|
|
Прилепско-пратеничка грешка во чекори |
Аболицираниот лидер на најголемата опозициона партија СДСМ, Зоки Заев, алијас Зоки фантомчето конечно на партиски конкрес го објави ростерот на екипата која треба добро да се подготви и воедно спротивстави на актуелното владечачко мнозинство на чело со ВМРО ДПМНЕ на вонредните парламентарни избори кои како што е познато се закажани за 11 декември оваа година. Во изборната единица 1 номиниран е Универзитетскиот професор Стево Пендаровски кој на последните претседателски избори доживеа дебакл од актуелниот Претседател на Република Македонија, Г-динот Ѓорѓе Иванов. Во втората Изборна единица капитен на екипата е секогаш личноста болна за власт и алфа и омега на зајчето, Оливер Спасовски - актуелен технички министер за внатрешни работи. Во Изборната единица број 3 е Техничкиот Заменик Министер за земјоделство, шумарство и водоснабдување Љупчо Николоски кој сигурно во предизборната кампања ќе ветува дека земјоделците ќе добиваат се когаш на време субвенции за предадените земјоделски производи. Но,за жал, ако не се за некој процент изборно зголемат субвенциите во текот на изборната кампања треба актуелниот заменик Министер во ресорното министерство Николоски да нагласи дека актуелните субвенции се во функција по 1 јули оваа година од кога токму на власт е актуелната владејачка гарнитура на чело со ревносниот Претседател, Никола Груевски. Во 4-та Изборна единица носител на опозиционата листа е аболицираниот лидер Зоран Заев кој има и три кривични дела против него, и тоа: Глобал, Пуч и Поткуп. За 1-то кривично дело зајчето доби аболиција од тогашниот Претседател на Република Македонија, Г-динот Бранко Црвенковски, а за преостанатите 2 дела неговата шпионско - мафијашка работа делата се во тек. Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска е кандидат на здружената опозиција во 5-та Изборна единица, а во 6-ка носител на листата е големиот гласно говорник на СДСМ, Петре Шилегов. Со ова таксативно ги наброив носителите на листите на СДСМ и здружената опозиција за претстојните вонредни парламентарни избори. Во продолжение на ова мое писмо посебен акцент како прилепчанец ќе посветам големо внимание за 3 личности од Градот под Марковите кули. На листата за пратеници го нема актуелниот прилепски пратеник во Републичкото собрание, а воедно и координатор на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески. Значи времето на Сугарески заврши за борба на пратеничко место. Сугурно зајчето по 12 декемвриза кога хипотетички е најавено превземањето на власта од страна на СДСМ на Сугарески му е ветено некое високо место во Извршната власт или пак некое директорско место. На второто место во Изборната единица 4 , веднаш зад аболицираниот лидер Зоран Заев, алијас Зоки фантомчето, позициониран е актуелниот прилепски пратеник, приватниот бизнисмен и универзитетски професор Хари Локвенец. Зоки со Хари правиш грешка во чекори Имено, Хари на 2 пати ја има почувствувано горчината на поразот и тоа по еднаш, мислам по пропорционалниот модел на гласање за пратеници на последните вонредни парламентарни избори и по мнозинскиот модел на гласање на последните локални редовни избори во 2013 година. Во првиот случај со спортски жаргон кажано, административно само благодарение на пропорционалниот модел Хари влезе во Републичкото собрание. Но, иронијата да биде голема аболицираниот лидер Зоран Заев веднаш по затворањето на гласачките места изборите ги прогласи за нерегуларни. Па така,ги повика своите поданици да демонстрираат улична демократија. Во тоа време нарцисоидната личност Хари Локвенец продолжи со својот вносен приватен бизнис со компјутерска опрема и професорска плата и плус 12 пратенички плати без ниту еден одработен ден во Законодавниот дом. Во вториот случај а тоа е во 2013 година во изборот за татко на Градот Херој Прилеп, ораторчето Хари ветуваше 500 акумулации, 5000 нови вработува ња и 5 милиони евра финансиска инфузија за прилепското стопанство но, за жал Хари беше катапултиран со преку 10 000 илјади гласови разлика од актуелниот татко на Градот под Марковите кули, ревносниот Градоначалник Ристески На крајот се чудам и прашувам самиот зошто на пратеничките листи го нема нецивилизираниот адвокат кој под плаштот на нерегистрираното здружение Протестирам и со слоганите Нема правда - нема мир со јајца и мрсна боја ја осквернави новата општинска зграда. Со еден збор кажано изборот на аболицираниот лидер Зоран Заев, алијас Зоки фантомчето е промашена инвестиција како фабриките во Градот под Марко вите кули кои банкротираа во време на владеењетона СДСМ. Убав е предлогот да се формира ново СЈО за да се расветлат некогашните дубари за време на приватизацидата на претпријатијата со општествен капитал кои беа аминувани од тогашните владејачки плави момчиња.
|