|
|
Македонска нација - весник за обединување на Македонците во дијаспората! |
Драшко АНТОВ Поминаа цели 45 години откако го купив весникот „Македонска нација“ на железничката станица во Келн. Го купив на посебен начин, затоа што во тоа време - некаде во далечната 1970 година - беше опасно да се купува емигрантски печат; можеше да се биде затворен или дискриминиран со губење на работа и пријатели - го ставав весникот во германското списание „Штерн“ и давав знак на продавачката дека добро го сокрила весникот во германското списание, па така добро сокриен во списанието, го наплати и јас го земав и заминав во толпата патници, да се сокријам од евентуалните комунистички шпиуни. Касиерката ме познаваше, прво затоа што бев редовен муштерија, а второ работев во истата фирма во книжарницата на станицата, па така имав можност да следам се што има ново кај печатените медиуми. Весникот го читав дома - таму бев најсигурен дека никој нема да го види. Го читав со голомо задоволство, затоа што бев одушевен и среќен што еден Македонец - како г. Драган Богдановски - пред се, не што има само смелости и храброст, да издава патриотски весник, туку и да се бори на свој интелектуален начин за обединување и сплотување на Македонците во светот, но и за независна и слободна Македонија. Секако дека е точен фактот, оти имав голема желба лично да го запознаам Драган Богдановски, да му се заблагодарам за издавањето на весникот и за неговото залагање да ги обедини Македонците и да им укаже дека треба да работат на заштитата на македонството и на сопствена земја Македонија, која во тоа време беше под комунистичката репресија од Белград. Не е ништо ни чудно, што без задоволен и среќен кога во Берлин го посетив ресторантот "Ново Скопје" и ги запознав браќата Гојко и Мане Јаковлевски. Веднаш сватив дека тоа е вистинското место и тоа вистинските луѓе што го шират, негуваат и популаризираат македонството и љубовта кон татковината меѓу сите Македонци не само во Берлин, туку и низ цела Германија и пошироко. Поминаа 45 години откако го држев патриотскиот весник „Македонска нација“ коишто во мене ги разбуди и активира македонските патриотски чувства и љубовта кон македонскиот збор. Резулатот од тоа беше видлив и траен: ја отворив првата македонска радио-емсијна на радио Дојче Веле во Келн, потоа следуваше македонска емисија на Вестдојчер рунфдук, исто така во Келн, наменета за Македонците во Германија со информации од Македонија и од активностите на нашинците во Германија. Затоа не е ништо чудно што преку неа се повикуваа Македонците за демонстрации, за поддршка на името на Макдонија и за нејзината независнот. Тука, во много помога и Мане Јаковлевски со разни информации не само за нашинците, туку и за ВМРО-ДПМНЕ. Резултатот беше видлив: се отворија речиси во сите поголеми градови задгранични комитети на ВМРО-ДПМНЕ, но најмногу ги имаше во покраината Северна Рајна Вестфалија, во која живеат и работат околу 30.000 Македонци. Денес, пак, по заслуга на г. Мане Јаковлевски повторно се појавува „Македонска нација“ ,-на интернет - којшто се чита низ целиот свет. Позитивно на уредникот Мане Јаковлвски е што овој интернет весник обилува со широка лепеза на информации, вести, коментари за сите актуелни настани, но и со широк преглед за македонското минато, обичаи и култура. Затоа - нема да биде никакова тајна, ако се каже дека вистинско задоволство е да се чита "Македонска нација“ во секое време и без страв. Зашто, тешки се и незаборавни се оние денови, ноќи, месеци од пред 45 години, но сепак, и покрај сето тоа, се имаше храброст да се купува и да се чита овој патриотски весник На овој 45-годишен јубилеј од моментов кога за прв пат го имав вестников во мои раце на железничката станица во Келн, без обвиткан со стран да не бидам откриен како читател на овощ патриотски и семакедонски весник - сакам да ја искажая мојата благодарност, не само како Македонец, туку и како уредник, автор и коментатор на г. Драган Богдановски, голем идејноносец на македонството и македонска кауза, но и на браќата Мане и Гојко Јаковлевски, што ја продолжија неговата идеја за обединување и сплотување на Македонците и зашита на Македонија. Нека почива во вечен мир. Зашто во овие изминати 45 години весникот направил многу за Македонија, македонството и за Македонците во дијаспората, но и секој од нас на свој начин приодел за татковината, некое повеќе, некое помалу. Затоа, со гордост го прославувам овој 45-годишен јубилеј од „Македонска нација“ кога за прв пат во Келн се најде во моите раце и ми ја стопли душата засекогаш! А резултатот од тој настан од пред 45 години е позитивен и во голема мерка со добри резултати. ВМРО-ДПМНЕ го покажа тоа најдобро. |