|
|
Избори ли се избори - Македонски маки големи |
Несудениот Македонски претседател Кочо Рацин легенадрно ги напиша зборовите - ДЕНОВИ ЛИ СЕ ДЕНОВИ, АРГАТСКИ МАКИ ГОЛЕМИ. Нашата македонска мака се изборите кои ете мора да се одржат и бегање не смее да има, доколку чадорот и шарените не ја променат тактиката. Што се однесува до дијаспората, во Австралија, според зборовите на Амбасадорот Веле Трпевски, од регионот на Сиднеј, Вулонгонг и Канбера е двојно зголемен. Да се надеваме дека истото ќе биде и со Мелбурн, Перт и Аделајд и другите градови. Амбасадорот Веле со конзулката од Мелбурн, Бети Коруновска повикуваат на поголема посетеност и одлично спроведување на самите избори кои се витални за Македонскиот народ и дијаспора. Повикот од нивна и наша страна е да колку и да сме идеолошки различни, со заеднички и братски подадени раце, да го уништиме она проклетото, да си забодуваме нож во грб од немајкаде и досада. Инаку самите избори во Македонија се интересни и со голема заинтересираност кај Македонците во дијаспората, затоа што сите убави и неубави случувања се дел од Нас, каде и да сме и не можеме така рамнодушно да гледаме како странскиот фактор се меша во овие наши избори. Нас ни е Македонија се што имаме иако многумина можеби се осудени ретко или никогаш да не ја посетиме, но љубовта вечно остана. Секое негирање дека сме далеку и немаме право да одлучуваме е злонамерно и болно, па затоа сакаме да го слушнете гласот на Македонците иако само 1 до 2 % имаат право на глас поради некои бирократски сопки. Македонија вечна и нека победи љубовта кон Македонија, а не калкулациите на душманите !!! ÂÂ |