Среда, 16 Ноември 2016   
Светот се менува, НА ПОДОБРО!

kostadin-kepricovski-22
Костадин Керпичоски

Во последно време се повеќе и повеќе до нас стигнуваат позитивни вести, убави вести за уво на прв слух.

Се повеќе и повеќе надеж дека работите ќе се променат, ќе се подобрат и светот повторно ќе стане едно убаво место за живеење.

Утрото кога осамна веста дека новиот претседател на САД е Трамп беше историско, тоа беше историска победа на доброто врз злото, на позитивното врз негативното, тоа беше причина за големо славје во многу држави како во Европа така и на другите континенти.

Уште повеќе радува фактот што Трамп како претседател на САД нема да дозволи промена на Македонското име а воедно ни дава и безрезервна поддршка на нас како држава но и на Никола Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и старо нов премиер, претседател на владата на Република Македонија особено битно сега пред избори закажани за 11-ти Декември.

Нешто послаба и незначајна вест е оставката на Борисов и техничката влада каде шанса за победа има про Руски настроен кандидат кој се разбира со помош на САД може да ги добие изборите.

Овие две информации значат многу , значат подобрена соработка со Бугарија и САД.

Ова исто така значи и крај на војната помеѓу САД и Русија а со тоа и мир во сите мали држави кои до сега патеа поради конфликтот на големите веле сили.

И на крај ние како мала но посакувана држава останува да се надеваме дека работите ќе се средат, подобрат и навистина оној кој следи и знае надворешна политика знае да процени што ќе се случува во иднина и дека ваквата политичка поставеност на работите во моментов и одговара и тоа како на Македонија!

Некои од моите пријатели велат дали Америка или Бугарија или пак Грција се замараат за нас а јас им велам ДА и тоа како се замараат, и тоа како им сме битни, и тоа како им сме битни на Европските држави и унијата особено ако се земе во предвид тоа што Македонија одигра клучна улога во менагирање на мигрантската криза.

Моето мислење е дека сега и мигрантскиот бран ќе стивне, слушнав за депортирање на дел од мигрантите, што е непотврдена информација но останува да видиме како во иднина ќе се одвивааат работите.

Она што е значајно е дека програмата на Трам е позитивна, се базира на мир и добродушност а не на креирање на тензии и глумење лудило по останатите помали држави.

Да не се заборави и дека доаѓа крајот на контраверзниот бизнисмен Џорџ СОРОС!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.