Среда, 25 Јануари 2017   
Обид за дискредитација на чуварите на македонскиот идентитет

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Деновиве како што пренесуваат опозициските медиуми, претседателот на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски и поранешен премиер на Македонија, на својата Фејсбук страница ги обвини Жан Митрев и Манојил (Мане) Јаковлевски дека му спремале атентат. Претходно, Георгиевски ја обвинил во Фокус и поранешната министерка Доста Димовска дека му спремала атентат.

„Приказната на Роби ме потсети на еден друг Штипјанец, Жан Митрев на кого му купивме опрема за дваесет и пет милиони марки, му дадовме зграда,и му обезбедивме монопол на бизнис од шеесет милони годишно и дочекав да разберам дека со Манојил (Мане) Јаковлески барале атентатор. А имам список на уште дузина на такви мустри кои добија многу а после измислуваат причина за кавга“ – шишува Георгиевски на Фејсбук.

Досега, врз премиер или поранешен премиер не бил извршен атентат во земјата. Инаку познато е дека на 3 октомври 1995 година, беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, кој тој го преживеа со тешки повреди на главата. До ден денеше остана непознато кој стоел зад атентатот. Нецела деценија потоа, под сеуште за многумина неразјаснати околности, на 26 фебруари 2004 година, во авионска несреќа трагично загина македонскиот претседател Борис Трајковски. До ден денес постојат шпекулации дека тој беше жртва на атентат.

Според досегашните искуства едно е јасно, да постоела било каква намера, тогаш веројатно Георгиевски би ја делел судбината на македонските претседатели и до денес сето тоа ќе останело мистерија.  

Сепак, тој е жив и здрав, ни влакно не му фали од главата и сега слободно дава интервјуа и пишува на социјалните мрежи, ги обвунува луѓето, но и се обидува да ги заплашува пишувајќи дека има список на уште дузина такви мустри.

Интересно е прашањето зошто оваа екс премиерска мустра, која дебело се офајди додека беше на чело на државата, а потоа зеде бугарско државјанство за да се најде засолниште доколку има потреба, сега фрла дрва и камења по одредени личности кои му се на список.

Очигледно е дека како дел од опозицијата, има блиски ставови со СДСМ и соросовите експозитури во земјата и дека Георгиевски има сега задача да продолжи со дискредитацијата на челниците на ВМРО ДПМНЕ, односно, тој треба да ги дискредитира луѓето кои се спротивставуваат на федералиизација на земјата и се борат за зачувување на унитарноста на земјата, името, идентитетот и јазикот на македонскиот народ.

Всушност, откако постана благонадежен булгарин во Македонија,

http://mn.mk/komentari/5660-Vistinata-za-bugarskoto-drzavjanstvo-na-Ljubco-Georgievski

овој поранешен премиер, кој во 2001 година за време на вооружениот конфликт ја промовораше идејата за федерализација, размена на територија и население, денес продолжува со својата политика да ги напаѓа бастионите на македонизмот.

Жалосно е што Љубчо Георгиевски, кој ги уживаше сите благодети додека беше лидер на ВМРО ДПМНЕ и премиер на земјата, денес работи не само против матичната партија, туку и против интересите на македонскиот народ и држава.

Заради лични фрустрации и интереси тој се стави во финкција на СДСМ и соросовиот невладин систем и силите кои работат на деинтеграција на земјата.  

Не случајно Георгевски во неколку наврати се обидува преку медиумите да го дискредитира Манојил (Мане) Јаковлевски. Тој знае дека Јаковлевски како еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ е жив сведок на  настаните пред и по осамостојувањето на Македонија и дека знае многу за неговата вистинска улога во овие настани.

Исто така, на Георгиевки му смета сајтот „Македонска нација“

http://mn.mk преку кој Јаковлевски ја шири вистината за она што му се случува на македонскиот народ низ целиот свет и преставува вистински браник во борбата за зачувувањето на македонското име, јазик и култура, што сето заедно е спротивно на неговата цел за разнебитување на земјата.

Сепак, изненадува обидот на забеганиот јаничар да му наштети на угледот на др. Жан Митрев, кој со својата стручност го подигнал нивото на медицината во земјата и спасил многубројни животи.

Зарем може човек кој несебично спасува многубројни животи, кој се обврзал на  Хипократовата заклетва дека својот живот ќе го стави во служба на хуманоста, да размислува за атентат на една релативно безначајна минорна личност како Љубчо Георгиевски која имала епизодна неславна улога во поновата македонска историја.

Видно е дека на Георгиевски не му смета докажаната стручност и огромните успеси на др. Жан Митрев на полето на медицината, туку неговата фасцинација со Античка Македонија за која лично објавува и поддржува издавање на книги кои говорат за континуитетот на македонското име и народ. Ако тоа го прави и Манојил (Мане) Јаковлевски преку Македонска нација, тогаш ова може да се смета како обид за дискредитација на чуварите на македонскиот идентитет.

Водејќи Гебелсова пропаганда, сто пати кажана лага, станува вистина, денес опозицијата со Љубчо Георгиевски преку разни начини удира по столбовите на македонската држава.

Но, народот колку и да го сметаат за недозреан, многу одамна ги прозре сите оние кои работат против интересите на сопствената земја, против сите оние кои ја делат, па затоа масовно гласаа на предвремените парламентарни избори во декември за ВМРО ДПМНЕ, за унитарна и напредна Македонија.

Колку и да се напаѓаат поединци, да им се измислуваат разни афери, тоа веќе не поминува кај народот, кој секој обид да се спречи неговата воља е спремен да го спречи.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.