|
|
Реализација со грешки или федерализација без грешка |
Космичка енергија, планетарна глупост и национална „оперираност“ се нужни за да го допреш дното аздисувајќи по премиерска фотелја со отплаќање (на рати ем камати) на странски „кредити“. Пуста пара проклета со која за туѓи бели дворови на своите претци им рушиш а на потомците им копаш црни гробови. Арам, арамишта и предавници! До кога со виткање кичми и вазали(н)зам на странски интереси? Уште колку црни страници и томови ќе испишувате од збирката македонски црни бисери? Којзнае, си велам, белким и „црпнатиот“ мајка го родила но, нека ми прости кутрата, да не би кучка го задоила? И тоа неверна! Место како секој нормален да се бори и залага, по силата на генот и инерцијата на припадноста, за правата на Македонците дома, но и кај соседите кои после Букурешт 1913 се рамни на нула, тој се дрзна да тргува со националните интереси па ќе витка кичми, крши устави и отвора рамки, воведува двојазичност и БИ место МУЛТИ национално општество и држава, кои патем ги поистоветува, па кантони, федерализација и... нова СФР Југославија. А чуму? За грст евра и пола (југо-источна) (до)распарчена Македонија, на која, макар и таква (до)осакатена би бил барем еден ден премиер. Јаз’к! Но, за огромна жал, историјата говори, „Заевци“ не се први црни овци во македонската кауза низ која како глувци се накотиле и испикале изроди и предавници, разно-разни Лигуши, Котевци... Да не беше така не ќе беше ни вака. Ќе имавме македонска држава. И цела и зрела. Кој колку сака нека ме плука и критикува но предавството ни е изгледа генетика. Опачина, или грдо лице кое не прати од пра-пра дедо па до Муртино и црпнатиот од него. Ај што читаме историја, можеби и не лажат, арно ама треба ли да ни кажат кој го смени уставното име, знамето со Сонцето, ја прецрта локалната карта со што ја пречкрта Северо-Западна Македонија... за сега да нуди кантонизација и федерализација кои водат само и угу кон една цел – СЕЦЕСИЈА! Да, ниту Груевски и вмровците не се ангели, дума да нема. Ниту пак јас, Вие... едноставно овде долу, на Земјава, такви нема. Арно ама има неколку зборови кои се слични по своето значење а кои го дефинираат нашиот карктер, дела и однесување: исаф, намус, патриотизам... Абе грешки мајкини, македонски! Да личевте троа од троа на луѓе не ќе губевте сите на ред еден по еден но и топтан, на купче, 9:0 од тој, како што велите, со диплома од „вечерното“ во Прилеп. Значи просто како леќа. Како сите вие умни глави не најдовте лек за овој „вирус“ кој е, нели: диктатор, боксер, со вечерна диплома, антиполитичар, слаб говорник, бега од дуели, го лаже народот... каде ви се противмерките против неговиот „режим“. Имате бре партии, приватни медиуми (ако ви се малку прикупете си, дајте некој денар од приватизацијата со која ги лапнавте фабриките забадијала или од соросовата тарапаана), амбасадорски чадор над глава, албански фактор со вас, грчко-бугарски зад вас... и? И пак, и пак не ви стига! Зошто? Затоа што сте прочитана книга, старото ГРДО ЛИЦЕ во македонската понова историја а народот не е слеп, глув, глуп и неписмен, како што го нарекувате, и тоа како добро знае (искусил) кој е кој и кој е за реализација - макар и со грешки а кој за федерализација – без грешка. Знае и кој е аболициран, кој инсталирал над пола илјада судии во еден ден, градител на пирамиди, рушител на фабрики, креатор на стечаи и инкубатор на стечајци, шиткач на национални симболи, заташкувач на атентати, тужибаба и плчип...а по амбасади. П.С. Другар олигарх, вртикапа од изјава-до-изјава, ако веќе се отвора Рамковниот, а со тоа и Пандорината кутија, зошто да не се редефинираат и квотите, па место со 20% право на јазик и писмо (на целата територија!) да имаат сите граѓани? Поединечно, од еден до последен! Еден човек: еден глас, еден јазик, едно писмо. Та место Двојазична Република Македонија, како што ја терате, да ја дотерате до Република Бушава Азбука. П.П.С. Две задни но круцијални поенти: 1. „Виорот Трамп“ ги одвеа демократите и кланот Клинтонови, така што им прокисна чадорот и им ги (пр)опаѓа и тоа како (ре)акциите на кланот Заеви; и 2.Издржани се ст(р)авовите и искусени изборите после кои социјалдемократите не ги признаваат резултатите па не е за изненадување овојпат тоа да го сторат и пред 19,00 или и пред избори (за Заев кожата да си ја спаси) па пак изговори, протести, шарени, кондоми... арно ама? Аш, ги нема Клинтоновии! Македонијо: гордо и на народот, а не грдо и на чадорот!
|