|
|
Господе спаси не од предавниците! |
Господе спаси не од предавниците, од корумпираните и неспособни политичари, кои за туѓи интереси донесоа хаос и повеќе од две години ја држат земјата во заложништво. Господе спаси не од налудничавата политика на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој го дели народот и земјата. Дозволи на 11 декември Македонците, Турците, Ромите, Власите, Србите и др, обединети, достоинствено и гордо да му кажат Не на дискриминирачката и деструктивна политика која повеќе од две децении ја спроведеува СДСМ, а која сега достигнува кулминација во обидите да се унипшти македонскиот народ и држава. Додека радикалните Албанци отворено сонуваат и видно работат на проектот за создавање на Голема Албанија, која според нивните проекции предвидува отцепување на речиси половина од територијата на Македонија, лидерот на СДСМ Зоран Заев во замена за нивните гласови им ветува промена на Уставот и воведување на двојазичност на целата територија на земјата. Тој не само што ги дискриминира другите етнички заедници како што се Турците, Ромите Власите, Србите и др., а кои по бројност се речиси исто толку како и фаворизираните Албанци, туку дирелтно работи против интересите на македонскиот народ и држава. Промената на Уставот и воведувањето на албанскиот јазик на целата територија на Македонија, која ја заговара Заев значи федерализација и косовизација на земјата. Односно создавањето на бинационална држава, со можност на отцепување на еден конститутивен дел, каде Албанците се во мнозинство. Меѓутоа, речиси секогаш тоа е пропратено со крв и солзи. Историјата на македонскиот народ памети бројни насилни протерувања и егозодуси на Македонците. Насилни преселби на македонскиот народ се бележат од антиката до денес. Сепак, поголеми масовни иселувања се забележани по Карпушовото (1689), Кресненското (Македонско 1878 - 1879) и Илинденското востание (1903). Потоа масовни преселби на Македонците има за време на Балканските (1912 - 1913) и Првата светска војна (1914 - 1918), кога е санкционирана поделбата на Македонија. Граѓанската војна во Грција (1946 - 1949) го бележи најголемиот егзодус на македонските деца бегалци. Но и во текот на вооружениот конфликт во 2001 година се бележат внатрешно раселени лица Македонци, кои до ден денешен сеуште не можат да се вратат во своите домови.Зарем повторно треба да имаме нови бегалци? Понудата за воведување на двојазичност на целата територија на земјата која ја дава лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во замена за албанските гласови на предвремените парламентарни избори, не е понуда за интеграција на општеството и подобар живот, туку понуда која води кон дезинтеграција и враќање во темната пролет на македонскиот плурализам во деведесетите години. Всушност тој како да ја турка земјата во нов конфликт. Неговата понуда е политика на дезинтеграција, вообчаено пропратена со крв и солзи, изгубени работни места, невини жртви, размена на територија и население. Нешто што беше понудено и одбиено во 2001 година. Понудите на Заев за редефинирање на државата, ги исправоцира албанскте радикали високо да ги кренат албанските знамињата. Зад Заев застанаа јатаците од Арачиново, Липково и Диво насеље, таму каде што во судир со кримално терористичка група загинаа припадници на македонските безбедносни сили во 2015 година. Овие понуди секако по изборите ќе го кренат лицитирањето на албанскте партии кои треба да коалицираат во власта. Тие ќе бараат проширување на Рамковниот договор од Охрид, кпј што навлегува во суверенитетот, името и идентитетот на македонскиот народ. Целата антидржавна политика на раководството на СДСМ, кое во континуитет од осамостојувањето на земјата ги рапродава државните интереси, само за да ги добие албанските гласови, одамна ја има препознаено македонскиот народ. Тој не сака повеќе да биде прогонуван од родната грутка, тој не е подготвен без борба да се откаже од суверенитетот на дел од својата територија, од својот име и идентитет. Тоа го покажа Диво насеље, кога македонските сили ги разбија терористите, а тоа го кажуваат и анкетите во кој најголем дел од македонските испитаници, над 90 %, се спротивставуваат на идејата за двојазичност и промена на Рамковниот договор. Македонците, Турците, Власите, Ромите, Србите и др. во политиката на СДСМ не гледаат спас, туку пропаст. Тие не сакаат да живеат во бинационална држава, туку во унитарна и суверена македонска држава, равноправни и со подеднакви можности за развој на сите заедници. Тие не сакаат да бидат помалку равноправни од Албанците кои уживаат многу поголеми права отколку Македонците у било која етничка заедница во земјата. Затоа Македонците и сите етнички заедници ги збиваат своите редови и заеднички ќе се спротивстават на политиките на дискриминација, на политиките на дезинтеграција која ја наметнува СДСМ. Мора да се спречи погубната политика на СДСМ, да се острани политичката криза и да се спречат можни конфликти, а сето тоа е предуслов за побрз економски развој, зголемен број на вработувања, но и зголемен стандард на граѓаните. Сплотени во Коалицијата за подбра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, народот на Македонија на 11 септември, обединети, ќе го одржи својот референдум. На предвремените парламентарни избори, оваа коалиција ќе го направи првиот чекор за спас на земјата. Не насилно. туку со својот глас да ја острани СДСМ од политичката сцена. Сега е време заедно и со божја помош да му стават крај на погубната политика, за да се спасат од заложништвото во кој ги држи СДСМ и Соросовата мрежа на невладини организации. А народот на Македонија покажа дека кога е сплотен, може и цели ридови да помести!
|