|
|
МЛД Кочо Рацин, Мелбурн успешно ја афирмира македонската поезија и проза на австралискиот континент |
Во друштвото членуваат поети и писатели кои не само што творат туку и го презентираат своето творештво на разни манифестации во Викторија. Како резултат на нивната активност и препознатливост, добија посебно место и во Фестивалот на писателите во Мил Парк. Во друштвото членуваат поети и писатели кои не само што творат туку и го презентираат своето творештво на разни манифестации во Викторија. Како резултат на нивната активност и препознатливост, добија посебно место и во Фестивалот на писателите во Мил Парк. Првото читање беше одржано на 16 ноември каде членовите читаа дел од своето творештво на англиски јазик. На 27 ноември им беше даден термин да организираат Поетско читање на Македонски и Англиски. Така во присуство на повеќе љубители на македонскиот пишан збор тие го одржаа Поетското читање. Беа прочитани поеми од членовите на друштвото: Крсте Наумовски – Мечкар, Виолета Јовановска, Гордана Димовска, Љубица Поповска, Нове Младеновски, Стеван Ацески и навистина привлекоа интерес и го задржаа вниманието на публиката. Гости на ова поетско читање беа поетесата и просветен работник од НЈВ, Жаклина Михајлова како и Христијана Марковска од Македонската добротворна организација(MCWA). Литературното друштво изразува голема благодарност до медиумите: до Игор Павловски уредникот на АМН и Денес за големата поддршка, Васко Ангеловски од 3ZZZ, Круме Саздовски од Wyn fm радио, Виолета Јовановска и вработените во SBS радио – програмата на Македонски јазик, Шило магазинот, порталот Македонска нација.
Целта на друштвото е и понатаму да ја афирмира македонската литература, да соработува со сите здруженија и организации во Македонската заедница во интерес на македонските национални вредности. Работата на литературното друштво нека биде поттик за идните генерации да творат, да го сакаат и негуваат македонскиот литературен јазик. Литературата и историјата се од голема важност за културниот имиџ на нацијата. Македонска нација
|