Среда, 14 Декември 2016   
Ова е голема, а не сурова победа!

kostadin-kepricovski-22
Костадин Керпичоски

Прочитав некаде дека ова било сурова а не голема победа. Прочитав исто така кај комуњарските портали дека всушност Зоран Заев треба да слави за тоа што ја смалил предноста на ВМРО-ДПМНЕ. Всушност прв пат слушам дека некој слави зошто изгубил со малку освен ако се земе во предвид колку е силно и моќно ВМРО-ДПМНЕ и колку е далеку далеку понапред од СДСМ.

Што се однесува до победата, да разјасниме, овде се работи за голема, огромна, Македонска победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Секој треба да знае дека овие избори не беа само борба на ВМРО-ДПМНЕ против СДСМ, ами ВМРО и Македонија се бореа против амбасадори, чадори, предавници, платеници, криминалци, некакви други створења и против многу невладини организации кои се финансиски добро нафатирани.

Токму затоа мои убави Македонци ова е голема победа, бидеќи владеачката партија и народот Македонски успеа да ги победи сите нив заедно и да си ја зачува државата таква каква што е сега, самостојна, независна и суверена Република.

Велат дека пред вистината и боговите молчат, така некако би му дошло и сега ако не се земат во предвид шпекулациите на членовите и на врхушката на СДСМ.

Оваа победа докажува дека Македонскиот народ е веќе политички образован, свесен и одговорен НО и патриотски настроен!

Оваа победа докажува и покажува дека со лаги, манипулации, малверзации, закани и уцени, прислушкување и што ли уште не, не се доаѓа на власт.

Ова е добар доказ дека на власт не се доаѓа со уништување на се што е изградено во државата како и со навреди кон оној кој те гласа и од оној од кој ја бараш поддршката на избори.

Во превод, ова значи крај на политичката кариера на Зоран Заев, екипата или наротски врхушката а можеби и на СДСМ што не би било добро за Македонија да опстани без силна и јака, конструктивна опозиција.

Всушност, до некаде е во право Заев кога вели дека успеа, да успеа да ја држи во живост СДСМ на апарати за дишење НО ако снема струја не дај боже готово е!

Драги мои Македонци оваа победа значи крај на политичката криза во Република Македонија, враќање на државата во нормала, нормално функционирање на институциите државни а за вас граѓаните значи продолжување со нормален живот како и до пред некои две години.

За ваша информација “чадорот” сега крена раце од СДСМ и нивниот миленик кој сега им е најголем противник и кој ќе си го средат на нивни начин-така барем вели историјата.

За мене, оваа победа е најслатка, победа извојувана чисто со Македонски гласови, против СДСМ и сите останати во видлива или не коалиција. Масовноста пак го гарантира фер и демократскиот изборен процес во Македонија како и ја потврдува вољата на народот Македонски.

Што сега? Сега е многу битно што поскоро да се формира влада од коалициони партии и веднаш потоа да се започне со работа таму каде што се престана. Да продолжиме нормално да функционираме ние Македонците, граѓаните.

Новата влада да биде конструктивна, освежена, старите и излитени кадри да бидат заменети со нови и владата под водство на Никола Груевски да се фокусира на реализација на започнатото како и на нови проекти, нови инвестиции и развој на економијата како клучна алка во опшеството со која се подобрува животот на граѓаните.

Исто така убаво би било оваа влада да се фокусира и на добро сосетски односи, пријателство со државите но и фокус на исполнување на условите  за започнување на преговори со ЕУ и НАТО па можеби и во овој нов мандат од четири години, ВМРО-ДПМНЕ да успее Македонија да ја направи членка во овие две големи и силни организации.

Денес добро одморетесе, наспијтесе, уживајте во денот и од утре веќе сите да се фатиме за работа!

Честитки Македонци каде и да сте!

Превземено од ДОЈДИВИДИ

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.