Среда, 17 Јануари 2024   
ЈУДАТА ЗАЕВ ПРЕД ВОДИЦИ ГИ ПРЕКРСТИ МАКЕДОНЦИТЕ

Dusan RistevskiДушан Ристевски-Македон

ЈУДАТА ЗАЕВ ПРЕД ВОДИЦИ ГИ ПРЕКРСТИ МАКЕДОНЦИТЕ

Според христијанското верување периодот од Божиќ до Водици е период на некрстени денови. Се верува дека овие денови за човекот се опасни бидејќи тогаш мртвите се во движење, разни вампири, караконџули, вештерки, самовили и други нечисти сили се активни и на сите начини сакаат да му напакостат.

Ете во тој период Јудата Заев со 81 пратеници (вампири и вештерки) ги изгласаа уставните измени и донесоа одлука за прогласување на сите амандмани што произлегуваат од предавничкиот договор од Преспа. И покрај сите молења од претседателот Иванов, од поглаварот на МПЦ Г.Г. Стефан и од македонскиот народ во Републиката и Дијаспората, Заев со „крстот“ на Јуда само со едно кревање ја прекрсти македонската држава. Кумовите САД, ЕУ и Атина со гордост гледаа на Заев како нивното милениче израсна во вистински државник – убиец на својата нација. Ниту бабарите (василичарите, џамаларите, сурваскарите, ешкарите) не можеа да ги избркаат лошите духови во собранието.

И додека во собранието се вртеше погачата (баницата) со парето за да се види кој член од тоа семејство (собрание) ќе биде најсреќен, плачевите и солзите ги гушеше Македонците. А сите пратеници си понесоа со себе по едно паре (пари) да си ги израдуваат своите деца и внуци дека на нивното богатсво ќе му нема крај.

Предавничката одлука за промена на името како некое темно здание се надвисна над Македонците во Дијаспората. Потполен шок и немост завладеа бидејќи и не се веруваше како е можно македонската влада да ја убие својата нација. После одлуката, на Кинг стрит (Широк сокак) во предградието Рогдаел во Сиднеј каде има голема концентрација на Македонци, а и градоначалникот е Македонец, таа и беше темата на разговор. Мажите најгрдно пцуеа по пратениците, а жените колнеа и се молеа денешниот Св Василиј да го штити македонскиот народ. А ги имаше и оние што повикуваа на нов Илинден, Гемиџиите да воскреснат и го остварат сонот за обединета Македонија.

Во Република Македонија Македонецот постана второстепен граѓанин, Македонците во поробените делови на Македонија тотално уништени, а Македонеците во Дијаспората ќе бидат повеќе и повеќе понижувани и исмејувани. Коренот на дабот се уништи, гранките и лисјата набргу ќе се исушат. Но секако, тоа не е важно за среброљупците.

СПАСЕНИЕ

(Божиќна молитва)

Боже Ристос!

Роди се уште еднаш

и дојди во Македонија

за наше спасение:

Немите да прозборат

Слепите да прогледаат

Глувите да прослушаат

Глупавите да се опаметат.

Господе

дојди во Македонија

и спаси не од Јуда.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.