|
|
Албанофоби се тие кои последниве 7 години иселија илјадници Албанци од Македонија |
Мане Јаковлески Албанофоби се тие кои последниве 7 години иселија илјадници Албанци од Македонија. По седумгодишното владеење на ДУИ и СДС, селата и градовите во западна Македонија се празни, народот масовно се иселува. ДУИ и СДС пред 7 години ветуваа во Македонија ќе имало мед и млеко, сите ќе сме биле еднакви, редеа кондури пред влада демек сите што заминале од Македонија ќе ги врателе. Денес по седум години на власт не само што не ги вратија, Македонија ја напуштија нови илјадници со се' семејства. Се што ветуваа тогаш излажаа, корупцијата е на прво место во Европа, криминалот на највисоко ниво, урнисано здравство, корумппирано судство, уништено земјоделие, потрошени милијарди евра а ништо не е изградено, дури и тоа што беше започнато од предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да го дозавршат,...Денес ветуваат и го лажат народот за истото што го ветија тогаш, демек сега ќе го направеле, никој повеќе не им верува. За работа не ги бива, ама за криминал, за местење тендери за вршење притисок и заплашување на народот се први. Кога видоа дека многу наши сограѓани од албанска националност гласаа а уште повеќе ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на 8 мај ги фати паника. Деновиве на семејства од албанска националнот во западна Македонија започнаа да им вршат притисок. Пример е село Чегране-општина Гостивар. Веќе неколку денови полиција и инспектори од Тетово и Гостивар без налог, без да е запишано во полицискиот билтен, вршеле контроли и на граѓаните им барале да проверат дали имало знаме и го барале штабот на ВМРО-ДПМНЕ во ова село. На малолетни деца им се заканувале и им вршеле претрес по нивните џебови и тоа без налог и без присуство на родител. Сакам да ги прашам овие самонаречени патриоти, не им пречеше кога ние дававме подршка на кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар, Врапчиште и во цела западна Македонија? тогаш не беше Мицкоски албанофоб. Ќе ги потсетам, тогаш Ни велеа фала Брат, тогаш бевме браќа. Е како сега од браќа испаднавме албанофоби? Христијан Мицкоски, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не го дели народот по национална или верска основа, ги дели единствено на чесни и нечесни. Уште еднаш ќе повторам, Албанофоби се раководствата на ДУИ и СДС, токму тие самонаречени европејци последниве 7 години иселија илјадници Албанци од Македонија токму во Европа. Мои пријатели и комшии Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и други, ДУИ И СДС СЕ ВЕЌЕ ПРОЧИТАНИ, НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ УШТЕ ЕДНАШ ДА НЕ ИЗЛАЖАТ! Ве повикувам масовно да го дадеме нашиот глас за Бр. 2, за Гордана Силјановска Дафкова и Христијан Мицкоски. Заено сплотени државава да ја вратиме во твои, во наши раце! |