|
|
На 11 декември граѓаните ќе гласаат против сценариото за разнебитување на земјата |
Манојил (Мане) Јаковлески На празникот свети Архангел Миахил (заповедникот на Господовата војска и чувар на православната вера, кој со своето делување спасил многу загубени души), кој се празнува на 21 ноември, започна кампањата на партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Во текот на изборната кампања, која ќе трае 20 дена и ќе заврши на 9 декември, а во која учествуваат 11 политички субјекти (шест политички партии и пет коалиции), главната битка ќе се води меѓу коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата предводена од СДСМ. Тоа е битка на две концепции, тоа е битка меѓу чуварите на македонскиот народ и отпадниците кои наместо унитарност сакаат да воведат двојазичност и федарализација на земјата. Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ започна со позитивна кампања која меѓудругото има за цел да ги спречи или врати загубените души, кои заведени од ветувањата на лидерот на СДСМ лутаат во просторот и се на прагот да направат ерес кон сопствениот народ. Во Избирачкиот список за декемвриските избори се запишани вкупно 1.784.524 лица со право на глас. Тие на 11 декември треба да изберат во каква држава сакаат да живеат - во унитарна и прогресивна држава, со зачувано име и идентитет за што гарантира ВМРО ДПМНЕ или пак во двојазична, федарализирана држава, каква што нуди СДСМ. ВМРО ДПМНЕ својата изборна кампања ја започна во Охрид. Новата програма „Реално 2017-2020, работа, сигурност, напредок“, која ВМРО ДПМНЕ ја презентирана на јавноста, досега е најобемна, сеопфатна и најквалитетна програма презентирана на македонската политичка сцена. На 500 страници се наоѓаат стотици проекти и решенија со конкретни рокови за реализација во наредните четири години. Таа е реална и остварлива, а со неа се предвидува во наредните четири години да се отворат 70 илјади нови работни места. Свесни за потребите на граѓаните, во дел од програмата на ВМРО ДПМНЕ, се проектите со кои се предвидуваат зголемување на платите, повисоки пензии, земјоделски субвенции, нови автопатишта и пруги, нови енергетски капацитети, поголема финансиска поддршка за компаниите, како и многу поволности за започнување на бизнис и т.н. Програмата која ја нуди ВМРО ДПМНЕ е за сите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и други, кои сакаат да бидат дел од целовита и суверена Македонија, а не да живеат во бинационална држава, поделена и дезинтегрирана, каква што ја посакува лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тоа што Заев го нуди како своја програма, а која подразбира воведување на албанскиот јазик на целата територија е програма на силите на злото. Идеите на Зоран Заев претставуваат една игра која може да биде многу опасна за македонските граѓани од која било националност и по македонската држава како целина. Всушност, оваа програма значи редефинирање на државата, што неминовно води кон дестабилизацијата на земјата, враќање во 2001 година, промена на Уставот, името и губење на суверенитетот и конечно исчезнување на Македонците како народ. Инаку ниту една дезинтеграција на држава не поминала безболно. Свесен за ова, американскиот амбасадор Џес Бејли уште првиот ден на кампањата преку Твитер повика на ненасилна кампања, а граѓаните да го искористат своето демократско право на глас. Како што вели тој, „лидерите треба да спроведат кампања без заплашување и насилство и да не креваат политички и меѓуетнички тензии. Секој глас се смета. Ги повикуваме сите граѓани да го искористат нивното демократско право да гласаат и да ја определат иднината на својата земја.“ На сите им е јасно дека 11 декември, денот кога треба да гласа, преставува референдум. Народот е свесен дека треба да избира меѓу оние кои работат за добробит на македонскиот народ и оние сили на злото кои работат да ја дезинтегрираат земјата и да го уништат македонскиот народ. Односно тој знае дека доаѓа моментот кога Македонецот треба да одлучи да се биде или не - дали како народ ќе опстане. Македонскиот народ знаае дека овие избори му даваат можност еднаш за секогаш да расчисти со силите на злото, да ја стаболизира земјата и да ги решат односите со соседите и ЕУ. Тој е свесен дека победата на ВМРО ДПМНЕ на овие избори значи референдумско НЕ на граѓаните на Македонија на сите аспирации на соседите кои сеуште сонуваат за создавање на некаква големи држави, но и отварање на патот кон евроатланските интеграции. Оттука, како што вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ, „11 декември е ден кога граѓаните ќе излезат и ќе гласаат против ова сценарио, против оние што сакаат да ја разнебитат државата, односно ќе гласаат за суверена и самостојна Македонија држава на македонскиот народ и останатите граѓани кои живеат во неа, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи и останати, но не и за бинационална држава, поделена и редефинирана како што некој тоа го сака, ќе гласаат за суверенистичката и унитаристичката политичка опција во Македонија. |