Среда, 07 Декември 2016   
Да не се заборави кој и што има направено за Македонија!!!

mane jakovleski 1

Манојил (Мане) Јаковлески

Македонскиот народ е добродушен и во текот на историјата прости многу зла кои му биле нанесени. Но тоа незначи дека и заборава, дека има кусо паметење. Во пресрет на предвремените парламентарни избори сведоци сме како партиите во своите кампањи ветуваат се и сешто. Ветуваат работи кои не еднаш ги ветиле, но никогаш не ги испониле. Во прекршување на ветувањата, особено се истакнува раковоството на СДСМ.

Сепак, има некои работи кои не само што не се забораваат, туку за нив нема ни прошка. Во тој контекст, како дел од од дилемата на неопределените, на оние кои простиле и кои се обидуваат да ги заборават сите зла кои им биле направени лично или на целиот македонски народ за време на владеењето на СДСМ, редно е да ги потсетиме, дека како што некои работи не заслужуваат одговор, така некои работи не заслужуваат ни да се заборават ни да се простат.

Од осамостојувањето до денес СДСМ ги предводеше владите на Република Македонија во периодот од 1992 до 1998 и од 2002 до 2006. Во текот на нивното вледеење, раководството на СДСМ презема низа чекори кои имаат тешки последици по националните и државните интереси на земјата. Оваа партија слично се однесува и додека се наоѓа во опозиција, за да кулминира во пресрет на новите предвремени парламентарни избори закажани за 11 декември 2016 година. Ако се сумираат нивните активности се добива следната слика:

Во 1991 година, лидер на партијата на социјалдемократите (наследничка на Сојузот на комунистите на Македонија – СКМ - ПДП), Бранко Црвенковски, инсистира прво да се свири југословенската химна, а потоа на 8 септември 1991 година  не се појавува на централната прослава по повод прогласување на независноста на Македонија. Додека Македонија се бори да опстане како држава, нивното раководство се крие во Белград и Атина.

Во 1992 година, на 5 септември, Бранко Црвенковски станува премиер. И додека Македонија се дави во незапамтена инфлација од 86,1 посто на месечно ниво, а стапката на незапосленост изнесува 27 %, тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски купува „Ray Ban“ очила, коњи липицанери и уметнички слики. Исто така, започнува незаконско прислушување  на опозициските партии предводени од ВМРО ДПМНЕ, насилно се справува со пазарџиите на Бит Пазар и го усвојува Закон за државјанство со кој 150.000 лица од Косово се стекнуваат со македонски пасош.

Во 1993 година, владеачката СДСМ спротивно на Уставот го менува името на Државата од Република Македонија во ФИРОМ, со лажно ветување дека ова име ќе се користи само 2 месеци. Истото се повторува и со неуставната промена на  националното знаме, за што лажно ветува дека ќе се средат проблемите со Грција. Додека Македонија и понатаму се дави во инфлација, чија просечна годишна стапка достигнува 230%, а невработеноста се искачува на 28%, и надворешниот долг се зголемува на 1 милијарда, луѓето на СДСМ се стекнуваат со огромни богатства со кршењето на ембаргото кон СР Југославија. Се шверцува нафта и цигари. Истата година, полицијата брутално се справува со граѓаните на Ѓорче Петров, а останува неразјаснето убиството на новинар жесток критичар на власта.

Во 1994 година, СДСМ врши фалсификат на претседателските избори, по што следуваат  масовни протести. Истото го прави и со парламентарните избори, на кои покрај малверзациите со списоците се врши и застрашување на неистомисленици. Истата година, кога невработеноста се зголемува на 32 %, а инфлацијата продолжува да ја гуши Македонија, СДСМ започнува со градба на пругата кон Бугарија, која требаше според нивното ветување да биде изградена за 2 години, но до ден денешен не е завршена. Исто така, симболично беше започнат нов пат Велес – Прилеп, кој никогаш не е завршен. И додека во Македонија сивата економија зема се поголем замав, високи службеници на тогашните власти се обидуваат да го поткупат претседателот да остапи од разговорите за името.

Во 1995 година, иако стапката на невработеност е искачена на 32%, а стапката на инфлација сеуште висока (15,7%), СДСМ предводена од тогашниот лидер Бранко Црвенковски, ја спречува компанијата „Ауди“ да инвестира во земјата. Се повеќе граѓани осиромашуваат, а само малкумина го зголемуваат своето и онака богато конто. Истата година, власта ништо не превзема за да го расчисти атентатот над претседателот Киро Глигоров.

Во 1996 година, стапката на невработеност расте на над 34,00%, а власта ги тепа земјоделците во Куклиш, Плетвар и Радовиш. Истата година власта во еднопартискиот парламент преку ноќ избираат 600 судии.

Во 1997 година, стапката на невработеност се искачува на 36,00%. Сивата економија се зголеми, а шверцот со нафта и цигари енормно порасна. Црвена елита на СДСМ која станува ревносен штедач на битолската штедилница, навреме ги повлекува штедните влогови со енормни камати пред да избувне аферата ТАТ, во која пропаѓаат повеќе од 100 милиони марки на над 12.000 обични граѓани. Повеќе од 100 штедачи на пропадната штедилница подоцна ќе извршат самобиство. Слична судбина доживуваат и други штедилници. Иако ветено од собраниска седница, никогаш главата на „Октоподот“ не беше пронајдена, а битолчани и другите до ден денешен ги чуствуваат последиците на оваа „берба“ на нивните заштеди. Исто така, СДСМ тогаш ќе изврши ненајавена девалвација, а за да се сврти вниманието на јавноста ќе изврши полициска интервенција во Гостивар заради истакнување на албанското знаме. Сето ова ќе потикне пресметка на подземјето, а сведок неколку години пред да биде убиен, во јавноста ќе посочи високи членови на СДСМ кои учествувале во организираниот криминал.

Во 1998 година, во последната година од нивниот мандат, над деведесет проценти од криминалната приватизација е завршена, а стапката на невработеност се зголемува над 37%. Од Македонија беа одлеани повеќе од пет милијарди долари.

Во 2001 година, СДСМ како опозиција го користи прислушкувањето познато како „Големото уво“ и меѓуетничките тензии  за да дојде на власт. Во игра ги вклучува своите бизнис олигарси и соросовата мрежа на наменски формирани невладини организации за рушење на власта.

Во 2002 година, СДСМ во изборната кампања ветува дека ќе вработи по еден член од секое семјство и дека ќе се справи со криминалот и корупцијата. Меѓутоа овие ветувања, како и многу други пред тоа, никогаш не беа реализирани. Наместо тоа, се врши политички реваншизам и илјадници граѓани наското ќе останат без работа како неподобни. На младинските протести поради убиството на македонски матурант во Тетово, полицијата претепува и повредува 4 лица, а приведени се шест средношколци. Како шлаг на демократијата која ја спроведува СДСМ, новинарите добиваат забрана да влегуваат во Собранието.

Во 2003 година, стапката не невработеност е нешто под 37%, но зголемувањето на ДДВ преставува нов вовед во пад на животниот стандард. Сивата економија и шверцот се во експанзија, особено шферцот со нафта. СДСМ одбива да донесе закон за загубарите како што претходно беше ветено. Во овој период Агим Красниќи го држи шест месеци Скопје во заложништво, а полицијата воопшто не интервенира, за потоа по пат на преговори да бидат ослободени криминалци.

Во  2004 година, стапката на невработеност изнесува 38%, а на економијата и прети колапс. Претседателот Борис Трајковски загинува во авионска несреќа во до ден денес неразјаснети околности.  На третите вонредни Претседателски избори во Република Македонија, во вториот круг одржан на 28 април 2004, дотогашниот премиер и лидер на СДСМ Бранко Црвенковски бил избран за претседател на државата. И додека шверцот и корупцијата продолжува да цвета, донесен е закон за територијална поделба, кој предизвикува револт кај Македонците. Следуваат притисоци и закани за време на референдумот против територијалната поделба,. СДСМ го бојкотира бидејќи „некои прашања не заслужувале одговор“, а во Струга, полицијата со шок бомби, гумени куршуми и солзавец ги спречува граѓаните во мирниот протест против територијалната поделба. Но. ако во Струга полицијата ги тепаше Македонците, во Кондово каде повторно се појави вооружена група, безбедносните сили немаа пристап.

Во 2005 година, стапката на невработеност изнесува нешто под 38%, а СДСМ го распродава државниот имот по багателна цена. Се продава ЕСМ, армиски имот, земјиштето кај Рамстор и др. Се појавува афера за банкарски сметки во швајцарски банки за двајца високи фунционери на СДСМ, а раководството на партијата исплаќа огромни суми државни пари на новинари кои треба да ги задскриат аферите и да го подобрат јавното мислење преку фабрикување на лажни информации.

Во 2006 година, по јулските парламентани избори кога ВМРО ДПМНЕ доаѓа на власт, состојбата која ја затекнува е катастрофална. Стапката на невработеност изнесува 36%, а Меѓународниот монетарен фонд ја оценува состојбата во здраството како  најлоша дотогаш. СДСМ зад себе остава бројни афери во Министерството за здраството, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана и т.н. Јавниот обвинител поставен од СДСМ изјавува дека е „последната будала“ која се нафаќа на оваа работа. 

Истата година, како последица на поразот на парламентарните избори и на сериозните внатрепартиски превирања во периодот по изборите, дотогашниот лидер Владо Бучковски, кој го замени Бранко Црвенковски, ја загуби поддршката меѓу членовите на Централниот комитет на партијата. На 5 ноември 2006 година, на вонредниот конгрес на СДСМ, лидерската позиција ја презеде Радмила Шекеринска. На седмиот конгрес на СДСМ за вд претседател е избран Зоран Заев. Тој ќе ја врши должноста претседател на СДСМ се до враќањето на Бранко Црвенковски на претседателското место во мај 2009 година.

Во 2008 година, Бранко Црвенковски како претседател на Република Македонија го аболицира Зоран Заев за криминал во Струмица од 8 милиони евра. Исто така, тој одбива да го потпише Законот за стечајците со кој решаваше проблемот со армијата на отпуштени работници од државните компании за време на приватизацијата која ја спроведе СДСМ. Со народни пари Црвенковски ја финансира изработката на партиската стратегија „Надеж“ чија цел е рушењето на легитимно изабрана демократска Влада на ВМРО ДПМНЕ.

Во 2009 година, на 24 мај, Бранко Црвенковски повторно застанал на чело на Социјалдемократскиот Сојуз, по претседателските избори и престанок на мандатот, Бранко Црвенковски ја спроведува партиската стратегија за рушење на власта. Ваквата политика ја продолжува Зоран Заев кој доаѓа на лидерската позиција на СДСМ по јунскиот конгрес одржан на 2 јуни 2013 година. Со надворешна подршка и Соросовата мрежа на наменски невладини организации Заев спроведува низа полулегални, нелегални и деструктивни акции само за да црвената елита повторно дојде на власт, притоа не водејќи сметка за интересите на граѓаните, националните и државните интереси. Притоа, тој отворено се заканува дека доколку СДСМ дојде на власт тие живи луѓе ќе јадат и ќе сменат од чистачка до директор во секоја организација и институција.

Од осамостојувањето на Македонија до денес, однесувањето на раководството на СДСМ, без разлика дали се на власт или во опозиција, остави длабоки траги кај граѓаните на Македонија. Тие без разлика на етничката, верската или друга припадност, се сеќаваат на бројните лажни ветувања, на отпуштањето од работа, на тепањето на полицијата. Поради ваквиот однос, народот од 2006 година денес не им дава поддршка СДСМ на редовните или предвремени парламентарни, локални и претседателски избори.

Денес, за да добие гласови во албанскиот електорат Зоран Заев ветува двојазничност на целата територија на Македонија, федерализација и создавање на бинационална држава. Но, на лажните ветувања никој не наседнува. Дури и Албанците кои сонуваат за голема Албанија не можат да им веруваат на оние кои не се грижат ни за сопствениот еднороден народ - македонскиот народ.  Ако СДСМ не се грижат за интересите на Македонците како тогаш ќе се грижи за интересите на Албанците. Сите се свесни дека раководството на СДСМ се грижи единствено за интересите на најтесното партиско раководство.

За сето она што го има направено и за она што планира да го направи оваа партија нема простување! Сега е време на одлука, време кога со едно заокружување се одлучува иднината на земјата. Се ближи денот кога треба да се решиме на кого ќе му го дадеме својот глас. На СДСМ кој ги остави работниците на улица, на партијата која создаваше вештачки кризи за да ги скрие  аферите и остане на власт или на ВМРО ДПМНЕ која создаваше стабилност, креираше работни места и секогаш ветувањето го исполнуваше. На СДСМ која за време на своето владеење имаше рекордни 38% вработување и ниту еден завршен проект или на ВМРО ДПМНЕ кој реализира илјадници проекти и ја смали невработеноста на рекордни 24 %. Изборот е наш дали ќе живеемер во подолена, двојазична и конфликтна земја на чело со СДСМ или пак во унитарна, стабилна и развојна Македонија на чело со ВМРО ДПМНЕ.

Не знам за читателот, но јас знам во каква Македонија сакам да живеам. Не сакам да се коцкам со нашата иднина, со судбината на нашите деца, не сакам да се повтори темниот период од владеењето на СДСМ, но сакам да живеам во стабилна, унитарна и просперитетна земја онаква што ми нуди ВМРО ДПМНЕ - партија која што ветила и го исполнила!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.