|
|
Македонскиот народ кажа стоп на странско мешање |
По фарсата во Државната изборна комисија, каде под притисок на надворешниот фактор требаше да се изигра вољата на народт, гласот на гневниот македонскиот народ, го артикулира победничката партија која излезе со историски Проглас на ВМРО ДПМНЕ во кој соопшти дека веќе нема да толерира странско мешање во внатрешните работи на земјата и дека ќе се бори против кантонизација на земјата и за контрола на парите на СОРОС во Македонија Некокогаш работите треба да се кажат со вистинското име. И покрај долгите подготовки, многу вложени средства и обоената револуција, Вашингтон, Брисел и Сорос не успееја да ги доведат „шарените“ на власт во Македонија. Иако беше од нивна страна направен т.н. изборен инжинеринг за распределба на албански и други гласови на контото на коалицијата предводена од СДСМ, добро платен од странските спонзори, сепак на предвремените парламентарни избори оваа партија доби 2 пратеници помалку од ВМРО ДПМНЕ. На предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември во мирна, фер и демократска атмосфера, без никакви забелешки како од меѓународните и домашните набљудувачи, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата освоија 51 пратеник, а СДСМ со коалицијата 49 пратеници. Гласовите кои ги доби СДСМ на чело со Зоран Заев, тоа беше се што успеа тешката машинерија на чадорот и соросовата банда. Победи ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија. Всушност победи Македонија, чии граѓани несакаат федерализација и поделба на земјата. Оваа победа има посебна тежина ако се знае дека е остварена против голем противник, а тоа не е Зоран Заев. Со сите можности на американската, британската и германската шпиунажа, со толку вложени пари за мобилизација на гласачото тело во корист на СДСМ и држење под притисок на Македонците на повеќе фронтови, изборните резултати на СДСМ беа скромни. Само за потсетување, СДСМ е финансиран со огромни средства од Соросовиот Институт отворено општество, Националниот демократски институт (НДИ), Националниот покрет за демократија (НЕД) и други западни организации. Соросовите пари на пример стојат позади обоени револуции во Украина и Египет, а сегашниот американски амбасадор во земјата се смета дека е одговорен зад протестите додека беше на претходната должност во Турција. Од настаните во последните две и поч години, не е тешко да се заклучи дека се работи за слично сценарио и во Македонија. Меѓутоа, незадоволни од резултатот во Македонија, диригентите и спонзорите од т.н. демократски земји, преку свои преставници во земјата почнаа со отворени притисоци и закани, решени по секоја цена да го спречат ВМРО ДПМНЕ да формира влада. Деновиве имавме можност да ја проследиме информацијата за доаѓањето на директорот на ЦИА во Тирана, како и тоа дека по неговото заминување се изредија лидерите на албанските партии од Македонија за добивање инструкции во контекст на идното составување на Влада на Македонија. Потоа следуваше и циркусот во Државната изборна комисија, каде со неосновани приговори, се обидуваа преставниците на СДСМ, да го поништат гласањето во одредени избирачки места, каде немаше никакви забелешки. Оваа пародија, која нема врска со демократија, секако дека ќе продолжи пред управниот суд, врз кој неминовно ќе има исто така притисок од страна на надворешниот фактор. Доколку судот не подклекне на притисоците на надворешниот фактор, американците и Брисел сега ја припремаат постизборната коалиција. Тие ќе се обидат по секоја цена да ја спречат победничките партии ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да формираат Влада. Дека постои ветување со кое го охрабруваат СДСМ, укажуваат и изјавите на лидерот на Зоран Заев, кој отворено вели дека ВМРО ДПМНЕ не смее да формира Влада и да не им текне на политичките партии да коалицираат со Никола Груевски. Новата Влада, како што вели тој ќе ја водат тие и таа ќе биде „европска“. Како да не зборува македонски опозициски лидер, туку како лидер на некоја партија од Косово. Сите настани во текот на изборииот процес, изјавите на Зоран Заев за вооведување двојазичност на целата тероторија наведуваат дека по формирањето на ВМРО-ска Влада, странскиот фактор е спремен да ги пушти шарените од ланец и да ги обноват уличните протести, односно создавање на нова политичка криза - хаос во земјата, чија крајна цел е воведување на двојазичност, федерализација, промена на името и поделба на земјата. Меѓутоа, на народот во Македонија му е доста од политичката криза и прекумерното мешање на странскиот фактор во внтрешните работи во земјата. Едноставно, по Букурешт 1913 година и сите други историски настани, на Македонецот му е доста некој друг да му ја крои судбината. Затоа за време на работата на Државата изборна комисија, кога согледувајќи дека се манипулира со изборната воља на граѓаните, кога се доведува во прашање кристално чистата победа на ВМРО ДПМНЕ, партија која сака да ја зачува унитарноста на земјата и сувереноста на Македонија, македонскиот народ масовно излезе на улица за му даде поддршка на победничката партија и им порача на странците да престанат со притисоците и дека нема да дозволат двојазичност и федерализација на земјата. Чуствувајќи ја загриженоста и гневот на македонскиот народ, кој тешко може веќе да се контролира, победничката партија го артикулира и канализира гласот на народот. ВМРО ДПМНЕ излезе со историски Проглас во кој соопштува дека веќе нема да толерира странско мешање во внатрешните работи на земјата и дека ќе се бори против кантонизација на земјата и за контрола на парите на СОРОС во Македонија. Овој Проглас кој го донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и кој пред јавноста го соопшти лидерот на партијата, Никола Груевски, преставува силен и одлучен глас во одбрана на суверенитетот и независноста на државата. Овој проглас е гласот на сите Македонци и е браник на Македонската демократија и на Македонските интереси. Истовремено, во овој Проглас е глас на сите загрижени граѓани на Република Македонија кои во овие клучни, историски моменти за земјата чувствуваат дека државата е доведена во незавидна позиција во која треба да се случи последен чин од стратегијата за исчезнување на македонскиот народ подготвен во кујната на неколку надворешни и внатрешни сценаристи. Затоа гневниот македонски народ кажа стоп на надворешното мешање. Но, исто така претавува опомена дека доколку се продолжи со сценариото за разнебитување на државата спремен е да ја понесе историската одговорност и да се справи со сите кои посегаат по слободата, сувереноста и независноста на македонската држава.
|