|
|
Македонскиот народ знае што ќе одбере – унитарна и суверена Македонија |
Набрзо по објавувањето на првите т.н. „бомби“ кои ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по што започна земјата да ја тресе политичка криза, беше јасно дека се работи за таканаречена специјална војна која има за цел да ги дескридитира водечките личности на владеачката партија на ВМРО ДПМНЕ и да ги парализира одбранбените капацитети на клучните институции на земјата за да се спроведат одредени цели на нарачателите. Исто така беше јасно дека Зоран Заев и раководството на СДСМ, поддржано од Соросовите инсталации во земјата се само инструмент која има за цел промена на името и разнебитувањето на македонскиот народ. Оваа констатација се потврди кога во пресрет на предвремените парламентарни избори, лидерот на СДСМ за да ги добие албанските гласови почна да ветува проширување на Охридскиот рамковен договор, воведување на двојазичност на целата територија, што пак земјата ја води кон промена на Устав, федералазација, отцепување на дел од територијата на Македонија и создавање на Голема Албанија. И додека македонското национално ткиво го расцепува лидерот на СДСМ Зоран Заев, дотогаш проектот на Голема Албанија се турка на мала врата. Во пресрет на одбележувањето на Денот на независноста на Албанија и денот на знамето, 28-ми ноември, Тирана, Приштина, Тетово, Улцињ и Прешево формираа „Унија на албански општини“ во регионот. Унија на главните општини раководени од Албанци во регионот, како што пренесуваат медиумите, има за цел соработка во областа на урбанизмот, животната средина, културата, инвестициите и иновациите. Меѓутоа, поврзувањето на овие општини во регионот се оценува како обид за формирање на Голема Албанија на мала врата. Потврда за ова е и најавата дека на „Унијата на албански општини“ ќе бидат вклучени сите општини каде има албанско население, во географски рамки кои албанските националисти го исцртуваат како граници на Голема Албанија. Во проектот на Тирана, сериозно е вклучена и дел од меѓународнта заедница. За тоа има одредени индиции. Поразот на Хилари Клинтон во претседателската трка, предизвика стравување кај Албанците дека овој процес ќе биде прекинат. Тие веднаш побараа делување на нивните подржувачи. Така, случајно или не резултатот можеме да го видиме денес. Според информациите кои што ги пренесуваат медиумите, „во присуство на членови на кралските семејства од Холандија и Белгија потпишаа договор за размена на дел од територијата. Двете соседни земји си препишаа мали парцели кои им сметале во практична смисла. На реката Меза, која ги дели двете земји, Белгија го остапила малиот полуостров врзан за Холандија, а наместо него добила дел од холандската тероторија. Притоа, белгискиот министер за надворешни работи Дидије Рејндерс рекол дека потпишувањето на договорот за размена на тероторијата покажува дека „границите можат да се менуваат на мирен начин“. Примерот кои го даваат двете земји, како аргумент обилно ќе биде користен од радикалните Албанци, кои во Македонија добиваат ветер во грб со политиката на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тоа ќе не врати назад во 2001 година, кога беше заговарано за размена на територија и луѓе. Меѓутоа, Македонија денес е сосема нешто друго, каде не само Македонците, туку и Турците, Власите, Ромите,Србите и други кои живеат во северозападните делови на земјата не го посакуваат и нема да дозволат ваков развој на настаните. Тоа го покажуваат анкетите каде народот масовно му дава поддржка на ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски, но и митинзите особено во Кичево и во Скопје. Само во Скопје 80.000 граѓани излегоа да дадат поддршка на политика за одбрана на Уставот и унитарноста на Македонија. Обединети во Колацијата за подобра Македонија, која ја предводи ВМРО ДПМНЕ, Македонците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците, но и членови на СДСМ кои се дистанцираат од одметнатото предавничко раководство, му рекоа НЕ на политиката за разнебитување на Македонија, која ја предводи Зоран Заев и Радмила Шеќеринска. Огромна поддршка за унитарноста на Македонија и зачувувањето на името и идентитетот добија од Доналд Трамп, Виктор Орбан, Себастијан Курц и др. Зоран Заев пред албанската дијаспора во Берн, Швајцарија, даде беса дека ќе ги застапува нивните интереси и нивната агенда за создавање на Голема Албанија. Со своите опасни тези, тој изврши невиден чин во поновата македонска историја, чин равен на велепредавство на македонските национални интереси. За сметка на нивните гласови, тој се обиде да ги продаде Македонците и Македонија. Но, Македонија има избор меѓу двете комплетно различни концепции, онаа на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за федерализација и отцепување на делови на Македонија и онаа на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски за зачувување на унитарноста на Македонија. Според резултатите од последната анкета што ја спроведе реномираната агенција за истражување на јавното мислење, „Брима галуп“, Македонците категорично ги одбиваат ставовите на Зоран Заев за употреба на албанскиот јазик на целата територија на Македонија. Дури 70,6 отсто се изјасниле дека не ги прифаќаат ставовите на првиот човек на СДСМ, а само 17,9 проценти се согласуваат со Заев. Едноставо, оваа анкета покажа дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се поблиски до ставовите и личните убедувања на граѓаните. Предвремените парламентарни избори на 11 декември се вистинскиот момент да се затвори политичката криза во која Зоран Заев ја втурна земјата. Тоа е денот кога сите заедно можат да се спротивстават на сценарио за разнебитување на Македонија. Тоа е денот кога можеме да ја сочуваме државата со нашиот глас - НЕ на политиката на СДСМ, НЕ на разнебитување на македонскиот народ и неговата држава. Само така ќе се чуствуваме горди, вистински потомци на нашите претци кои гинеле за слобода на Македонија и кои ни го оставиле аманетот да ја чуваме и сочуваме македонската држава Судбината на Македонија е во рацете на народот на Македонија, а македонскиот народ знае што ќе одбере – унитарна и суверена Македонија.
|