|
|
Нефер игри и интриги пред септемвриските локални избори во Албанија |
Клаудија Лутовска Македонскиот единствен Градоначалник Еднонд Темелко на удар од Албанските зли јазициАлбански зли јазици преку албански медиуми направија лажна афера со ниски цели, која стави дамка на Македонскиот единствен Градоначалник, Едмонд Темелко во Албанија, инаку Градоначалник на Општина Пустец.Според законот за Локална самоуправа на општините во Македонија, секој Општински Совет има можност да даде еднократна парична помош на граѓанин кој е загрозен. Исто и според законот за Локална самоуправа на Албанија секој совет на општина има надлежност да додели парична социјална помош, се според регулативите, најрегуларно. Врз работењето на Општината Пустец до сега непостои никаква нерегуларност, нити градоналникот Едмонд Темелко кој настојува се да се одвива транспарентно не се направил никаков пропуст во работата на Општината, нити пак во работењето на Градоначалникот и Советот. Македонска Алијанса за Европска Интеграција, предводена од Едмонд Темелко, ги обедини Македонците во Албанија и се залага за правата на Македонското малцинство, а воедно и за Евроинтеграциските процеси за развој на Албанија каде што живеат и Македонци. На Партиите во Албанија им претстојат Локални избори, а Македонска Алијанса за Европска Интеграција во своето членство ги има Македонците од регионот Преспа но и од Голо Брдо, за кои се отвозможи настава на Македонски Јазик, што всушност е и причината за ваквата клевета. Оспорувањето на наставата на Македонски Јазик е само безуспешен обид на некои албански политики, кои беа спречени од Едмонд Темелко, чии заложби заедно со оваа македонска партија не дозволија да престане наставата на Македоснки јазик на Голо Брдо. Од друга страна пак голема е веројатноста за победа на македонски лидери и во овој регион, кај Македонското население на Голо Брдо во Албанија. Токму од овие причини се потврува поговорката за политиката и нејзината развратност, која фрли оцрнување пред националната но, и светската јавност на Едмонд Темелко. Политиката на Енвер Оџа го остави Македонското малцинство во Албанија во голема беда, сиромаштија и без основни услови за живот. Инфраструктурата од типот, патишта, канализација и водовод е сеуште на ниво- не постои, како да се отсечени овие луѓе од времето во кое живеат, додека останатите делови во Албанија ги уживаат благодетите и технологиите на 21 век. Политиката на Сали Бериша со големи напори од Македонската Алијанса за Еврпска Интеграција и лидерот Едмонд Темелко направија Македонците да излезат од анонимноста и полека да почнат да го живеат времето во кое егзистираат. Тешки се условите во кои живее Македонското население, мажите заминуваат на печалба, нивните деца се школуваат на факултетите во отежнати услови, а жените остануваат во домот и се занимаваат со земјоделие. Ниските политички удари за македонците нема да стивнат, причината е се присутна- Моќ и Власт, но, силата која во себе ја носи Едмонд Темелко за Македонската Кауза, како и патриотскиот дух, чувството за праведност и човечки права ги водат Македонците во Албанија. Оваа партија иницира пребројување на точниот број на Македонци на најавуваниот попис во 2011 година во Албанија, очекуваат точна бројка која многукратно ја надминува познатата бројка од 5000 Македонци во Албанија, а воедно ги очекува и успех на локалните избори кои се очекуваат во Септември. Клеопатра |