Среда, 01 Мај 2024   
Иднината на Македонија е во ваши раце!

1svekrva Свекрва

Во првиот круг на претседателските избори Гордана Силјановска Давкова го победи Стево Пендаровски со огромна разлика од 183 илјади разлика. Резултатот ја покажа волјата на мнозинството во земјата и желбата за промени. Тоа е само најава за вториот круг кога се очекува не само победа на кандидатот за претседател на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, туку и победа на парламентарните избири, што ќе му овозможи на лидерот на опозијата Христијан Мицкоски да формира влада без поголеми проблеми и остапки.

Претседателските и парламентарните избори се можност да се стави крај на седумгодишното разуздано владеење на ДУИ и СДС. Овие т.н. државнички партии направија толку штета, толку недржавнички потези, како договорите со Грција и Бугарија, што го доведоа во прашање опстанокот на македонската држава.

Распродажбата на националните интереси, нивното коруптивно и криминално однесување, го мобилизираа македонскиот народ кој на првиот круг на претседателски избори каже НЕ за претседателскиот кандидат на СДС Стево Пендаровски, кој како досегашен претседател ги поддржувал  политиките на СДС и ДУИ.  

Изборниот резултат во првиот круг уште повеќе го мобилизира македонскиот народ и се очекува без разлика на сите игри на коалицијата на власт, опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ да ги збрише овие антинародни и антимакедонски партии од историската сцена.

Победата на Гордана Силјановска Давкова со 183 илјади гласови повеќе од Пендаровски е историски резултат, кој го покажува расположението на народот од актуелната власт и довербата која ја имаат кон коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, како единствена опција за спас на Македонија, како опција која може брзо да испорача резултати и земјата да стане повторно горда.

По ваков изборен пораз, многумина би се откажале од трката и веднаш би си дале оставка. Но не и раководствара на СДС и ДУИ. Тие признаваат дека направиле грешки, но сметаат на чудо, на меѓународната заедница. Ветуваат и се закануваат, веруваат дека никој не им може ништо. Но забораваат дека еднаш кога ќе стане народот никој веќе не може да го разувери или застраши.

Дури и очајничкиот повик на Али Ахмети УЧК, УЧК, УЧК среде Скопје не го заплаши народот без разлика на вера и етничкото потекло, напротив уште повеќе го охрабри за 8 мај помасовно да излезе на гласачкото место и да гласа уште во поголем број за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Народот не простува. Тој доаѓа по своето. Си ја бара државата назад.  

На 8 мај, кога ќе се одржи вториот круг на претседателски и парламентарни избори, народот ќе им стави крај на лагите на челниците на ДУИ и СДС,  крај на лажните ветувања за влез во ЕУ и подобро утре.

Резултатите од првиот круг на претседателски избори говорат дека по 8 мај Гордана Силјановска Давкова ќе биде избрана за претседател на државата, а исто така говорат дека и коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе освои доволен број пратеници за да се формира влада без уцени.

Сепак, за да се постигне максимална победа и порази злото кое доаѓа од СДС и ДУИ, потребно е да нема бојкот, да има масовност на изборите,  а кандидатите кои испаднале од трката за претседател добро би било да ги насочат своите гласачи кон кандидатот кој имаше најмногу гласови во првиот круг  Гордана Силјановска Давкова. Исто така, за да се порази ова зло кое ја ништи земјата,  коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ треба да најде заеднички јазик со албанската опозиција и партиите ЗНАМ и Левица.

Иднината на Македонија е во ваши раце, а не во рацете на СДС и ДУИ.  

Да живее Македонија!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.