Среда, 30 Ноември 2016   
Манастирот „Свети Никола“ – Слепче

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Манастирот „Свети Никола“ – Слепче е православен манастир во централниот дел на Македонија. Изграден е во XVII век и во минатото бил дел Охридската архиепископија, а денес е на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Се наоѓа на неколку километри источно од село Слепче, Прилепско.

Манастирската црква е мала, еднокорабна, типичен пример за црква од XVII век во Македонија. Фасадите се без украси, со мали отвори на источната и јужната страна, а единствениот влез е на западната страна. Внатрешните ѕидови на црквата се покриени со фрески од втората половина на XVII век, а веројатно зографите на фреските се самите ктитори, игуменот на манастирот, еромонахот Сергија  и неговиот ученик еромонахот Михаил.

Според натписот на вградената мермерна плоча, на која се споменуваат имињата на повеќе  еромонаси и ктитори, манастирот бил изграден и украсен во 1673 година од страна на еромонахот Михаил. Но, има уште еден натпис над влезот на црквата од внатрешната страна на кој пишува дека црквата е созидана и зографисана во 1674 година, а ктитори на црквата биле игуменот на манастирот еромонахот Сергија, еромонахот Никифор и монахот Кирил, потоа монахињата Јанакија и повеќе световни лица.

Во својата книга .„Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), авторот Георги Трајчев кој е родум од Прилеп, за манастирот „Свети Никола“, околу кој на почетокот на XX  век водат битка српската и бугарската пропаганда, ќе го запише следното:

„Манстирот „Св. Никола“ лежи северо-западно од Прилеп, на одалеченост 3 часа, во насока на Кичево. Манастирот е расположен во подножјето на едно пошумено брдо, ¼ час над село Слепче, кое брои 70 чисто македонски куќи. Црквата е стара и поправана. Ништо не се знае за потеклото на тој манастир. Само еден спомен има за него од XVI век. Тоа е ракописно евангелие на хартија, кое се чува во Софиската Народна Библиотека. Тоа сведочи дека тука во средниот век имало живот. XIX век го затекнува манастирот запуштен. После почнал да се обновува со грижа на околните села.

И тука српската пропаганда, користејќи ја близината на својата база Поречието, атакуваше и заплашуваше. До пред тоа манастирот Св. Никола, како и св. Спас (Зрзе) беа под ведомство на Прилепската егзархиска црковна општина.

Манастирот е обграден од четири страни со високи ѕидови, над кои стојат градби. Старата зграда е со 7 одаи и чардак горе, а штали доле. Новата зграда е со 7 одаи и чардак горе, а штала и амбар доле. Последната е изградена за време на игуменувањето на поп Илија. Манастирот е сопственик на голем чифлик во селото за околу 100 кила (цариградски) семе. Има и жива стока: волови, крави, коњи и овци. Храмовиот празник е на св. Никола летни (2 мај ст.ст.)

Надпис од 1674 година, од внатрешната страна над влезната врата: „Изволением оца и поспешением сина и свршением светаго духа созида се и пописа се Божествени храм светога оца Никола архиепископа Мириликискаго чоудотворца трудом и благоволением настојател и ктитор и игумен Сергиј еромонах и ученик ему Михаил еромонах и Никифор еромонах и Кирил монах и Петроние монах и Јаникија монахиња и Џоре, Михо, Тоде, Петко, Цветко, Јосиф, Никола, и Петко. Бог да прости ктитори и настоятели светаго храма амин, Во лето (7182 - 1684) – (Старине, 40).

Белешка на последниот лист на печатен псалтир, сочуван во Загребската академија: „Да се знаат овие работи книга глаголен псалтир од село Лазаровопол како беше пред порушена и расипана и ја повеза Михаил еромонах од манастирот Слепче во предели Прилепски. Во лето (7185 - 1677) откопиа ...  Влчко син Сидоров за своја душа и очева и мајчина помен. Господи и титора Влчета и Сидора и Пројка и Митра и Стојан Бог да ги прости во царство небесно амин“ (Цонев, Кирилски ракописи и старопечатени книги во Загреб, С. Б. А. Н. и а).

Ракопис од XVI век на евангелие кое се чува во Софиската Народна Библиотека е на хартија и гласи: „с. Зачело и Конац. Помени Господи грешного раба своего до еромонах Неофит и свети Никола Слепче Прилепско (И-в, ибид).

И за тој манстир се води жестока борба со српска пропаганда.“ - пишува Трајчев.

Инаку, јужно од влезот во црквата во прва зона се насликани двата ктиторски портрета кои го држат моделот на црквата и текст во кој се спомнува годината на изградбата и осликувањето на црквата како и имињата на ктиторите Сергија и Михаил. Живописот во црквата е поделен на три зони и еден фриз во наосот и повеќе фигури и други илустрации во олтарниот простор. Иконостасот претставува богато резбарско и иконописно остварување, а свој потпис на резбарските и сликарските работи на царските двери оставил игуменот на манастиорот еромонахот Сергија. Исто така престолните икони Богородица со Христос и Исус Христос, како и чинот на 12-те апостоли се изработени во време на споменатиот игумен Сергија.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.