гора, воденица, ливади, лозја, ниви, чифлик ....“ – пишува Трајчев во далечната 1933 година.

Инаку, долго време се сметаше дека манастирот е основан во XIV век, со „труд и подвиг“ на монахот Герман, во времето на владеењето на Стефан Душан. За тоа сведочел натписот над влезот на јужниод ѕид. Манастирот има две големи цркви „Свети Преображение Господово“ од XIV век и „Св. св. Петар и Павле“ од XVII век. Освен тоа кон манстирскиот комплекс припаѓаат и помалите цркви „Св. Илија и „Свети Никола“, како и кулата на камбанаријата, конаците и разни помошни згради. Остатоците од старите градби покажуваат дека манастирот во минатото бил многу поголем и имал повеќе згради. Целото пространство било опфатено од форифакицискиот систем на високи и масивни зидови од кои денес се зачувани остатоци.

По најновите направени истражувања утврдено е дека во доцноантичко време било подигнато обзидие од камен и малтер (збег?) Во источниот дел била најдена ранохристијанска базилика од V, чии искршени мермерни украси лежат наоколу. Пронајдени се и монети од IV, V и VI век. Исто така, тука најдена е монашка населба од IX век. Од тој период се испосничките келии вдлабени во бигорната карпа, на северната, источната и јужната страна на манстирскиот комплекс. Врз урнатините на старата базилика, во средината на XIV век, била изградена црквата Свето Преображение или Свети Спас, а биле обновено и старите ѕидови.

Во црквата "Преображение Господово" има ретки икони и фрески. Една од нив е иконата "Исус Христос", изработена во 1393 година од зографите митрополитот Јован, а другата "Богородица Пелагонитиса", дело на зографот јеромонах Макариј, изработена во 1422 година, е една од најимпресивните дела на средниот век. Двете икони, едната монументална, другата повеќе лирична, од стилска и иконографски аспект се исклучително вредни за македонското и светското културно наследство.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.