|
|
СДСМ во паника! |
Манојил (Мане) Јаковлески Изборите се ближат! Партиите ги доставија до Државната изборна комисија (ДИК) кандидатските листи за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември 2016 г. Главната битка ќе се води во 4-та Изборна единица, каде како носители на листи се јавуваат лидерите на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и на СДСМ Зоран Заев. Ова е и прва директна пресметка на Груевски и Заев како носители на изборните листи во иста изборна единица. После се што се случуваше во последните две години, после сето она што му го приреди СДСМ со соросовите инсталации во земјата и надворешните подржувачи на македонскиот народ, после обоената и шарена револуција која и нанесе огромни штети на земјата, се ближи времето на конечна пресметка за да се стави крај на политичката криза. Ова е време кога народот треба да пресуди.меѓу две идеологии, меѓу две концепции за водење на земјата. На 11 декември 2016 година македонските граѓани ќе избираат во каква држава сакаат да живеат. Всушност, овие избори се референдум на кој граѓаните треба да одберат меѓу две опции. Првата опција на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за: напредна, просперитетна и побогата држава, вработувања со поголеми плати и пензии, подобро здраство и школство, изградба на инфраструктура, како и зачувување на името, идентитетот и гордоста на македонскиот народ; и втората опција на СДСМ и Соросовите инсталации која е за: виткање на кичмата, промена на името и идентитетот, двојазичност и федерализациоја на земјата, отпуштање од работа, што неминовно води кон зголемена корупција и криминализација на општеството. Партиите се подготвуваат за последната пресметка, притоа давајќи реални и неречни предизборни ветувања. Во предвидениот рок за поднесување пријави до Државната изборна комисија 12 коалиции и партии поднесоа кандидатски листи за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори. Кандидатски листи за пратеници поднеле коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Kоалицијата за промени и правда, Kоалицијата „ВМРО за Македонија“ и Kоалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи - ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партииите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица, СДПМ и Беса и НДМ. Инаку, главната пресметка ќе ја водат ривалските партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тоа е избор меѓу реалните и остварливи проекти кои ги нуди лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и манипулациите кои ги конструира лидерот на СДСМ Зоран Заев. Двајцата лидери пресметката ќе ја водат ви 4-тата ИЕ, а во првата ИЕ, од каде избега Заев, ќе се судрат ностелите на кандидатски листи Никола Поповски (ВМРО ДПМНЕ) и Стево Пендаровски (СДСМ), кој македонскиот народ го нарече стока. Во 2- та ИЕ носители на борбата ќе бидат Никола Тодоров (ВМРО ДПМНЕ) и Оливер Спасовски (СДСМ), актуелен привремен министер на МВР. Во 3-тата ИЕ Илија Димовски (ВМРО ДПМНЕ) и Љупчо Николовски (СДСМ). Во 5-тата ИЕ се Антонио Милошевски (ВМРО ДПМНЕ) и Радмила Шеќеринска (СДСМ). Во 6-тата ИЕ, битка ќе водат Влатко Ѓорчев (ВМРО ДПМНЕ) и Петре Шилегов (СДСМ). Релевантните анкети му даваат голема предност на ВМРО ДПМНЕ, што му дава за право на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски да очекува 63 пратенци или повеќе со кои може да ја порази деструктиваната и мрачна политика на Зоран Заев. Затоа во своето обраќање на конвенцијата на владеачката коалиција тој ќе рече: „Станете браќа и сестри, станете граѓани на оваа земја, станете Македонци, Албанции, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати да покажеме што е Македонија! Да направиме да се гордеат нашите поколенија со нас и со нашата улога во историјата за нашата држава.“ Освен македонскиот народ и европските преставници кои го следат сработеното на владеачката партија ВМРО ДПМНЕ, му даваат целосна поддршка на политиката на Груевски. Така, министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, од Брисел упати силна поддршка на македонските евро-атлантски интеграции, најавувајќи дека Унгарија ќе се бори во ЕУ за покренување на преговорите за членство на земјата во Европската унија. Исто така, како што пренесуваат медиумите, восхитувајќи се на ефикасноста на македонската влада, тој посочил дека за претстојните парламентарни избори во Република Македонија, Унгарија и голем број земји-членки на ЕУ очекуваат дека македонскиот народ ќе му даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, како партија со јасно изразена проевропска и проатлантска ориентација. Ваквата позиција која ја има стекнатао Никола Груевски и раководството на ВМРО ДПМНЕ предизвикува паника кај раководството на СДСМ кое во неможност да ги исполни задачите и целите на нарачателите е исполнета со омраза и гневна, спремна на се. Оттука произлегуваат контраверзните ветувања дека секој вработен ќе има најмала плата од 30.000 денари и 13 – та плата, нешто што наликува на предизборните ветувања на поранешниот лидер Браннко Црвенковски дека на 15–ти септември ќе има од секое семјство по еден вработен, за потоа и тој еден да биде избркан на улица. Па нели цело време викаат дека земјата е презадолжена. Ако е така од каде ќе најдат пари за да ги исполнат ветувањата. Изборите се ближат, а македонскиот народ за Новата 2017 година сака да ја има старо новата влада на ВМРО ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски и неговиот тим, кој покажа и докажа дека тоа што го ветува и го исполнува. Народот, едноставно сака мир и просперитет. Македонија Вечна, АМИН!
|