Среда, 21 Декември 2016   
Нема да дозволиме никој да се поигрува со трпението на македонскиот народ

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

По осамостојувањето во 1991 година, странскиот фактор покажува голем интерес и индиректно или директно почна да се меша во внатрешните работи на земјата. Во клучните моменти за македонскиот народ, под нивно патронство се носат одлуки кои често се спротивни на интересите на македонскиот народ и држава. Враќајќи го времето на назад, доаѓаме до еден од нај еклатантните пример за нивното мешање. За оние кои заборавиле да ги потсетиме на референдумот од 7 ноември 2004 година, кога граѓаните се изјаснуваа во врска со новоусвоениот Закон за територијална поделба на Република Македонија од страна на СДСМ.

Тогашниот министерот за европски прашања во британскиот Форин офис Денис Мекшејн по состанокот со Бранко Црвенковски побара од македонските граѓани да не излезат да гласаат на референдумот, туку да си останат дома. Тој пред Собранието на Македонија, покажувајќи на часовникот, ќе изјави:

"Секоја земја има мошне едноставен избор: вие или го навивате вашиот часовник напред, или го враќате назад. И ние мислиме дека гласањето на референдумот ќе го врати назад часовникот за Македонија, а тоа не е правецот во кој ние сакаме да одат луѓето. Не враќајте го часовникот назад. Ги разбирам стравовите и грижите, но на 7 ноември останете дома, размислете за тоа што сакате да направите, одлучете какви сигнали може со овој референдум да се пратат. Но потоа да направиме да работи Охрид, да не ја враќаме Македонија назад во насока на нестабилност, назад од нејзината иднина како европска земја".

Исто така Мекшејн, тогаш изјави дека иако "право е на земјата да си ја организира внатрешната политика", се надева оти гласачите ќе разбереле дека секој глас даден против Охридскиот договор бил глас против Европа. Ваквите пораки од надвор, комбинирани со изјавите на раководството на СДСМ „дека некои прашања не заслужуваат Одговор“ и заплашување со откази на администрацијата доколу гласаат, се одразија катастрофално по излезноста на денот на референдумот и идниот изглед на Македонија.

Како резултат на ваквото мешање, иако на референдумот од вкупно излезените 454.347 гласачи, мнозинството од 449.324 лица гласаа против новата територијална поделба, референдимот не успеа поради излезноста која беше само 26.58 %. Односно не беше постигнат потребниот процент од 51% излезност. Неуспешниот референдум ќе се одрази на етничкиот баланс во Тетово, Гостивар, Струга,Кичево и други места на штета на Македонците, кои со тек на времето заради доселување на Косовари станаа малцинство, а за кои дури не важи и Рамковниот договор. Тоа беше еден дел од фазата за разнебитување на земјата.

mak-nac-2

По повеќе од една декада која е доволна за да се подзаборават болните настани од поновата историја започна нова фаза за конечно докусурување на нашата земја. Повторно во режија на странците и СДСМ, кои уште во почетокот на независноста дадоа 150.000 државјанства на дојдени од Косово, на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември, во замена на двојазичност и кантонизација на земјата, но и за тешки пари од Сорос и други странски организации, СДСМ на изборите доби диригирани 70.000 албански гласови.

Гласањето по директива на странските мешетари, покажа дека оваа албанската заедница во земјата, не се задоволува само со Рамковниот договор од Охрид и дека бара многу повеќе отколку што во една европска држава малцинствата ги поседуваат.

Тоа дури сега го спознаваат многу млади члениви на СДСМ, кои заведени од лидерот на СДСМ Зоран Заев, не веруваа дека раководството е спремно да ги трампа нациналните интереси на народот и државата за власт. Нив и некако човек може да им прости, зошто не ги искусиле ниту можат да знаат за настаните од 1999, кога од Косово со поддршка на меѓународната заедница беа протерани повеќе од 400.000 Срби, или пак 2001 година кога во текот на конфликтот повторно поддржан од надвор, Македонија се соочи со внатрешно раселени лица - протерани Македонци од своите домови во северозападниот дел од земјата. Некои до ден денес неможат да се вратат во своите домови.

Исто така, многумина како да заборавиле дека од осамостојувањето на земјата Македонија имаше многу ветувања од меѓународната заедница, но од тоа ништо не се исполни. Сетете се само на барањата за менување на знамето, химната, името, направете реформи и т.н. па ќе бидете примени во ЕУ и НАТО. Но по сите направени остапки, Македонија буквално ништо не доби, па дури не беше ни испочутувана пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг во корист на Македонија. Земјата и ден денес се наоѓа во чекалната на НАТО и ЕУ, а Македонците во сопствена држава стануваат народ од втор ред.

Меѓутоа, ако некои тоа го заборавиле и својот глас го дале на СДСМ, што значи предавство, двојазичност и кантонизација на земјата, тоа не го заборавија поголемиот дел од граѓаните на Македонија. Нивниот гнев е огромен, зошто иако победија на мирни и фер избори, некој повторно се обидува да ги измами.

Согледувајќи како одредени странски преставници отворено се мешаат во внатрешните работи на земјата и прават постизборен инжинеринг за да на власт ја доведат губитничката СДСМ, само за да ги спороведат ветувањата кон Албанците, а на штета на Македонците и припадниците на другите етнички заедници, реагираше народот. Едноставно гневот се зголеми откако увиде дека во мешањето на странците нема ништо што е поврзано со правдата и демократија. Гневот се истури пред вратите на ДИК, каде се случуваше целата фарса. По народот се јави со свој проглас и ВМРО ДПМНЕ, кој го соопшти лидерот Никола Груевски барајки да престане мешање на странците во внатрешните работи на земјата.

mak-nac-1

Уште подецидни во својот став беа ветераните на ВМРО ДПМНЕ. Маноил (Мане) Јаковлевски еден од основачите на партијата, во своето обраќање пред насобраниот народ ќе истакне:

„Почитувани бранителина на Република Македонија, почитувани ветерани на ВМРО ДПМНЕ, почитувани тврдокорни, деновиве ве гледам во голем број. Доаѓаме, се собираме уште еднаш да ја доодбраниме нашата држава Македонија.

Ако 90-та година ја формиравме ВМРО-ДПМНЕ, за да создадеме македонска самостојна држава, од тогаш до денес не ни дозволија да се израдуваме со нашата татковина Македонија. Од 90-та година, беа против формирање на самостојна Македонија, и до денес не се променија. Ние тврдокорните, основачите, бранителите, нема да дозволиме никој да се поигрува со трпението на македонскиот народ. Им порачувам на западните мешетари нека не се играат со трпението на ВМРО-ДПМНЕ, нека не се играат со нас тврдокорните. Ако почнеме нема враќање назад веќе. Доста трпевме.

Во минатото им дадоа на над 150.000 Косовари државјанства, а гледам вчера се расправаат за еден пратеник, за еден глас. Една женичка ја нашле во Гостивар, стара жена за жалење, која најверојатно во текот на денот ќе признае дека некој ја наместил и и дал пари. За еден глас сакаат да ги поништат 450.000 гласачи, кои гласаа од срце за Македонија. Ние не дававме пари некој да гласаат за нас. Ние им ветувавме, им кажувавме што планираме со нашата држава понатака. Планираме да направиме успешна приказна од Македонија.

Уште еднаш им кажувам. Нека не се играат, нека не се играат затоа што трпението ни е при крај, ќе се каат еден ден. Ако почнеме ние ВМРО, ако почнеме, ако ни се врати назад тоа што го имаме во нашиот ген, многу касно ќе им биде. Тогаш нека не доаѓаат да не смируваат како што ги смируваат во Украина и во Сирија. ВМРО не знае да се плаши. Османлиите 450 години не излегле на крај со нас, 45 години комунистите  не излегоа на крај со ВМРО, нема ниту сега.  Не е роден тој што може да и наштети на нашата држава. Нека не се играат додека е време. Нека ги признаат изборите кои до сега беа најмирни и најдемократски во историјата на самостојна Македонија.

Ако се потпали ВМРО, старото ВМРО, тешко ќе излезат на крај со нас. Затоа претседателе Груевски ти порачуваме и тебе немој да не смируваш ако почнеме ни тебе нема да те послушаме, затоа што ќе си ја браниме нашата татковина. Доста им попуштавме, доста им попуштавме и доста им е. Значи уште еднаш ќе кажам, никого нема да слушаме, ниту партија, ниту лидери, ниту никој, ако се распалиме одиме до крај. Тогаш нека дојдат тие мешетарите и нека ги смируваат оние што даваат пари и што купаваат ауди таму за да го дадат гласот.

Затоа ве повикувам сите вас кој деведесетите години се колневме на камата, библијата и револверот, бидете спремни да ја браниме Македонија.

Не смееме да им попуштиме. Доста им попуштавме.

И министер ставија во внатрешни работи,и во труд и социјала, и овие горе кои ни ја кројат судбината, во ДИК, имаат мнозинство, и се зафатија со еден глас. Илјадници гласови во минатото ги полнеа во кутиите и никој ништо, за доброто на Македонија седевме мирни и ги почитувавме сите избори досега, наместени избори. И овие беа наместени избори. Меѓутоа нека бидат намесетени, ама народот македонски никој не успеал да го намести. Народот си излезе и со го кажа своето - 450.000. Уште еднаш ќе ги опоменам сите. Трпението ни е пред крај. Нема повлекување веќе. Ова е доволно.

Поздрав до сите ветерани, до сите бранители, Ги поздравувам сите кои се колнеа на пиштолот, револверот и библијата, браќа и сестри, бидете спремни да ја одбраниме нашата Македонија.

Бидете благословени.“

Ваквиот говор можеби некого ќе изненади, но нека преставниците на меѓународната заедница го вратат часовникот назад и нека видат се што Македонците направиле за нив, што жртвувале и што за возврат добиле.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.