Среда, 23 Ноември 2016   
Сите се лажат ако мислат дека ќе го уништат македонскиот народ

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

На сите им е јасно дека веќе подолго време одредени сили работат на редефинирање на границите на Балканот. Во ова сценарио, албанските радикали кои бараат формирање на Голема Албанија за сметка на православните земји Грција, Македонија, Србија и Црна Гора, се клучен играч кој треба да им овозможи на овие сили не само доминацијата на Балканот, туку и во Европа. Меѓутоа, направена е погрешна математика со македонскиот народ кој покажа дека може да опстане и при најсилни и разновидни притисоци, економски, воени, политички.

Со цел да им се отвори патот на албанските радикали за создавање на Голема Албанија, а да не го потпалат бурето барут кое може сите да ги разнесе, овие сили заиграа со петтата колона во земјата.

Лидерот Зоран Заев и потесното партиско раководство на СДСМ, заради лични интереси, а со надворешна поддршка и со помош на Соросовите структури веќе две години ја држат земјата во политичка криза. Според сценариото, таа треба да финишира со нивно влегување во власта, промена на Уставот и воведување на двојазичност што води до дефинитивен распад на земјата. Односно до реализација на планот за отцепување на делови од македонската територија каде албанското население е во “мнозинство“ и припојување кон т.н. Голема Албанија.

Во договор со албанските радикали, Зоран Заев како претседател на најголемата македонска опозициска партија, отворено прифати да ги застапува (по убедување или надворешен диктат) за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија и федарализација на земјата.

Ветувањето на Зоран Заев за воведувањето на двојазичност е само првата етапа од планот на СДСМ, по што следува федерализација на земјата. Односно преодна фаза по што следи отцепување и припојување на делови од земјата кон Голема Албанија.

Тоа значи рушење на постојното, а за да се спроведат ветувањата на Заев, потребно е  воспоставување на ново уставно уредување на Република Македонија, кое пак води кон целосна дезинтеграција и дефинитивно неизбежно исчезнување како држава.

Предусловите одамна се поставени со Рамковниот договор и територијалната поделба, која беше поддржана и спроведена од СДСМ. Сето ова денес е само продолжување на игрите. Странскиот фактор со своите олеснувачи доведе до Пржинскиот договор, кој треба да и овозможи на опозицијата да дојде на власт или пак да биде дел од власта која ќе изврши промена на Уставот. Не случајно е измислено Специјалното јавно обвинителство и е извршен атак врз судовите. Сето тоа е во функција на промена на Уставот, кој пак треба македонскиот народ да го подготви за ненасилно разградување на неговата држава.

Всушност, според договорот од Пржино, со влегувањето на преставници на СДСМ како привремени министри и заменици министри во преодната влада, Република Македонија ќе продолжи одреден период да функционира под притисок на меѓународната заедница, како договорна држава со парализирани централни органи, немоќни да го обезбедат внатрешниот интегритет и суверенитет кога тоа нема да биде по воља на Албанците. Така структуирана со инсталираните социјалдеморатски и Соросови структури нема да може да функционира и да биде одржувана. Неминовно ќе следува активирање на „новата формула“ на странските олеснувачи за мирно раздружување и договорно менување на границите“.

Во реалноста речиси сите држави својот државен суверенитет го темелат на народниот суверенитет. Меѓутоа, ако дојде до реализација на планот за кој се залага лидерот на СДСМ, Зоран Заев, федерализација и отцепување на делови од територијата на Македонија, неминовно ќе го доведе во прашање името и идентитетот на македонскиот народ.  

Едноставно, со издвојување на делови од нејзините природни и етнички граници, Македонија нема да биде истата држава и ќе престане да се легитимира како суверена држава, а македонскиот народ не само што нема да биде носител на државност, туку нема да постои како народ. Со тоа престанува и историската заснованост и оправданост, Република Македонија да постои како македонска држава.

Меѓутоа, се зависи од македонското единство. Ако Македонците бидат единствени и се обединат околу ова прашање и речат не на политиката на СДСМ, тогаш никој не им може ништо.

Инаку, ВМРО ДПМНЕ е единствена силно организирана македонска партиска структура околу која може народот да се обедини зошто таа јасно се декларира за заштита на  интересите на македонскиот народ. Само така заедно Македонија како држава ќе опстои.

Разврската на сите турболенции со кои се соочува македонскиот народ треба да биде на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември. Овие избори се референдум кои ќе покажат дали плановите за разнебитување на македонската држава ќе продоолжат уште долго. А досега познатото, македонскиот народ многу пати покажал дека  сите се лажат ако мислат дека ќе го уништат македонскиот човек.

Така, погрешни математики треба да престанат да прават сите, без разлика дали се тоа Албанци, Бугари, Срби и Грци. Впрочем редно е сите да запаметат еднаш засекогаш дека македонскиот народ, овој библиски народ, пушта корен и на камен.

Предизборната кампања веќе започна! Во наредните 3 недели ќе имаме можност да ја докажеме силата на вистината, силата која го држи овој народ сплотен со милениуми.

На 11 декември македонскиот народ ќе го испрати Зоран Заев и последните гробари на нашата Македонија таму каде им е местото, на буниште.

Ние македонците нема да дозволиме разнебитување на Македонија, тоа нека му биде јасно и на Зоран Заев и на сите кои не и мислат добро на нашата Библијска Македонија.

Се за Македонија која оди напред! Вечна да е Македонија, АМИН!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.