|
|
Апел за семакедонско помирување и обединување |
Тодор Петров МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ВИКТОРИЈА 20 ноември 2016 година, Мелбурн, Викторија - Во организација на Македонската Австралиска Заедница, денес, во Паркот на општина Вит’лси, се одржа традиционалниот Петти Македонски Фестивал во храна. Присутните ги поздрави претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров. Ви го пренесуваме во прилог неговото обраќање. - Добар ден, радува македонскиот јазик кај младите, затоа што тие се иднината на Македонскиот народ, на Македонската заедница во Австралија. Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, Ви носам искрени и топли поздрави од Македонија и од Македонците во целиот свет. Ви посакувам добро расположение и пријатна забава на Петтиот Македонски фестивал на храна, во организација на Македонската Австралиска Заедница во Мелбурн. Напомош утрешниот празник, Свети Архангел Михаил. Честито име на тие што го имаат, честита куќна слава на тие што дома овој Светител го слават. Според преданијата, Светиот Архангел Михаил бил заповедник на Господовата војска, во борбата против Сатаната и неговите следбеници. Тој е заштитник на борците, полицајците, војниците и на падобранците. Потсетувајќи се на Светиот Архангел Михаил во борбата против Сатаната, и мојот апел до сите Македонци во Австралија: На семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, затоа што силата е во единството! Да ги победиме Сатаната и омразата меѓу нас и во нас, да го вратиме благословот од Бога за љубов кон татковината, да го вратиме единството, мирот и љубовта меѓу Македонците во светот и овде во Австралија! Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, Македонија во Балканските војни 1912-1913 не ја поделиле за да го решат, туку дефинитивно да го затворат македонското прашање, со окупација и геноцид. Со распаѓањето на поранешна Југославија во 1991 година, Македонија повторно е суверена држава, Македонците повторно се суверена нација, Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација и таа историја и вистина повеќе никој и никогаш не може да ја смени! Македонската историја повеќе не ја пишуваат во Белград, Софија, Атина, Тирана, Брисел и Стразбур! Македонската историја ја пишуваат Македонци, на македонски јазик и во Македонија! Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, Македонија е света и библиска земја! Македонија е татковина на најголемиот император во светската историја, Александар Трети Македонски, кој тргнал од Македонија кон Исток, до Кина и Индија, да го освои сонцето, да го обедини светот со универзалните вредности на македонската цивилизација! Во Охрид, во Македонија е изграден првиот Светиклиментов универзитет во Европа! Македонија е лулка на писменоста и на христијанството во Европа! Во Македонија е покрстена првата христијанка во Европа, Македонката Лидија! Во македонските градови Бер, Солун и Филипи, изградени се првите христијански цркви во Европа! Македонците ги покрстиле и описмениле сите народи во Источна Европа! Со благослов на Папата, Светите солунски браќа Македонците Кирил и Методиј се патрони на Европа! Во Македонија, секој камен е гроб за слободата и државноста на татковината! Поради сето ова, не смееме да ја изгубиме Републиката денес! Ако неа ја немаме, сите заедно како Македонци во светот ќе исчезнеме! Македонците во целиот свет се почитувани и успешни, богати и домаќини! Македонците во светот се амбасадори на татковината! Така е и овде, во Австралија! Не заборавајте го Македонскиот јазик, научети ги вашите деца и внуци, нека го научат посебно младите Македонци! Останете верници во Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, затоа што таа е една од најстарите цркви во светот, затоа што сме Првославни, први сме го прославиле Господ Бог Исус Христ во Европа! Верувајте во Бога, и молете се за трајно решение на македонското црковно прашање во Австралија! Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, независно од сите разлики меѓу нас, да бидеме единствени во постигнувањето на една многу важна цел, овде во Австралија, иако оваа земја е наш пријател, најбрзо што може, Австралиската влада да ја признае нашата држава под единственото историско име Македонија, да не’ признае како Македонци и така да не’ именува во сите државни евиденции во Австралија! Затоа, во согласност со Законот на Австралија, јавно соопштувам, дека од денес почнуваме со собирање на потписи за петиција, до Федералниот Парламент на Австралија, да и’ препорача на Австралиската Влада веднаш и безусловно да ја признае Републиката со нејзиното единствено име коешто се состои од еден и единствен збор - зборот Македонија! Секој треба сам и лично да ја пополни, не еден за повеќемина. Сите страници од петицијата, очекуваме најмалку 200.000 потписници, пред да ги поднесеме до спикерот на Претставничкиот дом, ќе ги копираме, и ќе ги објавиме во една Монографија, како трајно сведоштво, дека секој Македонец во Австралија со своето име и презиме и со својот потпис се вложил во барањето Австралија да воспостави дипломатски односи со Македонија под нашето државно и историско име, без додавки и без придавки, како што тоа досега го сторија 140 од вкупно 190 држави во светот, меѓу кои Соединетите Американски Држави, Канада, Руската Федерација, Кина, Индија, две третини од луѓето на планетава Земја! Петицијата гласи: To the Honorable Speaker and members of the House of Representatives in Parliament of Australia. Subject: Australian recognition of the Republic of Macedonia under its constitutional name. The petitioners ask: In honor of the Macedonian community in Australia and in accordance with international law and the Universal Declaration of Human Rights to self-determination and self-identification of the Macedonian people as invariably and inalienable, The House of representatives recommends, the Government of Australia promptly and unconditionally to recognize The Republic of Macedonia under its constitutional and historical name of Macedonia! Поставени се пунктови за собирање потписи и секој додека е на Фестивалов може да го стави своето име и презиме, адреса и потпис. Почитувани, апелирам на помирување и обединување на сите македонски организации во Австралија во еден и единствен Светски Македонски Конгрес, во Австралскиот Македонски Конгрес! Ќе именуваме координатори за врски во сите населени места во Австралија, за да го подготват изборното Генерално Собрание на Австралискиот Македонски Конгрес со претставници на сите македонски организации од цела Австралија! Од Македонците во Австралија до Претседателот, Владата и Парламентот на Македонија ќе ги поднесеме следните барања: (1) Сите Македонци по потекло безусловно да добијат и македонско државјанство; (2) во Канбера да се постави базна станица за пасоши; (3) изводите од матичните книги на родени и државјанствата, по службеност да се издаваат во Амбасадата во Канбера и Генералниот конзулат во Мелбурн; (4) Владата да склучи договор со Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, свештениците, пријавите за родените, венчаните и умрените, покрај до австралиските власти, да ги доставуваат и до Македонската Влада преку Македонската амбасада во Австралија заради ажурирање на матичните евиденции во Републиката; (5) во Министерството за внатрешни работи во Скопје да се отвори посебна Канцеларија за матичните евидениции, државјанствата и пасошите за Македонците во светот заради ажурирање на постапките додека се наоѓате во стари крај на одмор; (6) да се укине обврската за задолжителна пререгистрација на секои парламентарни и претседателски избори за Македонците во светот, туку еднаш запишани трајно да останат на Избирачкиот список додека самите не се пријавите ако се вратите назад; (7) да се вратат трите изборни единици за Македонците во светот; (8) да се укине цензусот за избор на пратеници во светот од 6.500 гласа за еден пратеник; (9) и да се воведе електронско гласање за Македонците во светот! Апелирам, тие што се запишаа во Избирачкиот список да гласат на вонредните парламентарни избори на 10 декември 2016 година! На крај, никогаш не прашувајте што стори татковината за мене, запрашајте се што сторив јас за Макаедонија вчера, што ќе сторам за Македонија денес! Нека Господ Бог ве благослови сите Вас! Нека Господ Бог ги благослови Македонците, Македонија и Австралија! Бидете лојални државјани на Австралија, но никогаш не заборавајте ги вашите корени во Македонија и останете горди и достојни Македонци! Македонија вечна, од исконот до бескрајот! Амин! God bless all of you! God bless Macedonians! God bless Macedonia and Australia! And be loyal citizens of Australia, but never ever forget your roots in Macedonia and stay proud and worthy Macedonians! Macedonia Timeless! Amen! Ве информирам дека на 25 ноември (петок) со почеток во 7 часот навечер во Фераро Рисепшан ќе се одржи Комитска вечер, пријавувањето се врши кај Џими Котевски на мобилен 0412502944, поканети се сите! Ве информирам, исто така, дека во организација на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН, којшто ги обединува најголемиот број здруженија на Македонците од Егегјскиот дел на Македонија во Репбликата, од 18 до 22 јули 2018 во Скопје, под покровителство на Владата на Македонија ќе се одржи Петтата светска средба на децата бегалци, поканети се сите! Упатувам посебна благодарност за организацијата на овој Македонски фестивал на храна до Лидија Нешковска претседател на Австралиско Македонската Заедница, на Марија Нешковска, Даниела Нешковска, Ирена Блажевска и бабата Марија. Верувам дека оваа традиција ќе продолжи и догодина. За навек Фестивалот и останете живи и здрави!
|