Среда, 07 Декември 2016   
Манастир Св. Димитрија – Чебренски

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Манастирот „Св. Димитрија – Чебренски“ (Мариовско) е македонски православен манастирски комплекс расположен по течението на Црна Река, во атарот на мариовското село Чебрен. Во минатото манастирот бил познат по своето училиште и богата библиотека. Главната манастирска црква која е посветена на Св. Димитрија Солунски, во минатото била богата и голема црква, која повеќе пати била опожарена. Денес таа е обновена, но со помали димензии. Иконостасот кој датира од XV век бил реновиран во XIX век.

Во 1923 година Георги Трајчев во својот труд за Мариово се осврнува на легендата за Чебренскиот манастир во која се вели дека го изградила жената на султанот Мурат I (1362 - 1389), сестра на бугарскиот цар Шошман Марија, по која и областа го добива името. Според ова предание таа живеела неколку години под името Талат-Мара и уште Тамара-Мара и јавно ја исповедала христијанската вера, а ги воспитувала и своите деца во христијански дух. Поради тоа, незадоволното муслиманско свештенство, кое не можело да гледа како Султанката ги посетува црквите и јавно ги прибира во султанската палата свештенството за таму да се вршат христијански обреди побарало Мара да ја прифати муслимански вера, но таа, категорично одбила да се потурчи. Султанот поради политички причини морал да ја острани, но бидејќи не сакал да и нанесе зло и понудил да се повлече некаде, каде не ќе може да го гледа ниту него, ниту 4 годишниот син, кој не бил ни крстен ни обрезан. Мара се согласила и ја добила областа меѓу Прилеп, Битола, Воден и Демир Капија, која била во владение на Султанот. Мурат ја снабдил со потребниот ферман и ја испратил во оваа област во придружба на 500 христијански телохранители.

По доаѓањето во Прилеп, Марија побарала да се покалуѓери во Прилепскиот манастир Св. Богородица – Трескавец, но калуѓерите одбиле сметајќи ја како  престапница. Лута поради одбивањето, Мара наредила да калуѓерите да се убијат, а манастирот да се опожари. Потем Мара го избира за седиште најубавото село Витолишта, каде подигнала прекрасни дворци, а покрај реката Црна згради нов манастир, по име Чебренски - св. Димитар. Од тогаш таа област го добила името Мариово, а локалното население се именува како Мариовец, Мариовци. Мара управувала со поседот самостојно и независно преку селски кметови назначени по избор. Витолишкият кмет бил главатар над останатите и се нарекувал Земски кмет. Тој имал под власта уште извесен број сејмени кои се нарекувале Земски сејмени. По смртта на Марија, областа Мариово повторно влегла во составот на Турската империја и дворецот на Марија, заедно со раскошниот Чебренски манастир, Турците го уништиле, за да не остане спомен од Мариовската самостојност. Остатоци од палатата и до денес штрчат крај село Витолища. Областа, сепак, продолжува да ја управува Земскиот кмет, кој бил наследен. Тој владеел по старите преданија и локални обичаи. Така траеше до пред 70 години, кога последниот Земски градоначалник, од село Полчища - Трајко Христов Чакрев е убиен, за да се стави крај и на номиналната самостојност на Мариово, пишува Трајчев.

Манастирот „Св. Димитрија – Чебренски“ повеќе пати бил опожарен, но и обновуван. Во својата книга .„Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), авторот Георги Трајчев за овој манастир во кој долго време се служело на славјански ќе го забележи следното:

„Западно од селото Манастир, на еден час растојание, на десниот брег на реката Црна, се наоѓа прочуениот Чебренски манастир, за кој се сврзани разни преданија. Крај манастирот врви еден пат од планинското Мариово за Битола, минувајќи го прочуениот по својата архитектура мост на реката Црна. По него минувале најголемите топови за време на Првата светска војна и пак останал неповреден. Самиот манастир бил опожарен неколку пати. Црквата кон крајот на турскиот режим, преставуваше мал дом кој собираше едвај 100 души, беше обновувана по секој пожар. Ништо античко нема во неа. Храмовиот празник е Спасов ден.

Над селото Будимирци и Груништа, 10 км од манастирот, има сопствен чифлик Трново, каде била најдена иконата на св. Димитар и пренесена во манастирот, поради кој го носи името св. Димитар.

Според раскажувањето  на свештеникот Димитар Златев, ученик од истиот манастир, кој учел во келијното училиште, единствено во тој крај, од каде излегувале прочуени певци по источно пеење – училиштето суштествувало од старо време. Од тука излегувале сите свештеници за Мариово.

Името на манастирот е сврзано со името на Мара (Тамара – Кала Марија), сестра на царот Шишман, султан Муратова царица. Според преданието Чебренскиот манастир бил изграден од Мара. Откако на Мара и било откажано да биде примена и причестена во Прилепскиот манастир „Трескавец“ и по жестоко казнување на 300 калуѓери, Мара се прибрала во областа Мариово, изградила дворци и конаци, изградила манастир св. Димитрија, на десниот брег на реката Црна и го надарила со големо богаство.     

Според друго предание Земските кметови – Привилегираните Мариовци, со право да носат оружје,  јавнати на убави коњи и облечени во прекрасни носии, со седиште во село Полчиште, ја пренеле иконата на св. Спас од манастирот во последното село и изградиле црква по нејзино име (св. Спас). За тоа манастирот останал да се вика само св. Димитар.

Околу манастирот има двокатни згради за гости. Иако манастирот бил подчинет под патриаршијата, заедно со 5-те села: Груништа, Старавина, Градешница, (Б)зовиќ и Будимирци – службата во манастирот до скоро се изведуваше на славјански. Само поради посилниот „елинизам“ на мариовските ренегати Браќа Налеви, преселници во Битола, едвај неодамна почна да се служи во манастирот по грчки.

Манастирот се слави и со големо богаство. Тој има чифлик, воденица со 12 камења, по левиот брег на реката Црна и други имоти.“ 

Денес се прават напори да заживее овој запуштен манастирски комплекс. Секоја година, бројни гости доаѓаат на празникот Свети Ѓорѓија, но доколку се изгради вештачката акумулација Чебрен, ова светилиште може да се најде под вода.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.