Среда, 30 Ноември 2016   
Заев брзо ги менува одлуките

rubinco Јованоски
Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

На првите 2 потенцијално добитни пратенички места во 4-та Изборна единица за наредните вонредни парламентарни избори (11 декември), резервирани се за струмичанецот Зоран Заев, алијас Бошко Буха и прилепчанецот, големото ораторче Хари Локвенец.

Зоки и Хари и здружената опозиција првиот митинг го започнаа од Градот Херој Прилепо со говорот на зајчето се чувствуваше со спортски жаргон кажано спуштање на топката во поглед на мултиетничкиот карактер на нашата напатена: мила и сакана Република Макеодонија.

Само една мала дигресија пред неколку дена зајчето од Берн, Република Швајцарија помпезно го најавуваше албанскиот како рамноправен Јазик со македонскиот јазик.

Во оваа прилика само да се потсетиме дека пред изборната кампања зајчето најавуваше голем поход по албанскиот електорат особено оној неопределениот и како резултат на тоа најавуваше дека е можно токму тој да биде носител на 6-тата Узборна единица. Но, за жал, тој изборен заев филм нема да го гледа македонскиот електорат.

Во понатамошното мое писмо да одиме таксативно на "финансиските дубари” на двоецот Заев – Локвенец.

Зоран Заев во 2008 година беше осуден за кривичното дело за струмичкиот трговски центар “Глобал“, каде се споменуваше на проневера од преку 8 милиони евра но, Зоран Заев беше аболициран за тоа кривично дело од тогашниот Претседател на Република Македонија, а сега актуелен пензионер Г-динот Бранко Црвенковски. второто кривично дело за Заев е под кодното полициско име “Пуч“  со т.н. негови бомби каде објавуваше снимени телефонски разговори на личности од извршната и законодавната власт. Со тоа време се обелодени и струмичката Заева тендерска пајажина. Исто така, 3аев доби кривично дело во аферата  “Поткуп“ каде од свој сограѓанин бараше 200.000 Еу поткуп за легализација на градежно државно земјиште.

Сега да одиме до ораторчето Хари Локвенец е универзитетски професор и приватен бизнисмен каде неговата приватна фирма Тошиба се занимава со продажба на компјутерска опрема. Неговите златни тендерски денови беа при крајот на 2002 година до средината на 2006 година. Само да се потсетиме во тоа време централната власт ја имаше СДСМ а и на локално ниво во Градот под Марковите кули владееше СДСМ на чело со психијатарот Сашко Пирганоски.

Локвенец секаде настапуваше со џокерот во рака дека близок пријател му е тогашниот висок функционер во редовите на плавите момчиња Јани Макрадули Локвенец влегува на големо во прилепскиот монопол каде во тоа време во таа фирма дар-мар правеа првиот другар на мецената Б.Ц. Г-динот Тони Мицајков - Цванцикот и Димитар Богдан – Тапанот.

Овде само да напоменеме дека горенаведениот директорски двоец за сторени кривични дела со жолтото злато моментално ги полнат батериите во КПУ  Идризово во тоа време Локвенец ги добива сите тендери во прилепскиот Тутунски Комбинат.

Локвенец од мецената Б.Ци залчето доби шанса да се кандидира за Градоначалник на Општина Прилеп. Но, на голема негова жалост беше катапултиран од ј актуелниот ревносен Градоначалник Марјан Ристески. Да се потсетиме дека Хари во предизборната градоначалничка кампања ветуваше 500 акумулации, 5000 нови вработувања и 5 милиони евра свеж странски капитал.

На друга изборна кампања за претходните вонредни парламентарни избори одеше од врата на врата и делеше локум, наполитанки и кафе.

На крајот ќе видиме како ќе се однесуваат зајчето и ораторчето по 12 декември. Имено, како пратеници мора да се откажат од своите семејни бизниси.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.