Среда, 17 Март 2010   
Фалсификуваните грчки наоди од „Вергина“

Михаил Барак
Михаил Барак

Според официјалната грчка интернет страна за историско наследство се потенцира големината на археолошкото откритие во денешна Вергина од страна на грчкиот археолог Андроникос Манолис.

Без никаква резерва се наведува дека станува збор за гробот на Филип Втори, таткото на Александар Македонски.

На сите страни гордо се истакнува бројката од „околу еден милион луѓе годишно посети на археолошкиот локалитет Вергина по 1997 година и се очекува нивниот број да се зголеми по изградбата на Музејот на Вергина. “

Оваа соопштение беше направено од страна на Министерот за Култура  Евангелос Венизелос во 2002 година, по повод 10-годишнината од смртта на Андроник Манолис, археологот кој ја откри „гробницата на кралот Филип Втори таткото на Александар Велики.“

Кога ќе ја земеме предвид бројката на посетители на овој локалитет и постојано наглас повторуваната лага за “гробницата на Филип Втори“ тогаш ни станува јасно на кој начин Грците си ги бранат своите позиции.

Но сепак, едно нешто се маркетинг пропагандите, а сосема друго археолошките истражувања и изјаснувањето на авторитетите во таа област.

Она што нам ни преостанува е да го правиме истото што и Грците, меѓутоа секогаш  повикувајќи се на релевантните оценки од поголемите светски авторитети, доколку сакаме да бидеме порамноправни во борбата со грчката пропаганда.

За да ја разоткриеме грчката цел со овие фалсификувани наоди ќе се послужиме со една аналогија :

„... археолозите не успеале да избегаат од идеолошката борба и интелектуалните трендови како и историчарите.

Расистичките идеологии на пример, тврделе дека варварите биле “Германци“ и претци на модерните Германци. Релативно цврстиот состав од артефакти најдени во одредени специфични места биле идентификувани со тие “Германци“ за потоа некои модерни Германци – особено оние за време на Нацистичка Германија -  врз основа на тие артефакти тврделе дека имаат право на одредени земји врз основа на етнички континуираното живеење. Тоа е глупост и ниту еден сериозен археолог денеска нема да поверува во такво нешто “

Истиот принцип на Нацистичката идеологија во Германија, го употребува и Грција денеска.

Создава измислени артефакти и тврдења за постојано етничко присуство за да може да ги заснова своите територијални претензии врз регионите кои веќе ги окупирала, но и оние кои влегуваат во склоп на зацртаните историски амбиции.

Нормално како што е наведено во петтиот параграф - тоа е глупост и ниту еден сериозен археолог денеска нема да поверува во такво нешто - затоа ќе ги разгледаме следните критики.

Ќе започнеме со Јуџин Борза, почесен професор по античка историја на Државниот универзитет во Пенсилванија:

“Многу европски, австралиски и северно-американски научници,  додека аплаудираа за важноста на откритието на Андроникос, останаа скептични за неговата идентификација на починатиот.“

" Андроникос ги презентираше своите теории [дека гробовите биле оние на таткото на Александар и на неговото семејство] со голема умешност, и грчкиот народ одговори со жесток ентузијазам,"  рече Борза.
"Навистина и јас бев еден од оние кои, во почетните две статии во доцните 1970-ти, го прифатија тврдењето на Андроникос дека остатоците биле оние на Филип Втори"

Борза сепак почнал да се сомнева во заклучоците на Андроникос, откако ги проучил дополнително доказите.

Тој ја контактирал Олга Палагиа, историчар на уметност при Универзитетот во Атина, за да се оцени градбата, керамиката, и сликите во гробницата.

Наскоро и двајцата дошле до заклучок дека формите на закривените тавани датираат од крајот на 320-[п.н.е.], речиси една генерација по смртта на Филип Втори   - изјави Борза за National Geographic News.

Палагиа исто така, утврди дека сликите на екстериерот на гробот опфаќаат историски теми кои, најверојатно се од периодот на Александар Велики, отколку оној на неговиот татко.

Поточно, додека за втората гробница  има општа согласност за нејзиниот кралски статус, сепак неколку научници го идентификуваа починатиот маж како Филип Трети Архидеус, наместо Филип Втори.

Филип Трети Архидеус  (359 п.н.е. – 317 п.н.е.) бил син на Филип Втори од бракот со Филина од Лариса, Тесалија.  Роденото име му било Архидеус додека името на Филип го презел откако станал крал на Македонија на 11 јуни 323 година п.н.е. Тој бил полу-братот на Александар.

Одредени поразумни грчки историчари во сенката на пропагандата како Трендафилос Д. Папазоис отворено го критикуваат  Андроникос:

„Ставот на професорот Андроникос во финалните заклучоци во однос на идентитетот на мртовецот базиран на гробниците во Вергина беше, според мое мислење, сериозна грешка на историските факти во областа на археологијата.“
Со нивните агресивни маркетиншки трикови Грците подметнуваат лажни тврдења за гробот на Филип Втори за да додадат поголема вредност на наодите, а со тоа и на своите историски амбиции.

Се рабира сесрдна помош добиле од Британците во фалсификување на овие наоди.

Оваа грешка на фактите е значително засилена со заклучоците од една група на британски научници предводена од анатомичарот д-р Ј. Мусгрејв, кои во својот извештај изјавија дека:

"... успешно ја реконструрале главата на кралот Филип Втори врз основа на коските на черепот пронајдени во гробницата бр. 2 "

Можноста скелетот да биде оној на Филип Втори Македонски, пропадна , според новата студија објавена во април 21 издание на списанието "Наука“.

Не последен, но целосно доследен во својата објективност е коментарот на В.Линдзи Адамс професор по историја на Универзитетот во Јута:

"Навистина, за повеќето научници кои го истражуваат четвртиот век п.н.е.во Македонија, оригиналните наоди од Андроник сега изгледаат сомнително".
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.