|
|
АПЕЛ до членовите на СДСМ : Македонија е наша обврска |
Спогодбата што ја потпиша Ковачевски ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Бугарија под ваков диктат. Не прифаќаме идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. Според член 308 од Кривичниот законик, „Граѓанин кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години“. Вистинскиот Македонец не ги менува своите ставови, својата мисла и работа. Затоа, таквите кои не се менуваат, имаат историја, сегашност и иднина. Ниту еден народ не може да се надева на среќна иднина ако нема историско паметење, ако нема став за минатото, ако заборавил кој е и што е, ако нема изграден однос кон сегашноста и визија кон иднината. Ковачевски се обидува да не` натера да заборавиме на нашата многувековна и тешка историја, да заборавиме на страдањата на нашите предци и не` убедува дека било добро да го смениме Уставот а со тоа и нашиот идентитет и да заборавиме на македонското. Дали денешниве членови и политичари од СДСМ заборавија дека наша обврска е да го зачуваме нашиот идентитет и да го пренесеме на идните наши поколенија? АПЕЛ до членовите на СДСМ: Доколку имаме различни политички погледи кон Македонија, различни идеали или идеологии, СЕПАК ЕДНО МОРА ДА НЕ ОБЕДИНУВА, сите да се бориме да го сочуваме нашиот идентитет и достоинство, а не да водиме борба кој повеќе ќе ја разнебити Македонија, заради лични интереси. ЗАРАДИ ТОА: ДА НЕ ПРИФАЌАМЕ ДОГОВОР ПОД ДИКТАТ НА СОФИЈА СО ЦЕЛ ПРОМЕНА НА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ. Македонија е наша обврска! Македонска нација |