Среда, 23 Ноември 2016   
Бошко Буха ќе пука од Градот под Марковите кули

rubinco Јованоски
Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Партиите од македонскиот и албанскиот политички кампус ги полнат батериите пред почетокот на предизборната кампања за следните вонредни парламентарни избори во плурална Македонија кои треба да се случат за помалку од 20-тина дена, поточно на 11 декември оваа година.

Лидерите од 4-те најголеми политички партии од македонскиот и албанскиот политички естаблишмент и тоа ВМРО ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА (Никола Груевски, Али Ахмети, Зоран Заев и Мендух Тачи) работат предизборно на терен, а некои како на пример Заев посветува големо внимание на Изборната единица 7 која се однесува на гласовите од дијаспората.

Пред извесно време на трибина во Берн, Република Швајцарија зајчето заедно со одметникот од ДПА, градоначалникот на Струга Зијадин Сеља нагласуваше дека е време политичката клима да се менува во Македонија. Заев понуди промена на Уставот каде албанскиот јазик според негово мислење треба да стане втор официјален јазик во Република Македонија.

Иронијата да биде уште поголема токму при прочистувањето на Избирачкиот список Зоран Заев ги потценуваше гласовите од дијаспората каде токму за нив алудираше дека има нерегуларности во избирачкиот список.

Сега во минута по 12 Заев одлучи да ги посетува Европските градови каде има македонско население претежно од албанскиот политички кампус и токму со нивните гласови да освои 2 до 3 пратенички места од дијаспората.

Зоки само за 2 до 3 пратенички места ја зголемуваш тензидата на македонската политичка сцена. Треба да се освојат пратенички мандати хипотетички кажано од 50 до 55 во сите 6 Изборни единици во Република Македонија за да се размислува и на гласовите од дијаспората.

Но, според актуелното јавно мислење на македонскиот електорат разликат како лично помеѓу тебе и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Г-динот Никола Груевски е 3:1 во корист на Груевски. Исто така, во целина земено владејачката партија ВМРРО ДПМНЕ има висок рејтинг од опозициониот табор предводен од плавите момчиња на СДСМ.

Според потенцијалните Изборни листи за предвремените парламентарни избори најголемата борба ќе се води во 4-ката каде капитени на своите табори се 3-ца екс премиери, и тоа Никола Груевски, Зоран Заев и Љубчо Георгиевски.

Зоки изборната кампања ја започнуваш од Градот под Марковите кули.

Зоки како ќе се појавиш пред прилепчани? Со која и каква програма? Дали пред прилепчани ќе ја споменеш и твојата иницијатива за албанскиот јазик да стане официјален во нашата земја.

Те молам Зоки немој тоа прашање да го отвориш оти се уште се болни сеќавањата на семејствата на 1о-те прилепски бранители кои во 2001 година на браникот на татковината на кукавички начин од заседа беа убиени од албански екстремисти кај месноста Карпалак.

Зоки со спортски жаргон кажано првите минути од мечот се многу важни за понатамошниот тек од натпреварот.

Те молам внимавај што ќе кажеш во Градот Херој Прилеп оти целата технничко - тактичка подготовка на твојата партија пред и за време на изборната кампања може да падне како кула од карти исто како, Пирамидалната штедилни ца на ТАТ од Битола, купувањето по багателни цени на некогашните претпријатија со општествен капитал, вработувањето на по 1 член од секое семедство кое беше предизборно лажно кажано од мецената Б.Ц., бомбона продажбата на некогашната ЕСМ и твоите шпионски бомби кои те окарактеризираа во јавноста како Бошко Буха.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.