|
|
Власта ја дава и ја зема народот |
Весна Атанасовска Власта ја дава и ја зема народот Владетел Со политика се занимаваат оние кои некогаш најмалку ја посакуваат. Да бидеш политичар во вистинска смисла треба да знаеш како да менаџираш со масата народ. Не е доволно само да си политичар.Tрeбa da бидеш умешен и да знаеш како да ја добиеш битката, за тоа, можеби и не ти треба цела војска. Макијавели запишал: ”Но сепак, начинот на кој луѓето живеат е толку далеку од начинот на кој би требало да живеат, што секој оној кој не се занимава со она што е, туку со она што треба да биде, всушност побрзо оди кон пропаст отколку кон победа; бидејќи тој што се стреми кон добрина во сето она што го прави сигурно пропаѓа, затоа што околу него има многумина кои не се добри„. Секогаш вистинскиот владетел или политичар и не мора да значи дека околу себе ги има најдобрите советници. Понекогаш истите советници можеби гледајќи конкуренција во одредени личности, се обидуваат полека, но со сигурност да го оцрнат образот на квалитетните, лојални и работливи. Затоа вистинските политичари или владетели имаат вистiнски принципи кои не зборуваат за нив туку се придржуваат кон нив и важат подеднакво за сите па и за својот брат, на нив не влијаат туѓите клевeти туку нивниот придонес мерен на вага. Така се пече лојалноста кон одрeдена институција, организација или личност, на долги стази. Лојалноста не се стекнува за три месеци, за три години, не се стекува според образованието, туку со дела. Често политичарите денеска се соочуваат со ласкавци и додворувачи. Понекогаш политичарот и кога не е во право тие го подржуваат во неговите ставови и намери. Јавно му искажуват како тој е најдобар, макар и да не е така, му завидуваат и му доделуваат комплименти за неговите говори итн. Но секогаш после неговото заминување се смешкаат за добро режираниот филм. Тоа е нормална дволичност. Кога политичарот беше никој и ништо беше грд, сега е принцот од бајките и сите го сакаат. Но има и такви кои се лојални почитувачи на делото на политичарот, макар и виновен го бранат до последно. Но се ми се чини дека последниве се ретки. Често во политиката политичарите меѓусебno доаѓаат во судир, не поради интерес, туку поради борба на суети. И сите страни имаат свое оправдување, затоа сите останати треба да мерат на вага. Макијавели во „Владетелот„ дава пример помеѓу две завојувани страни, и ги наведува следните причини: „Ако твоите сојузници победат, тоа ти оди во полза без разлика дали си помоќен од нив или не; Ако си помоќен, тогаш твоите сојузници се под твоја команда; ако твоите сојузници се посилни, тие секогаш ќе чувствуваат извесна должност кон тебе за твојата укажана помош; Ако твојата страна изгуби, ти сепак си го задржуваш губитникот како сојузник„. Тој исто така за Владетелот вели: „помудро е владетелот да не влегува во сојуз со поголема сила, освен ако не е приморан. Како заклучок, најважната доблест е да се има мудрост да се расуди кои потфати се најисплатливи, и потоа храбро занимавање со истите„. Затоа политичарот мора да расудува помеѓу она што е исправно а што не е, што е добро а што е лошо. Сепак е избран за добро да владее, власта ја дава и ја зема народот. |